28/05/2026
Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска ги пречека шампионите: Со „We Are the Champions“ и славеничка торта прославени успесите на младите таленти од Кисела Вода
Денеска, во големата сала на Општина Кисела Вода, се одржа свечен прием на учениците од општинските основни училишта кои во изминатиот период освоија високи награди на државни и меѓународни натпреварувања.
Средбата помина во опуштено и пријателско дружење. Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска ги пречека младите таленти со голема торта, по што учениците во славеничка атмосфера ја запеаја легендарната „We Are the Champions“.
Низ неформален разговор, додека се честеа за постигнатите успеси, учениците ги споделија своите искуства од натпреварите, предизвиците кои ги совладале и амбициите за во иднина. Градоначалничката им упати искрени честитки, нагласувајќи дека локалната самоуправа останува нивен силен партнер и поддржувач во секој следен чекор.
- Денеска ми претставува особена чест да ги примам овие млади и талентирани ученици кои со своите знаења и вештини ја афирмираат нашата општина. Нивните успеси на државните и меѓународните натпреварувања се доказ за високиот квалитет на нашите ученици, но и за нивниот личен труд и посветеноста на нивните ментори и родители. Како локална самоуправа, имаме обврска да го препознаеме и вреднуваме ваквиот потенцијал. Општина Кисела Вода ќе продолжи да инвестира во овие ученици, но и во сите останати деца и млади таленти, со цел да им дадеме дополнителен мотив за нивниот понатамошен развој. Инвестирањето во образованието и поддршката на младите останува наш врвен приоритет- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
На денешниот свечен прием присуствуваа следните наградени ученици и тимови:
Сара Донева (9-то одд., ООУ „Кирил Пејчиновиќ“) – Под менторство на Марина Николовска Ристова, го освои првото место во категоријата „Хипо 3“ на континенталниот меѓународен натпревар по англиски јазик во Лидо ди Јесоло, Италија, со што обезбеди пласман на светското првенство во Рим овој септември.
Веда Златкова (ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“) – Под менторство на Лилјана Данилов, го освои второто место на континенталниот натпревар по англиски јазик во категоријата „Хипо 1“, одржан во Лидо ди Јесоло.
Антонија Скендеровски (5-то одд., ООУ „Кирил Пејчиновиќ“) – Под менторство на Ирена Наумовска, освои трето место на континентално ниво во Лидо ди Јесоло (категорија „Хипо 1“). Антонија, инаку, е минатогодишна шампионка на светско ниво на истиот натпревар.
Хорот на ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“ – Под диригентската палка на маестро Вера Ангеловска, хорот забележа импресивен успех освојувајќи вкупно 13 награди на меѓународниот хорски фестивал „Светски куп на фолклор – Језоло 2026“ во Италија. Хорот го освои првото место, додека солистите се закитија со четири први, четири втори и четири трети места.
Дел од победничкиот хор беа учениците: Ива Митровска, Нина Саздовска, Софија Паскалова, Стефан Филовски, Дарин Мишковски, Јана Стојановска, Миа Крстевска, Елена Стојаноска, Дора Табаковска, Милица Андоновска, Михаела Сотироска, Дона Костов, Филип Трајковски, Ивана Димитровска, Михаела Ничевска, Марта Толовска, Каја Панделеска, Јордан Панев, Лука Настовски, Софија Наневска, Јована Пејчиќ, Дариа Петровска, Ангела Илковска, Билјана Мировска, Хана Мисајловска, Марта Темелковска, Бисера Темелковска, Бисера Стојановска, Лина Лозналиева, Тео Димчевски, Андреа Крмзова, Деа Трајковска, Нина Цветковска, Саша Ивановиќ, Вероника Гроздановска и Ева Блажовска.
Наградени солисти (1-во место): Јован Мицкоски, Каја Димитрова, Мила Митревска и Марија Атанасовска.
Наградени солисти (2-ро место): Андреа Штерјова, Златјан Јанков, Љупка Станковска, Јана Колеќеска и Бисера Мојанова (вокални солисти), како и Мина Костов (солист на гитара).
Наградени солисти (3-то место): Јана Ѓорѓиева и Калина Смилевска.
Фудбалскиот тим на ООУ „Кузман Шапкарев“ – Учениците од ова училиште, под менторство на наставникот по физичко воспитување Благоја Кечовски, се закитија со титулата Шампиони на Државното првенство во фудбал за основни училишта во машка конкуренција.
Златниот состав кој ја донесе титулата го сочинуваат: Леон Несторовски, Леон Трпковски, Јоан Ѓоргиевски, Матео Ристов, Иван Трајковски, Матеј Јанковиќ, Никола Филиповски, Матеј Миневски, Кирил Николовски, Дамјан Трајков, Иван Диралов, Калин Муратидис, Марио Ефремов, Кристијан Ангелевски, Лука Стевковски, Марко Петрушовски, Дамјан Китановски, Павел Јанковски и Вук Бркиќ.