23/03/2024
#СДСМ на овие избори ќе понуди луѓе кои ќе ги застапуваат интересите на граѓаните, кои ќе работат на развојот на нашата држава и ќе го забрзаат влезот на Македонија во ЕУ.
✅ Носител на листата на СДСМ и коалицијата во првата изборна единица е претседателот Димитар Ковачевски, а како втора коносителка претседателката на ЛДП, Моника Зајкова.
✅ Во втората изборна единица носител е Оливер Спасовски, а коносител потпретседателот Фатмир Битиќи.
✅ Во третата изборна единица носителка ќе биде заменик претседателката Сања Лукаревска и Љупчо Николовски како коносител.
✅ Во четворката се Венко Филипче и Јована Тренчевска.
✅ Во петката претседателот на Собранието Јован Митрески и потпретседателката Бисера Костадиновска Стојчевска.
✅ Во шестата изборна единица листата ја предводи претседавачката на ЦО Славјанка Петроска, а коносител ќе биде Агрон Демири.
Ние со конкретни дела покажавме дека за нас нема друга визија и друг пат освен европскиот. На граѓаните им ветуваме надеж за подобра иднина и напорна работа секој ден. А со напорна работа, нема недостижна цел.