04/07/2024
🟥🇲🇰⬛️„Непокор - Борба - Развој“
🔸Трите елементи на организацијата која гази по трнливиот пат на опстојувањето, борбата за позиционирање на политичката сцена како и вклопувањето на начелата, идеите и ставовите на ВМРО-Народна партија во морето од национални принципи потребни за понатамошен развој на Македонија како членка на Обединети Нации, НАТО алијансата и како идна полноправна члена ка Европската унија.
🔸Низ овие 20 години ВМРО-Народна партија покрај сите предизвици водени од разни деструктивни групации сакајќи да ја искинат и избришат нераскилнивата нишка на револуционерниот НЕПОКОР кој партијата го влече во континуитет од основањето на историското ВМРО, партијата гордо и достоинствено чекори по вистинскиот пат.
🔸Во таа бескрајна БОРБА низ организацијата се раѓаат, функционираат, помагаат и учат генерации млади и возрасни политичари и политичарки, лидери и лидерки кои словото за минатото, сегашноста и иднината го пренесуваат на скоро сите страни од политичкиот свет во кој гравитира Македонија како политичка целина.
🔸ВМРО-Народна партија не застанува на својот пат кон Европските институции. Процесите во кои и самата партија учествува, а се со цел приближување односно конечно признавање на Македонија како полноправна членка на Европската унија ги превзема како своја огромна одговорност но и како стратешка цел која со РАЗВОЈОТ низ годините преку создавање на нови генерации политичари/ки и градење на нови конструктивни политики за РАЗВОЈ на нацијата и републиката ја покажува својата зрелост за континуиран раст и развиток на македонското општество како стабилен, цврст и достоинствен учесник во втемелувањето на посилна и цврста опшстествено-политичка и економски здрава Македонија.
🔸И сето ова не би било ништо ако позади нас како партиска структура но и нашите симпатизери и пријатели, не стои иконата на ВМРО, единствениот лидер со континуитет од историската организација па до ден денешен, претседателот на ВМРО-Народна партија г-динот Љубчо Георгиевски.
Нека е честита и вечна ВМРО-Народна партија.🟥🇲🇰⬛️