СДММ - Социјалдемократска Младина на Македонија

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • СДММ - Социјалдемократска Младина на Македонија
13/06/2026
13/06/2026

„Твоја држава, твоја шанса“ - за младите: 30.000 евра за бизнис, 2.000 евра за матуранти, 0% данок за прв стан.

Вистина е дека младите сакаат да ја напуштат Македонија.

Правично е да добијат шанса во својата земја, да останат, да работат, со добро платена работа, сопствен дом и систем.

СДСМ во својата Платформа “Твоја држава, твоја шанса“ има мерки кои создаваат шанса за младите да живеат и градат кариера во својата татковина:

-2.000 евра ваучер за секој матурант за обуки во програмирање, вештачка интелигенција и зелени технологии - за да имаат пристап без финансиски трошок до најдобро платените работни места.

-Целосно бесплатни студии на државните универзитети - знаењето не е привилегија, туку право.

- Затоа гарантираме работа, пракса или обука во рок од четири месеци за секој млад човек од 18 до 25 години. Праведно е младите да бидат поддржани веднаш по завршување на образованието.

-30.000 евра грант за отворање сопствен бизнис за младите кои ќе се вратат дома - за да градат кариера тука и да придонесуваат во домашната економија.

Целосно ќе го укинеме данокот на промет за млади до 35 години при купување прв стан. Првиот дом не смее да биде луксуз.

Евтини станбени кредити со фиксна камата од само 1% во првите 10 години и 5.000 достапни станови за изнајмување за младите семејства и младите кои сакаат самостоен живот.

Така се гради иднина за младите.

Праведно е Македонија да стане држава во која младите остануваат, напредуваат и веруваат.

Твоја држава, Твоја шанса!

02/06/2026

Бети се слушаме ли?

29/05/2026

Распишете референдум, младите сами да одлучат за својата иднина.

Владата на Мицкоски не може да се вади сo тоа дека нема пари за референдум на кој младите, треба да одлучат за својата иднина.

Ние со месеци наназад предупредуваме дека во буџетот нема пари – дека сè е потрошено на криминални тендери за полнење на џебовите на криминалната група ВМРО.

Ние младите не прифаќаме таков изговор.

Кога има пари за тендери, за нов авион и за луксузен живот на Мицкоски и неговата криминална група - мора да има пари и за одлука за судбината на младите, на државата и на сите граѓани.

Мицкоски вели „ќе ја платиме цената“ и дека треба да чекаме со децении за членство.

Мицкоски нема да ја плати цената, неговите пајташи во Владата со бугарски пасоши кои веќе си обезбедиле ЕУ исто така нема да ја платат цената.

Треба ние да живееме во изолација, да чекаме по 10 часа на граница, додека тие и нивните семејства имаат ЕУ – бугарски пасоши.

Најскапа цена ќе платат младите кои ќе продолжат да се иселуваат. Македонија ќе остане без млади, без народ, без иднина. Камен на камен нема да остане.

Младите не сакаат Мицкоски да одлучува во нивно име, да им ја крои капатата а со тоа и иднината во заглавена и изолирана земја.

Младите сакаат самите да одлучат во каква држава ќе живеат.

Младите не сакаат да ја платат цената заради Мицкоски.

Ова не е прашање на една партија или на еден подмладок туку на сите млади во Македонија.

Младите имаат право сами да кажат по кој пат ќе оди Македонија.

Затоа што токму младите ќе ја живеат таа иднина.

Токму младите ќе ги носат последиците од секоја денешна одлука на Мицкоски.

Младите имаат став и сакаат да се слушне нивниот глас.

Затоа распишете референдум.

Не бегајте од граѓаните, не бегајте од младите.

Ние не сакаме да плаќаме цена.

Ние сакаме иднина, европска иднина.

Распишете референдум!

Младите нека одлучат!

Потпретседателката на СДММ, Стефанија Кузмановска е избрана за Координаторка на Балканските организации во Президиумот н...
29/05/2026

Потпретседателката на СДММ, Стефанија Кузмановска е избрана за Координаторка на Балканските организации во Президиумот на Интернационалната унија на социјалистички и социјалдемократски подмладоци (IUSY), којашто е една од највлијателните и најстари младински политички организации во светот.

СДММ добива директен претставник кој ќе ги застапува младите социјалдемократи од Балканот на меѓународно ниво, активно промовирајќи ги вредностите на демократијата, солидарноста и еднаквоста и спротиставувајќи се на десничарските наративи.

All over the world, to change it! 🌎🌹✊🏻

29/05/2026

Владата на Мицкоски не може да се вади сo тоа дека нема пари за референдум на кој младите, треба да одлучат за својата иднина.

Ние со месеци наназад предупредуваме дека во буџетот нема пари – дека сè е потрошено на криминални тендери за полнење на џебовите на криминалната група ВМРО.

Ние младите не прифаќаме таков изговор.

Кога има пари за тендери, за нов авион и за луксузен живот на Мицкоски и неговата криминална група - мора да има пари и за одлука за судбината на младите, на државата и на сите граѓани.

Мицкоски вели „ќе ја платиме цената“ и дека треба да чекаме со децении за членство.

Мицкоски нема да ја плати цената, неговите пајташи во Владата со бугарски пасоши кои веќе си обезбедиле ЕУ исто така нема да ја платат цената.

Треба ние да живееме во изолација, да чекаме по 10 часа на граница, додека тие и нивните семејства имаат ЕУ – бугарски пасоши.

Најскапа цена ќе платат младите кои ќе продолжат да се иселуваат. Македонија ќе остане без млади, без народ, без иднина. Камен на камен нема да остане.

Младите не сакаат Мицкоски да одлучува во нивно име, да им ја крои капатата а со тоа и иднината во заглавена и изолирана земја.

Младите сакаат самите да одлучат во каква држава ќе живеат.

Младите не сакаат да ја платат цената заради Мицкоски.

Ова не е прашање на една партија или на еден подмладок туку на сите млади во Македонија.

Младите имаат право сами да кажат по кој пат ќе оди Македонија.

Затоа што токму младите ќе ја живеат таа иднина.

Токму младите ќе ги носат последиците од секоја денешна одлука на Мицкоски.

Младите имаат став и сакаат да се слушне нивниот глас.

Затоа распишете референдум.

Не бегајте од граѓаните, не бегајте од младите.

Ние не сакаме да плаќаме цена.

Ние сакаме иднина, европска иднина.

Распишете референдум!

Младите нека одлучат! 🇪🇺🇲🇰

🇪🇺
26/05/2026

🇪🇺

‼️БАРАМЕ ИТНО ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ВАКВО НЕПРАВЕДНО ЗАКОНСКО РЕШЕНИЕ‼️Ударот врз студентите е директен удар врз иднината на др...
19/05/2026

‼️БАРАМЕ ИТНО ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ВАКВО НЕПРАВЕДНО ЗАКОНСКО РЕШЕНИЕ‼️

Ударот врз студентите е директен удар врз иднината на државата!

Криминалната ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови.

Криминалната ВМРО удри и по студентите. Наместо подобрување на студентскиот стандард, власта најде начин како да скрати и од студентите, додека вртат милионски криминални тендери.

Новите измени на Законот се директен удар врз студентскиот стандард.

Се намалуваат стипендиите за социјални категории, поскапува сместувањето во студентските домови.

За прв пат се воведува категоризација на студентските домови во два типа - Тип 1: Енергетски ефикасни и реконструирани објекти и Тип 2: Постојни, односно нереновирани студентски домови.

Во превод - богатите ќе можат да престојуваат во реновирани домови со подобри услови, а сите останати во старите и нереновирани домови.

Власта крати и од поддршката на студентите за сместување и исхрана. За домовите од Тип 1, наместо досегашните 50%, државата ќе покрива само до 40% од трошоците. За домовите од Тип 2, партиципацијата останува до 50%.

Наместо еднакви услови за сите, ВМРО создава двокласен систем во високото образование - студенти од привилегирани семејства и студенти кои ќе мора да се снаоѓаат како знаат и умеат.

Со измените власта ја укинува и мерката донесена во ковид кризата од СДСМ - нема повеќе поддршка до 6.000 денари за приватно сместување или меѓуградски превоз за студентите.

Дополнително, власта ја крати можноста за повеќе стипендии за социјално ранливите категории на студенти - оние на кои им е најпотребна. Од вкупниот број на стипендии наместо како досега 49%, сега 40% ќе бидат за студентите од социјално ранливи категории.

За ваква ли грижа за младите зборува Мицкоски? Со кое лице им вели на младите „не се иселувајте“, кога истиот тој ја крати поддршката,создава систем во кој образованието станува привилегија, а не право?

Јасно е дека на ВМРО не му се важни студентите, важно им е само да најдат начин како да украдат повеќе пари за нивните криминални тендери и луксузи.

Со оваа власт, на која не и се важни студентите, младите ќе си заминуваат од државата уште порано, барајќи подобри услови, поголема сигурност и поправеден систем на странските универзитети.

Ударот врз студентите е удар врз иднината на државата.

Социјалдемократската младина на Македонија бара итно повлекување на ваквото неправедно законско решение.

Оваа расипничка и криминална власт ни ја одзема и последната надеж дека тука може достоинствено да се образуваме, да живееме, и да напредуваме.

Затоа младите се приклчуваат на Фронтот за вистина и правда, затоа ни треба Европа. Членството во ЕУ за нас значи еднакви услови и вистинска поддршка - а не политики што ги делат, осиромашуваат и понижуваат студентите.

😊 Имаш 18 до 29 години?🌹 Споделуваш социјалдемократски вредности?  💡 Сакаш да учиш, да дебатираш, да се поврзуваш и акти...
15/05/2026

😊 Имаш 18 до 29 години?

🌹 Споделуваш социјалдемократски вредности?

💡 Сакаш да учиш, да дебатираш, да се поврзуваш и активно да придонесуваш во општеството?

👉🏻Ако одговорот е ДА – ЛЕТНИОТ КАМП Е ИДЕАЛНА МОЖНОСТ ЗА ТЕБЕ!

Пријави се на линкот 👇🏻

https://forms.gle/jyUL6NiUbupWQiM47

🌊Те чекаме во Охрид, од 2 до 5 јули! ❤️

Прогрес Институтот за социјална демократија, во партнерство со Социјалдемократската младина на Македонија – СДММ и со поддршка од Фондацијата „Макс ван дер Штул....

Address

Bihacka 8
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when СДММ - Социјалдемократска Младина на Македонија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share