МојДДВ

МојДДВ Мој данок, моја заштеда!
Скенирај фискални сметки и добиј 20% односно 10% поврат на ДДВ преку апликацијата #МојДДВ.

06/03/2026

📢 По основ на МојДДВ за четвртиот квартал од 2025 година исплатени се 917.518.916 денари

Управа за Јавни Приходи - УЈП информира дека за скенирани фискални сметки во четвртото тримесечје од 2025 година, на трансакциските сметки на 521.263 корисници на апликацијата МојДДВ исплатени се вкупно 917.518.916 денари по основ на поврат на ДДВ.

Напомена: Во моментов 4.966 корисници кои имаат скенирано фискални сметки имаат внесено погрешна трансакциска сметка, поради што исплатата не може да се реализира.

📱 Апелираме до сите корисници кои сеуште немаат добиено средства: проверете ги и ажурирајте ги податоците за вашата трансакциска сметка директно во апликацијата МојДДВ.

Со точни податоци, УЈП ќе може успешно да ја изврши исплатата на повратот.

Send a message to learn more

Ја заборавивте лозинката за најава во апликацијата МојДДВ?Нема потреба од грижа. Доколку сте ја заборавиле лозинката за ...
20/02/2026

Ја заборавивте лозинката за најава во апликацијата МојДДВ?

Нема потреба од грижа. Доколку сте ја заборавиле лозинката за најава во апликацијата МојДДВ, истата може самостојно да ја ресетирате преку системот е-Даночни услуги
https://e-ujp.ujp.gov.mk/ureg/login.seam

Постапка за ресетирање на лозинка:

📌 Отворете ја веб-страницата на системот https://e-ujp.ujp.gov.mk/ureg/login.seam
📌 Внесете го вашето корисничко име со кое сте регистрирани
📌 Изберете ја опцијата „Заборавена лозинка“
📌 На пријавената е-пошта ќе добиете порака со линк за ресетирање
📌 Следете ги инструкциите од линкот и креирајте нова лозинка
📌 По успешна промена на лозинката, најавете се повторно во апликацијата МојДДВ со новата лозинка.

Доколку не ја добиете пораката:

📪 Проверете ја папката Spam/Junk,
Доколку проблемот продолжи, обратете се во Контакт-центарот на УЈП на телефон: 02 3253 200.

03/02/2026

ЗАПОЧНА ИСПЛАТАТА НА МОЈДДВ, ПРОВЕРЕТЕ ГИ ВАШИТЕ СМЕТКИ!

Управа за Јавни Приходи - УЈП ја информира јавноста дека започна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025 година.

За К4 - 2025 година ќе бидат исплатени вкупно 924,5 милиони денари кон 526.123 корисници на апликацијата МојДДВ. До денес, реализирани се 184,5 милиони денари, кон 104.000 корисници на апликацијата МојДДВ.

Исплатата на средствата продолжува, како се обработуваат налозите така се исплаќаат средствата на сметките на корисниците на МојДДВ.

Напомeна: во овој момент 5.292 корисници кои скенирале фискални сметки имаат внесено погрешна трансакциска сметка, поради што УЈП не е во можност да ја реализира исплатата.

Апелираме! Доколку немате добиено средства, проверете ги и ажурирајте ги податоците за трансакциската сметка директно во апликацијата МојДДВ. На тој начин УЈП ќе има точни податоци за корисникот и ќе може да изврши исплата на поврат по основ на МојДДВ.

14/01/2026

МОЈ ДДВ НЕ СЕ УКИНУВА – НАЛОЗИТЕ ЗА ИСПЛАТА ВО ФЕВРУАРИ СЕ ПОДГОТВУВААТ

Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“. Јасно и недвосмислено истакнуваме дека не постои одлука за укинување на „МојДДВ“ – мерката се спроведува континуирано, а сите граѓани можат да ја користат апликацијата и да ги остваруваат своите права согласно законските одредби. За спроведување на мерката „МојДДВ“ се предвидени средства во Буџетот за 2026 година, со што се обезбедува нејзино непречено и континуирано спроведување.

Дека не се укинува мерката „МојДДВ“ во интервју за емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, објасни и директорката на Управа за Јавни Приходи - УЈП, Elena Petrova, која посочи дека:

„За 2025 година, за секое тримесечје преку мерката се исплаќаат околу 14,5 милиони евра директно кон граѓаните и во просек 502.000 граѓани активно скенираат фискални сметки и добиваат поврат на средства во едно тримесечје“.

Во текот на 2025 година за редовна исплата исплатени се 3.458.885.995 денари, што е 56,2 милиони евра средства вратени на сметките на граѓаните по основ на „МојДДВ“.

Гледано по квартали, повратот на средства преку „МојДДВ“ во текот на 2025 година е следен:

• За К4 2024 година (исплата во февруари 2025) исплатени се 870.329.146 денари за 496.442 корисници;
• За К1 2025 година исплатени се 784.442.146 денари за 491.770 корисници;
• За К2 2025 година исплатени се 882.137.038 денари за 503.655 корисници;
• За К3 2025 година исплатени се 921.977.665 денари за 515.182 корисници;
• За К4 2025 година налозите се во обработка и согласно законските одредби исплатата на средства е предвидена за февруари 2026 година.

Во текот на 2025 година беа извршени и дополнителни исплати (од изминатите години) кон корисниците кои немале точни податоци во периодот кога биле редовните исплати:

• За скенирани сметки во 2020 година исплатени се 2.658.049 денари;
• За скенирани сметки во 2023 година исплатени се 7.552.401 денари;
• За сметки скенирани во 2024 година исплатени се 4.076.525 денари.

На сметките на граѓаните во 2025 година по основ на редовна и дополнителна исплата на средства преку „МојДДВ“, исплатени се вкупно 3.473.172.970 денари или 56,4 милиони евра.

УЈП ги известува граѓаните дека веќе ги подготвува налозите за исплата на средства за скенирани сметки во последниот квартал од 2025 година, која треба да се реализира во февруари 2026 година.

Апелираме граѓаните да не потпаѓаат под шпекулации и да ги следат исклучиво официјалните информации и соопштенија на Управата за јавни приходи.

Истовремено, УЈП ја информира јавноста дека апликацијата „Мој ДДВ“ функционира редовно. Во рамки на тековните технички подобрувања на системот, можно е повремено забавување при најавување на апликацијата од страна на корисниците или при вчитување на фискалните сметки. Овие појави се привремени, а надлежните технички служби континуирано работат на нивно отстранување, со цел да се обезбеди подобро корисничко искуство. Со ова уште еднаш потврдуваме дека апликацијата „Мој ДДВ“ останува во функција и не се разгледува нејзино укинување.

11/09/2025

💰Исплатени се 881 милион денари преку „МојДДВ“ за вториот квартал!

Управата за јавни приходи ги информира сите корисници дека за вториот квартал од 2025 година исплатени се вкупно 881.020.500 денари, односно 14.324.725 евра кон 502.983 корисници кои скенирале фискални сметки во периодот април – јуни 2025 година преку апликацијата „МојДДВ“.

Во наредниот период, средства ќе бидат исплатени и за корисниците кои во тек на исплатата:

✔️ Вршеле промена на податоци за трансакциска сметка
✔️ Имале неточни или неажурирани информации

‼️ Исплатата се реализира – но само ако податоците се точни! Не дозволувајте технички грешки да ве спречат да ги добиете вашите средства.

📌 Апел до сите корисници:

🔍 Проверете ги вашите податоци во апликацијата „МојДДВ“
🏦 Осигурајте се дека трансакциската сметка е правилно внесена и истата е активна
✅ Со точни информации – побрза исплата

29/08/2025

📢 ИСПЛАТЕНИ 825 МИЛИОНИ ДЕНАРИ КОН КОРИСНИЦИТЕ НА МОЈДДВ!

💰Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека досега исплати 825 милиони денари кон корисниците на апликацијата МојДДВ за скенирани сметки во второто тримесечје од 2025 година.

🔄Kако се обработуваат налозите така се исплаќаат средствата на сметките на корисниците на МојДДВ.

⁉️Апелираме сите корисници кои во претходните исплати немаат средства на сметките да направат проверка на податоците за трансакциските сметки, доколку увидат неточни податоци за трансакциската сметка истите може да ги сменат директно во апликацијата. На тој начин Управата за јавни приходи ќе има точни податоци за корисникот и ќе може да изврши исплата на поврат по основ на МојДДВ.

12/08/2025

📢 Ажурирање на апликацијата „МојДДВ“ за корисници кои се соочија со технички проблеми.

🛠️ Корисниците на апликацијата МојДДВ, кои во изминатиот период се соочија со потешкотии при скенирање, треба да ја преземат најновата верзија на апликацијата преку:

Google Play Store (за Android уреди)
App Store (за iOS уреди)
Huawei AppGallery (за Huawei уреди)

Корисниците кои не забележале технички проблеми можат да продолжат со користење на апликацијата без дополнителни промени.

За повеќе информации и техничка поддршка, обратете се преку:

Е-пошта: [email protected]

📞 Контакт-центар на УЈП: 02 3253 200

🏢 Лично: во сите организациони единици на УЈП низ земјава

🙏 Ви благодариме за трпението и разбирањето

29/06/2025

✅ Апликацијата „МојДДВ“ повторно е во функција

📢 Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека техничките проблеми со мобилната апликација „МојДДВ“ се успешно надминати и апликацијата сега функционира непречено.

📲 Корисниците повторно можат да ги скенираат своите фискални сметки без потешкотии.

🧾 Потсетуваме дека фискалните сметки можат да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање – што значи дека нема да има пропуштени можности за поврат на ДДВ за сметките издадени во претходните денови.

🙏 Ви благодариме за разбирањето и трпеливоста.

Тимот на Управата за јавни приходи останува целосно посветен на стабилноста на услугите што ги нуди за даночните обврзници.

28/06/2025

Технички проблеми со апликацијата „МојДДВ“ – се работи на отстранување на проблемот

📢Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека мобилната апликација„МојДДВ“ во моментов работи со прекини. Тимот на УЈП интензивно работи на отстранување на проблемот, со цел апликацијата да биде целосно функционална.

🧾Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да се скенираатво рок од 10 дена од датумот на нивното издавање.

👉Тоа значи дека сите сметки, кои се во рамки на овој рок, ќе можат да бидат скенирани веднаш штом апликацијата повторно биде ставена во функција.

🙏 Ги молиме сите корисници за трпеливост и разбирање.

Тимот на Управата за јавни приходи е целосно ангажиран и работи на надминување на техничките пречки.

22/05/2025

📢 ИСПЛАТЕНИ 175,3 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА 112.000 КОРИСНИЦИ НА МОЈДДВ!

💰Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека исплати 175,3 милиони денари кон 112.000 корисници на апликацијата МојДДВ за скенирани сметки во првото тримесечје од 2025 година.

🔄Kако се обработуваат налозите така се исплаќаат средствата на сметките на корисниците на МојДДВ.

Напомeнуваме дека според евиденцијата на Управата за јавни приходи 4.724 корисници кои скенирале фискални сметки имаат наведено погрешна трансакциска сметка и поради таа причина УЈП не е во можност да го реализира повратот.

⁉️Апелираме сите корисници кои во претходните исплати немаат средства на сметките да направат проверка на податоците за трансакциските сметки, доколку увидат неточни податоци за трансакциската сметка истите може да ги сменат директно во апликацијата. На тој начин Управата за јавни приходи ќе има точни податоци за корисникот и ќе може да изврши исплата на поврат по основ на МојДДВ

19/05/2025

📢 ПРОВЕРЕТЕ ГИ ВАШИТЕ СМЕТКИ, ВО ТЕК Е ИСПЛАТАТА НА МОЈДДВ!

🔄 Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека започна исплатата на средства за скенираните сметки за првото тримесечје од 2025 година.

💰 За првото тримесечје од 2025 година кон 496.531 корисници на апликацијата МојДДВ ќе се исплатат вкупно 790,5 милиони денари. До денес, исплатени се 240 милиони денари кон 152.000 корисници на апликацијата МојДДВ.

📲 Исплатата на средствата продолжува, како се обработуваат налозите така се исплаќаат средствата на сметките на корисниците на МојДДВ.

❕Напомeнуваме дека во овој момент 4.724 корисници кои скенирале фискални сметки имаат наведено погрешна трансакциска сметка и поради таа причина УЈП не е во можност да го реализира повратот.

📢 Апелираме сите корисници кои во претходните исплати немаат средства на сметките да направат проверка на податоците за трансакциските сметки, доколку увидат неточни податоци за трансакциската сметка истите може да ги сменат директно во апликацијата. На тој начин Управата за јавни приходи ќе има точни податоци за корисникот и ќе може да изврши исплата на поврат по основ на МојДДВ.

Address

Булевар „Кузман Јосифовски Питу“ 1
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00

Telephone

+38980033000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when МојДДВ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to МојДДВ:

Share