04/06/2026
Денеска во седиштето на Единицата за брзо распоредување присуствував на завршните показни вежби на новоселектираните полициски службеници кои по успешно завршената шестмесечна обука стануваат дел од оваа елитна и високо специјализирана единица на македонската полиција.
Она што денес го видов не беше само демонстрација на физичка подготвеност, тактичка обученост и професионални вештини. Тоа беше потврда дека македонската полиција создава нова генерација дисциплинирани, мотивирани и подготвени припадници, способни да одговорат на најсложените безбедносни предизвици и секогаш да бидат во служба на граѓаните и државата.
Посветеноста, знаењето и професионализмот што ги покажаа овие млади полициски службеници се доказ дека Единицата за брзо распоредување континуирано го зајакнува својот кадровски потенцијал и ги унапредува своите оперативни капацитети.
Горди сме што од денес во нашите редови добиваме нови припадници подготвени да го штитат јавниот ред и мир, да се спротивстават на сите форми на криминал и да одговорат на секоја закана по безбедноста на државата и граѓаните.
Упатувам искрени честитки до новите припадници на Единицата, до нивните инструктори и до раководството кое со својата посветена работа создава кадар што ги исполнува највисоките професионални стандарди.
Македонските граѓани можат да бидат сигурни дека зад нив стојат обучени, одговорни и професионални полициски службеници. Со вакви луѓе во полициските редови, државата има сила, стабилност и сигурност да се справи со секој предизвик.
#ЗаконРедИнтегритет
#ЗаЕдноЗаБезбедност