17/06/2026
🇨🇭🇲🇰Државниот секретар Јулијана Павковска Боцевска, денес имаше воведно обраќање на работната средба во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“, фаза 2“ , финансиран од Швајцарската влада Embassy of Switzerland in North Macedonia и Министерство за локална самоуправа, спроведуван и кофинансиран од УНДП.
✅ Заедно со нашите партнери, продолжуваме посветено да ги зајакнуваме капацитетите на локалните чинители за потранспарентни, поодговорни и поефикасни општини.
Се презентираа и тековните активности на Министерството во насока на поддршка на развојот на општините.
✅Државниот секретар ги повика претставниците на општинските совети за максимално искористување на услугите кои им се ставени на располагање на општините преку Ресурсниот центар, како и активна вклученост во тековните процеси во насока на унапредување локалниот одржлив развој.