Министерство за одбрана / Defence MKD

Министерство за одбрана / Defence MKD Официјален профил – Министерство за одбрана на Република Северна Македонија

Добредојдовте на официјалната страница на Министерството за одбрана на Република Северна Македонија на социјалната мрежа Facebook. Ве молиме имајте предвид дека коментарите на следбениците на страницата не секогаш ги отсликуваат официјалните ставови или политики на Министерството. This is the official page of the Ministry of Defence of the Republic of North Macedonia - Comments posted by fans do not necessarily represent official opinion or policy of member governments, or of the MoD.

19/06/2026
📌Министерот Vlado Misajlovski, денеска е во Париз, Република Франција, каде на покана на министерката за одбрана на фран...
15/06/2026

📌Министерот Vlado Misajlovski, денеска е во Париз, Република Франција, каде на покана на министерката за одбрана на француските вооружени сили, Катерине Ваутрин, присуствуваше на отворањето на меѓународниот саем за одбрана и безбедност „EUROSATORY 2026“.

🗨️Министерот Мисајловски: Во пресрет на следните чекори за модернизација на опремата на македонската Армија, овој саем претставува одлична можност за запознавање со најновите техничко-технолошки достигнувања во областа на одбраната.

🇲🇰🇫🇷

📌Mинистерот за одбрана Vlado Misajlovski, денеска во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје се обрати на свеченоста по повод ...
12/06/2026

📌Mинистерот за одбрана Vlado Misajlovski, денеска во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје се обрати на свеченоста по повод одбележувањето на Денот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“.

🗨️Ова е ден кога им оддаваме признание на генерациите питомци кои своето образование го минале токму тука, на офицерите и професорите кои со својата работа, знаење и посветеност ја граделе и ја унапредувале Воената академија како еден од најзначајните столбови на македонскиот одбранбен систем - истакна министерот Мисајловски.

Во рамки на свеченоста и во чест на патронот на Академијата, беше отворена спомен-собата на генералот Михаило Апостолски, посветена на неговиот продонес и наследство за македонската воена историја.

На сите припадници, професори, питомци и вработени во Академијата им го честитаме Денот на Воената академија! 🇲🇰

📌 Заменикот министер за одбрана, Адмир Шабани денеска во Клубот на пратеници во Скопје, ја отвори Меѓународната научна к...
11/06/2026

📌 Заменикот министер за одбрана, Адмир Шабани денеска во Клубот на пратеници во Скопје, ја отвори Меѓународната научна конференција „Мултиполарност и одржлива безбедност во Европа“.

🗨️ Како членка на НАТО и земја која активно придонесува кон регионалната и европската безбедност, продолжуваме да инвестираме во развојот на нашите одбранбени капацитети, но истовремено и во знаењето, науката и човечкиот потенцијал како суштински предуслови за долгорочна стабилност - порача заменикот министер Шабани.

ℹ️ Меѓународната научна конференција е организирана од Филозофскиот факултет – Институтот за безбедност, одбрана и мировни студии во соработка со Министерството за одбрана и вклучува учесници од Турција, Хрватска, Латвија и Србија.

📌Денеска во Министерството за одбрана, министерот Vlado Misajlovski оствари средба со амбасадорот на Австрија, Мартин Па...
09/06/2026

📌Денеска во Министерството за одбрана, министерот Vlado Misajlovski оствари средба со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер.
На средбата се резговараше за досегашната меѓусебна соработка и нејзино понатамошно унапредување, како и за иницијативите за нови проекти од заеднички интерес.

Министерот Мисајловски: Продолжуваме да градиме силни партнерски односи и да создаваме нови можности за соработка во иднина.
🇲🇰🤝🇦🇹

Објавен е Конкурс за запишување студенти/питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, на прв цикл...
27/05/2026

Објавен е Конкурс за запишување студенти/питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, на прв циклус студии во учебната 2026/2027 година.

Упатуваме повик до сите млади лица кои сакаат своето образование и работна кариера да ја продолжат како идни офицери во рамки на македонската Армија да ја искористат можноста и да се пријават!

Критеруми:
➡️да се македонски државјани;
➡️да не се постари од 21 година (на денот на пријавување и поднесување документи);
➡️завршено четиригодишно средно образование;
➡️психофизички способни (утврдува военолекарска комисија).

https://ma.edu.mk/announcements-competitions/260527-konkurs-za-zapishuvane-studentipitomci-za-potrebite-na

Денеска во Министерството за одбрана, министерот Vlado Misajlovski се сретна со адмиралот Џорџ Викоф, командант на Сојуз...
21/05/2026

Денеска во Министерството за одбрана, министерот Vlado Misajlovski се сретна со адмиралот Џорџ Викоф, командант на Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол и командант на американските поморски сили во Европа и Африка

На средбата беше потврдена нашата посветеност кон зацврстување на регионалната и колективната безбедност.

Мисајловски: Придонесот на македонските војници во зацврстувањето на безбедноста во регионот и во рамки на Алијансата е видлив преку учеството во мисијата КФОР на Косово, како и во мултинационалните сили на источното крило на НАТО, за што имаме силна поддршка од Сојузничката команда во Неапол. Продолжуваме посветено и одговорно да ја унапредуваме заедничката соработка, партнерството и стабилноста, придонесувајќи кон посигурен и побезбеден регион и посилна Алијанса, преку развојот на Коридорите 8 и 10.

Address

Orce Nikolov 116
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:30 - 16:30
Tuesday 08:30 - 16:30
Wednesday 08:30 - 16:30
Thursday 08:30 - 16:30
Friday 08:30 - 16:30

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Министерство за одбрана / Defence MKD posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share