16/12/2024
🎯Државниот совет за превенеција на детско престапништво и правда за деца како самостојно и независно тело формирано од Собранието на РСМ, го осудува настанот во населбата Капиштец кој упатува на (наводи за) вклученост на деца во акти на насилство и нарушување на јавниот ред и мир.
✅️Во спроведувањето на законската надлежност, Државниот совет донесе Национална стратегија за превенција и правда за деца во Република Северна Македонија [2022- 2027] и Акциски план [2022-2023):
�https://dspdp.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/Nacionalna-strategija.pdf
👉🏼Оваа стратегија ја нагласува важноста од активност на локалната самоуправа во остварување на дел од стратешките цели со оглед на фактот што секоја локална заедница има свои специфики во однос на ризик факторите за појава на детското престапништво, па оттука и специфики во дефинирањето на превентивните програми и пристап прилагоден на потребите односно состојбата во којашто се наоѓаат децата во општината.
🟢Согласно својата надлежност, повеќе години и во соработка со ЗЕЛС работиме на поддршка на општините во формирање и профункцинирање на општинските совети за превенција на детско престапништво, што преставува законска надлежност на градоначалникот на општината, Градот Скопје и советите на општините согласно членовите 181-182 од Законот за правда за децата( Сл. Весник на РСМ бр. 66/2024)
👉🏼Формирањето на овие совети за превенција на детско престапништво има примарна цел, а тоа е: намалување на бројот на децата во судир со законот и бројот на деца во ризик и деца жртви, зјакнување на институционалната соработка за превенција од детско престапништво, спречувањето на насилството во училиштата и спречувањето на зачестените форми на т.н. сајбер булинг и присутното насилство на социјалните медиуми и подигнување на јавната свест за превенцијата од детското престапништво како исклучителен важен општествен сегмент.
‼️Податоците со кои располага Државниот совет покажуваат дека ваков совет не е формиран во Општина Центар, поради што укажуваме на законската обврска за формирање на ваков совет кој ќе ги обедини надлежните институции вклучително и децата, за превенција меѓу другото и од вандализам како честа општествена појава од децата.
‼️Би сакале да укажеме дека во Законот за правда за деца, согласно член 69, општокорисната работа е уредена и може да се изрече како мерка на дете над 16 години. Треба да се работи на зајакнување на свеста за постоењето на оваа мерка, како и на капацитетите за нејзино извршување.
Општина Центар - Скопје
@Горан Герасимовски