Умс Ѓорче Петров

Умс Ѓорче Петров Унија на Млади Сили на ОК Ѓорче Петров ВМРО - ДПМНЕ

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е формирана на 6 Април 1991 година со одлука на партискиот Конгрес во Прилеп. Таа претставува континуитет на историската младинска организација која ги ширела идеалите за независна и самостојна Република Македонија.

На вековната борба на нашите предци за слобода и за национална самостојност водена од историското ВМРО се надоврзува конзервативизмот и традициона

лизмот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, како и идеите на европската демохристијанска традиција. Младите луѓе се носители на борбата за слобода. Црпејќи ја енергијата од нашите историски херои, млади луѓе кои биле подготвени и го дале својот живот за една идеја, мисла, визија која ги водела напред-слободата и независноста на нивната татковина Македонија. Нивното дело, го продолжуваме во нашата битка за европска Македонија, економски стабилна земја во која има убав и достоинствен живот, во која сите се еднакви пред законот и секој има свои обврски и одговорности пред државата.

Голем број на проекти кои произлегле од Унијата на млади сили се реализираа во изминативе 20 години. Голем број на идеи беа прифатени и реализирани, се со цел зголемување на свеста кај младиот човек и промовирање на демохристијанските десничарски принципи на живеење.

Унијата на млади сили секогаш била, е и ќе биде заштитник на традицијата, верата и црквата, Трите работи кои го чуваа идентитетот на Македонскиот народ низ вековите.

Низ годините, Унијата на млади сили прерасна во носечка сила на ВМРО-ДПМНЕ, сила која ја движи партијата напред кон нови победи и успеси. Работата и напорот на сите досегашни членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е видлива во сегашниот капацитет и подготвеност на УМС да игра значајна улога во животот на младите луѓе. Многу големи жртви, издржливост, трпеливост и пред се, љубов, верба и надеж се во темелот на најјаката младинска организација во Македонија – Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

УМС и тоа последниве години претрпи големи реформи како организациски, така и кадровски, во чекор следејќи ги реформите на ВМРО-ДПМНЕ како партија и правецот на движење на својата земја. Со тие реформи УМС прерасна во современа организација која работи врз основа на точно определени принципи и вредности, а тоа се: патриотизам, храброст, одлучност, одговорност, чесност, пoсветеност и лојалност кон својот народ и својата држава. Со тоа прерасна во современа организација со квалитетни идеи и квалитетни проекти и стана значаен фактор во донесувањето на одлуките на ВМРО ДПМНЕ за креирање на иднината на својата земја.

Традиционално во празничен дух, на вториот ден од Христовото Воскресение, УМС Ѓорче Петров подели велигденски јајца на н...
13/04/2026

Традиционално во празничен дух, на вториот ден од Христовото Воскресение, УМС Ѓорче Петров подели велигденски јајца на нашите сограѓани.

Велигден нека донесе мир, љубов и радост во секој дом.

Да веруваме, затоа што верата е нашата сила!

✞ ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ – НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ ✞

🌹 Среќен 8 Март – Меѓународен ден на жената!Денес им оддаваме почит на сите жени, мајки, сестри, сопруги, пријателки и к...
08/03/2026

🌹 Среќен 8 Март – Меѓународен ден на жената!

Денес им оддаваме почит на сите жени, мајки, сестри, сопруги, пријателки и колешки, кои со својата сила, мудрост и љубов го прават светот подобро место.

Нека овој ден биде потсетник дека почитта, еднаквоста и поддршката кон жената треба да се покажуваат секој ден во годината. 🌹

01/03/2026

III-та Ораторска вечер "Иле Џинговски" во организација на УМС Ѓорче Петров.

„Јазикот е наш корен, зборот е наша сила, а споменот е нашата вечност. Нека зборовите кажани на овој настан бидат мост помеѓу минатото, сегашноста и иднината.“ 🇲🇰

27/02/2026

✅️ 10.000 ДЕНАРИ СУБВЕНЦИЈА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ВОЗАЧКИ ИСПИТ ЗА Б-КАТЕГОРИЈА ⤵️

III-та ОРАТОРСКА ВЕЧЕР "ИЛЕ ЏИНГОВСКИ" ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА УМС ЃОРЧЕ ПЕТРОВ!На Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, млад...
21/02/2026

III-та ОРАТОРСКА ВЕЧЕР "ИЛЕ ЏИНГОВСКИ" ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА УМС ЃОРЧЕ ПЕТРОВ!

На Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, младите испратија порака дека зборот има тежина, дека мислата има сила, а дека идентитетот се брани и гради токму преку јазикот. Говорницата беше место каде што се споија знаењето, храброста и љубовта кон Татковината.

Оваа ораторска вечер е повеќе од настан, таа е спомен и обврска. Спомен за нашиот сопартиец Иле, чие име со гордост го носи оваа ораторска вечер. Обврска да продолжиме да создаваме млади луѓе со став, вредности и визија.

Благодарност до сите учесници кои покажаа дека младината знае да зборува гласно, аргументирано и достоинствено. Благодарност и до сите што беа дел од оваа вечер и ја направија посебна.

➡️ Честитки до добитниците на награди:
🥇 Оља Ангеловска;
🥈 Александар Стојков;
🥉 Ангела Андоновска.

Ќе продолжиме да градиме традиција.

Ќе продолжиме да го чуваме споменот на Иле, преку дела и посветеност.

Честит Меѓународен ден на мајчиниот јазик! 🇲🇰

ТРЕТА ОРАТОРСКА ВЕЧЕР „ИЛЕ ЏИНГОВСКИ“ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА УМС ЃОРЧЕ ПЕТРОВПо повод 21 февруари – Меѓународниот ден на мај...
19/02/2026

ТРЕТА ОРАТОРСКА ВЕЧЕР „ИЛЕ ЏИНГОВСКИ“ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА УМС ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

По повод 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, УМС Ѓорче Петров организира III-та Ораторска вечер „Иле Џинговски“.

Мајчиниот јазик е темел на нашиот идентитет, култура и традиција. Да го негуваме, почитуваме и со гордост да го чуваме македонскиот јазик.

➡️ Ве покануваме да бидете дел од оваа вечер исполнета со инспиративни говори и силни пораки.

📆 Сабота (21.02)
🕖 18:30 часот
📍 Дом на култура Ѓорче Петров

Ве очекуваме! 🇲🇰

ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА III-та ОРАТОРСКА ВЕЧЕР „ИЛЕ ЏИНГОВСКИ“ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА УМС ЃОРЧЕ ПЕТРОВПо повод 21 февруари...
11/01/2026

ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА III-та ОРАТОРСКА ВЕЧЕР „ИЛЕ ЏИНГОВСКИ“ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА УМС ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

По повод 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, УМС Ѓорче Петров организира III-та ораторска вечер, посветена на слободата на изразување и моќта на зборот.

📆 Сабота | 21.02
🕖 18:30 часот
📍 Дом на култура – Ѓорче Петров

Ги повикуваме и охрабруваме сите млади да земат активно учество, да го изразат својот став и преку говорот да ја пренесат својата порака. Гласот на младите е двигател на промените и темел за подобра иднина.

Биди и ТИ дел од III-та ораторска вечер во организација на УМС Ѓорче Петров! 🇲🇰

Празничните денови се време кога ја чувствуваме силата и топлината на традицијата што нè обединува.Во пресрет на Бадник,...
06/01/2026

Празничните денови се време кога ја чувствуваме силата и топлината на традицијата што нè обединува.

Во пресрет на Бадник, УМС Ѓорче Петров со коледарски пакетчиња ги израдува жителите на нашата општина, внесувајќи радост и празничен дух во нивните домови.

Да ги чуваме обичаите и да продолжиме да шириме добрина и насмевки.

За многу години празниците!

Последните денови од старата година ги заокружувме со детска радост и насмевки!УМС Ѓорче Петров и оваа година подели нов...
30/12/2025

Последните денови од старата година ги заокружувме со детска радост и насмевки!

УМС Ѓорче Петров и оваа година подели новогодишни пакетчиња за најмалите, создавајќи моменти што долго ќе се паметат.

Нивната искрена среќа е потсетник дека малите гестови носат најголема радост. Среќата на најмалите е непроценлива!

Посакуваме желби за здравје, среќа и успешна 2026 година, исполнета со многу детски насмевки! 🎁

Успешно спроведена хуманитарната акција „Солидарноста на дело“, организирана од УМС Ѓорче Петров и Градскиот комитет на ...
24/12/2025

Успешно спроведена хуманитарната акција „Солидарноста на дело“, организирана од УМС Ѓорче Петров и Градскиот комитет на УМС на ВМРО - ДПМНЕ.

Со голема поддршка од граѓаните, собрана е значителна количина храна која ќе помогне да се разубават празничните денови на оние на кои тоа им е најпотребно.

Голема благодарност до сите хумани граѓани кои земаа учество и ја покажаа својата солидарност на дело. Заедно докажуваме дека хуманоста е најсилна кога се споделува!

УМС Ѓорче Петров и Градскиот комитет на УМС на ВМРО - ДПМНЕ, организираат хуманитарна акција за собирање храна со цел да...
23/12/2025

УМС Ѓорче Петров и Градскиот комитет на УМС на ВМРО - ДПМНЕ, организираат хуманитарна акција за собирање храна со цел да ги разубавиме празничните денови на оние на кои тоа им е најпотребно.

Под слоганот „Солидарноста на дело“, ги повикуваме сите хумани граѓани да се приклучат и со мал придонес да направиме голема разлика.

📅 Среда (24.12)
📍 Пред Кам маркет во К-Мол
🕖 19:00 часот

Заедно да покажеме дека солидарноста, хуманоста и грижата се наши вистински вредности!

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Умс Ѓорче Петров posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Умс Ѓорче Петров:

Share