УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е формирана на 6 Април 1991 година со одлука на партискиот Конгрес во Прилеп. Таа претставува континуитет на историската младинска организација која ги ширела идеалите за независна и самостојна Република Македонија.

На вековната борба на нашите предци за слобода и за национална самостојност водена од историското ВМРО се надоврзува конзервативизмот и традициона

лизмот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, како и идеите на европската демохристијанска традиција. Младите луѓе се носители на борбата за слобода. Црпејќи ја енергијата од нашите историски херои, млади луѓе кои биле подготвени и го дале својот живот за една идеја, мисла, визија која ги водела напред-слободата и независноста на нивната татковина Македонија. Нивното дело, го продолжуваме во нашата битка за европска Македонија, економски стабилна земја во која има убав и достоинствен живот, во која сите се еднакви пред законот и секој има свои обврски и одговорности пред државата.

Голем број на проекти кои произлегле од Унијата на млади сили се реализираа во изминативе 20 години. Голем број на идеи беа прифатени и реализирани, се со цел зголемување на свеста кај младиот човек и промовирање на демохристијанските десничарски принципи на живеење.

Унијата на млади сили секогаш била, е и ќе биде заштитник на традицијата, верата и црквата, Трите работи кои го чуваа идентитетот на Македонскиот народ низ вековите.

Низ годините, Унијата на млади сили прерасна во носечка сила на ВМРО-ДПМНЕ, сила која ја движи партијата напред кон нови победи и успеси. Работата и напорот на сите досегашни членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е видлива во сегашниот капацитет и подготвеност на УМС да игра значајна улога во животот на младите луѓе. Многу големи жртви, издржливост, трпеливост и пред се, љубов, верба и надеж се во темелот на најјаката младинска организација во Македонија – Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

УМС и тоа последниве години претрпи големи реформи како организациски, така и кадровски, во чекор следејќи ги реформите на ВМРО-ДПМНЕ како партија и правецот на движење на својата земја. Со тие реформи УМС прерасна во современа организација која работи врз основа на точно определени принципи и вредности, а тоа се: патриотизам, храброст, одлучност, одговорност, чесност, пoсветеност и лојалност кон својот народ и својата држава. Со тоа прерасна во современа организација со квалитетни идеи и квалитетни проекти и стана значаен фактор во донесувањето на одлуките на ВМРО ДПМНЕ за креирање на иднината на својата земја.

Победа во прв круг #ВистинскиотИзбор
26/09/2025

Победа во прв круг
#ВистинскиотИзбор

11/07/2025

СКАНДАЛ: Данела Арсовска денес вика дека била нападната во Чаир и дека полицијата не реагирала додека ја тепале.

На видеово може да се види како Арсовска прва го удира типот (кој и да е) два пати со нога, и во истиот момент полицијата реагира и го трга настрана типот.

Прашањето е зошто Данела лаже? Зошто сака да ги изгори полицајците со изјава дека не реагирале?!

УМС Карпош е подготвен за следните активности и нови победиУМС е семејство❤️🖤
23/02/2025

УМС Карпош е подготвен за следните активности и нови победи

УМС е семејство❤️🖤

Традиционално по повод големиот христијански празник Бадник УМС Карпош подели бадникови гранчиња на верниците Среќни пра...
06/01/2025

Традиционално по повод големиот христијански празник Бадник УМС Карпош подели бадникови гранчиња на верниците

Среќни празници
Христос се роди ☦️

Се гледаме сите на победничка забава на  #УМС во клубот "Pure" во Скопје со почеток во 22.30 часот на 6 мај.  #БидиУМС
29/04/2024

Се гледаме сите на победничка забава на #УМС во клубот "Pure" во Скопје со почеток во 22.30 часот на 6 мај.

#БидиУМС

07/03/2024

📍Амфитеатарот зад Спомен домот на мајка Тереза на улица "Македонија"
🕛 Сабота, 9ти март во 14 часот!
Се гледаме!

22/02/2024
Координативен состанок на УМС Карпош!Сплотени и обединети до конечна двојна победа на 24 април и 8 мај!
19/02/2024

Координативен состанок на УМС Карпош!
Сплотени и обединети до конечна двојна победа на 24 април и 8 мај!

Кафе дружба на УМС Карпош.УМС е семејство👌
30/01/2024

Кафе дружба на УМС Карпош.
УМС е семејство👌

22/01/2024

Address

Љубљанска 6
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share