27/05/2026
🇲🇰 🛵125 см³ 🫡 🇪🇺
❗️Од денеска и официјално!
граѓаните-возачи во Македонија со возачка дозвола од „Б“ категорија (автомобил) имаат право да управуваат мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“ со зафатнина на моторот од 125 м3 и чија сила на моторот не е поголема од 11 KW.
📖 Измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата беа подготвени и поднесени од пратеничката група на Движење #ЗНАМ со поддршка на пратениците од мнозинството и беа изгласани со огромно мнозинство во Собранието.
Во меѓувреме МВР подготви Правилник кој денес е објавен во Службен весник и со тоа е заокружен процесот и измените стапуваат на сила.
Суштината на измените на Законот се во Македонија, возачите кои поседуваат возачка дозвола од „Б“ категорија, да имаат право да управуваат мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“
❗️Откако ќе наполнат 23 години,,поседуваат минимум 5 години важечка возачка дозвола од категорија „Б“ и поседуваат потврда за посета на 4 часовна теоретска обука.
Како законодавци имавме предвид дека ваквите решенија ќе го поттикнат користењето на помали и поекономични моторни возила, ќе го намалат сообраќајниот метеж во урбаните средини и во голема мера ќе ја подобрат мобилноста на граѓаните.
Користењето на мотоцикли во сообраќајот, освен што во голема мера ќе го олеснат протокот во сообраќајот, претставуваат една од поевтините варијанти за алтернативен градски превоз. Тоа значи дека овозможуваат поголема флексибилност и практичност, особено во урбаните средини.
🛵 Мотоциклите се практично и економично превозно средство кое зафаќа помал простор и на улиците и при паркирање. Исто така имаат голем придонес во заштитата на животната средина поради минималното испуштање издувни гасови.
❗️И она што е најважно, нивото на безбедност се задржува преку дополнителна обука и временски услов за поседување на возачка дозвола.
🇪🇺 Во Европската унија од 2006 година во сила е Директивата 2006/126/Е3 на Европскиот парламент и на Советот, која го регулира ова прашање.
Држави каде може да се управува мотоцикл до 125 см³ со возачка дозвола од Б категорија се: Шпанија, Грција, Португалија, Франција, Австрија, Чешка, Белгија, Луксенбург, Словенија, Полска и др.
🇲🇰 Македонија со вакво законско решение, заедно со Грција, ќе биде единствена држава од ЈИ Европа која ја применува оваа Европска Директива.
➡️ Како еден од иницијаторите и подносителите на ова законско решение,
🙏 апелирам до сите возачи на мотоцикли и до оние кои наскоро ќе станат, стриктно да се придржуваат до одредбите на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, да се грижат за сопствената и за безбедноста на останатите учесници во сообраќајот
и на тој начин да придонесат во омасовување на оваа група на граѓани и градење на сообраќајната култура.
#ЗНАМ 🫡