20/05/2026
Традиционално, и оваа година во библиотека Другарче по 15-ти пат се одржа литературниот конкурс по повод празникот Св. Кирил и Методиј.
Темата на која твореа учениците од основните училишта од Општина Карпош беше: „Разговор со омилен лик од книга“.
Конкуренцијата беше голема, а талентот и креативноста на високо ниво. Комисијата имаше тешка задача, но посвети време и внимание на внимателно разгледување на творбите
📖 Гран при за проза – Михаил Јачовски
„Разговор со Григор Прличев“
„- Учителе - му се обратив тивко. Дали вредеше борбата ако светот пак заборава? Тој молчеше. Погледот му беше длабок, а во него се прекршуваа и Охрид и туѓината и една долга, недоискажана болка што
не старее. Заборавот - рече тивко. Не е крај, туку испит. Не се борев за да ме паметат, туку за да не замолкне зборот што го носиме во крвта и во нашата ДНК. Му пријдов поблиску, со чувство дека не стојам пред човек, туку пред тежина од време, пред глас што не згаснува и кога телото ќе исчезне. “
✒️ Гран при за поезија – Ангела Стојаноска.
„Разговор со Крсте Петков Мисирков“
„И запомни дека, нашиот јазик и идентитет
се нешто најсвето.“
Па додаде, моќно
,,И уште едно да ти кажам,
и тука не е крај
дека се додека и последниот Македонец на нозе стои,
нашиот јазик меѓу најубавите ќе се брои.
,,Зашто ние сме преживеале се и сешто,
секаков тиран и робја,
А сепак сме го зачувале нашето
И со војна и со борба.,,
,,Не се откажувај“,-рече тогаш
„Јазикот постои не само кога го зборуваш
туку и кога в срце го носиш сегде“
Благодарност до драмската секција „Глумци од утре“, предводена од нивната менторка Mathilde Gashpar Bajkova, кои со својата прекрасна точка дополнително го збогатија настанот. 💛
Искрена благодарност и до сите наградени ученици и ментори кои со својата креативност, труд и љубов кон пишаниот збор беа дел од овој прекрасен настан. ✨
Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје