Локален Клуб на СДММ Аеродром

Локален Клуб на СДММ Аеродром Добредојдовте на официјалната страна на Локалниот клуб на СДММ Аеродром.

Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) е основана на 9-ти ноември 1991 година и од тогаш постои и функционира како подмладок на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Формирана е како организација на слободни и одговорни членови кои ги прифаќаат Статутот и програмските определби на СДСМ како и Статутот и програмските определби на СДММ. Како партиски подмладок, таа активно учествува

во сите активности на СДСМ, вклучувајќи ги тука и креирањето на програмата и политиките на оваа партија, притоа развивајќи самостојна политичка иницијатива и дијалог меѓу младите и другите субјекти во општеството.

Во таа насока, СДММ развива облици на политичко, интересно и струково организирање со цел да ги афирмира идејните основи, вредносните критериуми, демократската содржина и прогресивната oриентација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Социјалдемократската младина на Македонија дејствува заради остварување на следниве политички начела и цели:

- целосно почитување на човекот, на неговото достоинство и на неговите основни права и слободи;
- развивање на плуралистичко, праведно и солидарно општество на социјална демократија;
- развивање на економска демократија и остварување на правата на работниците;
- остварување на социјална и национална еманципација на граѓаните;
- развивање на Македонија како суверена, демократска и правна држава;
- обезбедување на сите човекови права и слободи на Македонците во соседните земји и развивање на постојана духовна и културна комуникација со нив и со иселениците;
- развивање на европската ориентација во Македонија и нејзино непосредно вклучување во европските интеграциони процеси.

Имајќи ја предвид актуелната економско - политичка ситуација во Македонија, Социјалдемократската младина на Македонија активно се вклучува во промовирањето на новата политичка платформа на СДСМ претставена во програмата Решенија за Македонија.

Во таа насока, СДММ денес се залага за обезбедување на:развој на демократијата, зголемување на слободата и промовирање на еднаквоста; развој на економијата, стабилен животен стандард и намалување на сиромаштијата и невработеноста; создавање на нов социјален договор, за намалување на социјалните разлики и зголемување на граѓанската партиципација; за зајакнување на институциите на системот преку воведување на стандарди за професионалност и ефикасност; за промовирање на модел на корпоративно управување во промовирањето и имплементирањето на политичките решенија; поголема соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор; поголема соработка помеѓу власта и граѓаните; негување на политичката култура на дијалог и толеранција како инструмент за надминување на политичките, верските, етничките и сите други поделби кои постојат во Македонија; и конечно, целосна и успешна интеграција во НАТО и ЕУ.

Заради тоа ги повикуваме да нè поддржат и активно да се вклучат во нашите редови сите млади кои сакаат државата да биде економски поразвиена и социјално посигурна, сите млади кои веруваат дека интеграциите во НАТО и ЕУ ја зголемуваат безбедноста на државата и создаваат можности за економски развој, сите млади кои се радуваат што во Македонија има различни народи и култури кои мирно живеат и меѓусебно соработуваат.

Тоа се сите млади кои сакаат подобра иднина, тоа се сите млади кои ја сакаат Македонија!

19/06/2025

🔴 ЖИВЕЈ, НЕ ПРЕЖИВУВАЈ! 🔴

Веруваме во општество каде што трудот се вреднува, каде гласот на младите се слуша!

🗓️ 22.06.2025 (недела)
🕖 19:00
📍 Градски парк – Школка

Со поддршка на ќе зборуваме гласно и храбро за иднината што ја заслужуваме. За право на квалитетно образование, достапно здравство, фер плати и живот со интегритет.
Плата за живот, а не преживување.

Во недела ве очекуваме на младинската трибина! Заедно сме силата што прави промени! ✊🏻🌹

10/06/2025
09/06/2025

СДММ: Ќе има ли одговорност за УМС за пиротехниката или тие се над законот?

Социјалдемократската младина на Македонија со згрозеност реагира на скандалозната и срамна прослава на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека родителите и семејствата се уште тагуваат за смрта на 62 деца, додека над 200 млади се борат со последиците од повредите, додека цела држава бара одговорност, помош и поддршка.

Скандал е да се прави журка додека Македонија се уште тагува.

Скандал е да му се аплаудира на Мицкоски за говор полн со омраза кон семејствата на повредените и загинатите во трагедијата во Кочани.

Скандал да се пали пиротехника, која што е забранета, но беше и причина за пожарот и големата трагедијата во Кочани.

Мицкоски ги третира младите како реквизити, како инструмент за неговите политички хирови. Ги користи младите за негово шоу, за манипулација. За да му аплаудираат додека го истура гневот кон семејствата кои загубија деца.

Ова е дрскост, бесчувствителност и целосна деградација на младите.

Бидејќи употребата на пиротехника е и законски забранета и казнива бараме МВР да постапи без одлагање – кој одобрил, кој набавил, кој наредил употреба на пиротехнички средства?

Ги повикуваме младите да го кренат својот глас против начинот на којшто Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги третираат.

Младите не се декор за митинзи, младите не се статисти за фештите на Мицкоски, младите се двигатели на општеството.

СДММ стои рамо до рамо со младите што бараат одговорност за Кочани, со младите што сакаат да им помогнат на семејствата на загинатите и поредените, со оние што знаат што значи човечност.

24/05/2025
18/05/2025

🙌🏻 Караванот на СДММ започнува!

🗣️ Ве очекуваме да ги дадете вашите идеи и предлози во пресрет на Локалните избори 2025, затоа што сега е НАШЕ ВРЕМЕ, тука е НАШЕ МЕСТО каде НАШИОТ ЗБОР вреди!

07/02/2025
17/11/2024
Денес во организиција на локалниот клуб на СДММ Аеродром се одржа традиционалниот меморијален турнир во Баскет 3х3 во че...
16/11/2024

Денес во организиција на локалниот клуб на СДММ Аеродром се одржа традиционалниот меморијален турнир во Баскет 3х3 во чест на нашиот другар Филип Неделковски. На турнирот учествуваа екипи на локалните клубови на СДММ од неколку општини од Скопје, кои покажаа голема посветеност и љубов кон спортот. Традицијата на одржување на меморијалниот турнир продолжува, како еден од клучните спортски настани на младите социјалдемократи од Аеродром. ❤️🏀

Почитувани, Ве покануваме на меморијалниот турнир кој се оддржува традиционално секоја година, во организација на ЛК СДМ...
05/11/2024

Почитувани,

Ве покануваме на меморијалниот турнир кој се оддржува традиционално секоја година, во организација на ЛК СДММ Аеродром.

Екипите можат да се пријават до 12.11.2024, а турнирот започнува на 16.11 !

Ве очекуваме да се пријавите во што поголем број !

Повелете на незаборавно дружење! 🎉На 6 ноември (среда) со почеток од 20:00 часот, во Трибека, славиме 33 години од посто...
30/10/2024

Повелете на незаборавно дружење! 🎉

На 6 ноември (среда) со почеток од 20:00 часот, во Трибека, славиме 33 години од постоењето на СДММ! 🎈

Ќе споделиме спомени, ќе ги прославиме досегашните успеси и ќе наздравиме за нови победи!

Во духот на социјалдемократските вредности, забавата ќе биде од хуманитарен карактер, а собраните средства ќе бидат донирани кадешто е најпотребно.

Заедно можеме да направиме разлика, затоа што има многу подмладоци, но само една е #МЛАДИНА! ✊🏻🌹

Се гледаме! 🙌🏻

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Локален Клуб на СДММ Аеродром posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Локален Клуб на СДММ Аеродром:

Share