Ѓоко Велковски

Ѓоко Велковски Заменик министер за социјална политика, демографија и млади

23/06/2026

Во рок од 15 дена, корисниците имаат право да ги известат Центрите за социјална работа и да поднесат изјава доколку имаат примено средства по основ на лекување, болест или други оправдани причини.
Со ова се обезбедува пофер и потранспарентен систем при утврдување на правото на Гарантирана минимална помош.
Целта е да се заштитат вистински ранливите категории и да се избегнат неправилности👇🏻

22/06/2026

Новиот софтвер за социјална заштита е важен чекор кон помодерен, поефикасен и потранспарентен систем, со побрзи процеси и поквалитетни услуги за граѓаните👇

21/06/2026

👉 Спроведовме акција за проверка на корисниците на гарантирана минимална помош и социјална сигурност, со цел средствата да стигнат таму каде што се најпотребни-во рацете на граѓаните кои навистина имаат потреба од поддршка.

Слушнете повеќе
👇

Денес, заедно со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, министерот за социјална политика, демографија и...
20/06/2026

Денес, заедно со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и заменик-градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски, го поставивме камен-темелникот на новата детска градинка „Пролет 2“ во населбата Козле.

Со инвестиција од 137,2 милиони денари, обезбедени со поддршка од Владата, започнува изградбата на современ објект кој ќе обезбеди подобри услови за згрижување и воспитување на најмладите.

Новата градинка ќе има капацитет за 130 деца, седум занимални, сензорна соба, зелена кровна тераса и уреден надворешен простор за игра и рекреација.

Ова е уште еден важен чекор кон намалување на листите на чекање и обезбедување повеќе места за децата во Карпош.

Денес се обратив на конференцијата „Ран почеток, трајни придобивки – градинка за секое дете“, организирана од Министерст...
18/06/2026

Денес се обратив на конференцијата „Ран почеток, трајни придобивки – градинка за секое дете“, организирана од Министерството за социјална политика, демографија и млади и УНИЦЕФ.

Разговаравме за значењето на раниот детски развој и потребата секое дете да има пристап до квалитетно, достапно и инклузивно предучилишно образование.

Предучилишното воспитание и образование е една од најважните инвестиции што можеме да ја направиме како општество. Токму во најраните години се поставуваат темелите за развојот, учењето и идните можности на секое дете.

Во таа насока, продолжуваме со активности за проширување на капацитетите на градинките низ државата, со цел поголем опфат и подобра достапност на услугите за најмладите.

Наш приоритет останува создавање систем кој ќе биде достапен за сите деца, особено за оние од ранливите категории и од руралните средини.

Секое дете заслужува еднаква шанса за добар почеток и успешна иднина.

18/06/2026
Денес, заедно со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски и градоначалникот на Општина Илинден, Александар...
14/06/2026

Денес, заедно со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Ѓорѓиевски, присуствувавме на свеченото отворање на Домот за стари лица „Оаза“.

Овој значаен проект претставува уште еден чекор кон обезбедување достоинствена грижа, безбедност и подобри услови за живот на нашите повозрасни сограѓани.

Како Министерство за социјална политика, демографија и млади, даваме силна поддршка за отворање на што повеќе вакви капацитети, затоа што грижата за повозрасните граѓани е наш приоритет и обврска. Ќе продолжиме да работиме на унапредување на социјалните услуги и создавање услови за достоинствен и квалитетен живот за сите граѓани.

Им посакувам на идните корисници пријатен престој, а на вработените многу успех во нивната благородна и хумана мисија.

По повод Денот на социјалните работници, упатувам искрени честитки и благодарност до сите кои својата професија ја вршат...
10/06/2026

По повод Денот на социјалните работници, упатувам искрени честитки и благодарност до сите кои својата професија ја вршат со одговорност и хуманост.

Работата на социјалните работници е од непроценливо значење за благосостојбата на поединците, семејствата и заедницата!

Денеска присуствував на првиот состанок на Заедничкиот управувачки комитет (ЗУК) за Рамката за соработка на Обединетите ...
04/06/2026

Денеска присуствував на првиот состанок на Заедничкиот управувачки комитет (ЗУК) за Рамката за соработка на Обединетите нации со Македонија 2026–2030, со кој ко-претседаваа министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбиа.

На состанокот беа презентирани резултатите постигнати во текот на 2025 година со поддршка на Обединетите нации, како и Заедничкиот работен план за 2026 година. Разговаравме и за усогласувањето на националните приоритети со Рамката за соработка за периодот 2026–2030.

Демографската отпорност, еднаквите можности за секое дете и родовата еднаквост остануваат меѓу клучните приоритети на Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Во партнерство со агенциите на Обединетите нации работиме на финализирање на Стратегијата за демографска отпорност 2026–2046, која треба да даде одговор на предизвиците од намалувањето на населението, иселувањето на младите и стареењето, преку создавање услови младите својата иднина да ја градат дома.

Паралелно го подготвуваме Националниот акциски план за Европската гаранција за деца 2026–2030, со кој ќе обезбедиме подобар пристап до образование, здравствена и социјална заштита за секое дете, особено за најранливите.

Остануваме посветени и на унапредувањето на родовата еднаквост, економското зајакнување на жените и борбата против родово-базираното насилство.

Поддршката и партнерството со Обединетите нации имаат важна улога во креирањето политики што носат конкретни придобивки за граѓаните, особено за младите, децата и семејствата.

Денес, заедно со државниот секретар, Фатмир Сабриу, остваривме конструктивна работна средба со претставници на Светска б...
03/06/2026

Денес, заедно со државниот секретар, Фатмир Сабриу, остваривме конструктивна работна средба со претставници на Светска банка, на која разговаравме за текот на реформските процеси и за активностите што ги преземаме како министерство во насока на понатамошно унапредување на системот на социјална, детска заштита како и за социјално осигурување.

На средбата направивме пресек на досега реализираните активности, разговаравме за предизвиците со кои се соочуваме во процесот на имплементација и ги утврдивме следните чекори за успешно спроведување на планираните реформи.
Нашиот фокус останува на модернизација на институциите, дигитализација на услугите, зајакнување на институционалните капацитети и создавање систем кој ќе биде поефикасен, потранспарентен и поблизок до потребите на граѓаните.

Воедно, ја потврдивме заедничката определба за продолжување на партнерската соработка и за реализација на реформите кои ќе придонесат за подобра достапност и квалитет на услугите, поголема социјална инклузија и поефикасна поддршка за најранливите категории граѓани.

Веруваме дека преку одговорен пристап, континуирана работа и силна меѓуинституционална соработка можеме да изградиме современ и одржлив систем кој ќе одговори на потребите на сегашните и идните генерации.

Address

Skopje

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Ѓоко Велковски posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Ѓоко Велковски:

Share