05/10/2021
Демант од БППЗ-Скопје до
Кандидатката за Градоначалник на
Град Скопје Даниела Арсовска.
Со жалење би сакале да ја информираме кандидатката Арсовска дека просториите на Противпожарната бригада Автокоманда не се место за одржување на партиски и изборни собири во тек на изборна кампања. Апелираме Пожарникарите да бидат изоставени од партиските препукувања и да бидат оставени на мира да си ги извршуваат секојдневните обврски.
Синдикалните организации имаат право да се среќаваат со кого сакаат, се‘ додека за тоа не ги користат просториите на противпожарната бригада на Град Скопје.