Mentoring - Makedonija

Mentoring - Makedonija Бесплатно менторство за микро, мали и средни претпријатија

Менторинг Форум 2025 во Белград ги обедини институциите, менторите и компаниите од Србија, Северна Македонија, Црна Гора...
12/12/2025

Менторинг Форум 2025 во Белград ги обедини институциите, менторите и компаниите од Србија, Северна Македонија, Црна Гора, Република Српска и Јапонија, со една заедничка цел - да се истакне значењето на стандардизираниот менторинг како клучна нефинансиска поддршка за ММСП.

🎤 Компании и ментори од регионот ги споделија своите успешни приказни, а Форумот заврши со доделување сертификати за новата генерација ментори и тренери, како уште еден чекор кон посилна мрежа на поддршка.

Преку два панели, своите приказни ги претставија компании и ментори од целиот регион, вклучително и од Северна Македонија, покажувајќи како менторството создава одржлив раст, подобра организација и нови деловни можности.

Заедно градиме подобар екосистем за претприемништво 💼✨

#ПоддршкаЗаБизниси #РегионаленРазвој

💫 Средба со Центарот за стимулација, раст и развој „СТАРС“ - ВелесДенес се сретнавме со г-ѓа Александра Карагирова и тим...
04/11/2025

💫 Средба со Центарот за стимулација, раст и развој „СТАРС“ - Велес

Денес се сретнавме со г-ѓа Александра Карагирова и тимот на „СТАРС“, кои со голема посветеност и љубов работат на развојот и поддршката на најмладите.

Преку менторството ќе се овозможи идентификација на нови можности за раст, подобрување на организацијата и набавка на современа опрема и кадар.

Работиме заедно со оние што го градат здравото и силно поколение на иднината. 💙

#МенторингМакедонија #АППРСМ #СТАРС #Велес #ПоддршкаЗаБизнис #РазвојИРаст #Деца

💫 Средба со Центарот за стимулација, раст и развој „СТАРС“ - ВелесДенес се сретнавме со г-ѓа Александра Карагинова и тим...
03/11/2025

💫 Средба со Центарот за стимулација, раст и развој „СТАРС“ - Велес

Денес се сретнавме со г-ѓа Александра Карагинова и тимот на „СТАРС“, кои со голема посветеност и љубов работат на развојот и поддршката на најмладите.

Преку менторството ќе се овозможи идентификација на нови можности за раст, подобрување на организацијата и набавка на современа опрема и кадар.

Работиме заедно со оние што го градат здравото и силно поколение на иднината. 💙

#МенторингМакедонија #АППРСМ #СТАРС #Велес #ПоддршкаЗаБизнис #РазвојИРаст #Деца

30/10/2025
🌍 Размена на искуства со делегација од Молдавија - JICA студиска посета во Западен БалканJICA организираше студиска посе...
15/10/2025

🌍 Размена на искуства со делегација од Молдавија - JICA студиска посета во Западен Балкан

JICA организираше студиска посета, на која дел беше и ИНОВА, посветена на споделување искуства од имплементацијата на системот на стандардизирани менторски услуги и Каизен концептот во Македонија.

Целта на посетата беше директен увид во развојот и резултатите од македонскиот модел на менторство, како и во практичните искуства од примената на Каизен методологијата преку менторството.

✅ Работен состанок во ИНОВА – Македонскиот модел на менторство (2017–2025), новите перспективи за поддршка на МСП.

✅ Размена на искуства со делегацијата од Молдавија за развој на претприемништвото и поддршката на малите бизниси.

✅ Посета на компанијата Графопром Битола – практичен приказ на придобивките од Каизен концептот во работењето.

Продолжуваме да градиме регионална соработка и да споделуваме знаење кое создава подобри услови за раст и развој на претпријатијата.

#МенторингМакедонија #ИНОВА #Каизен #Претприемништво #РегионалнаСоработка #МСП

🍕 Од продажба до раст и развој – „Гаџе“ БогданциМалото претпријатие „Гаџе“ од Богданци, познато по своите пици и пастрма...
10/10/2025

🍕 Од продажба до раст и развој – „Гаџе“ Богданци

Малото претпријатие „Гаџе“ од Богданци, познато по своите пици и пастрмајлии со наполитанско тесто, влезе во менторската програма со цел да ја зголеми продажбата. Процесот на менторство ја отвори вратата за поголем раст и развој.

✅ Подобрена промоција и видливост преку означување на Google Maps, што директно придонесе за зголемена продажба.

✅ Планирано проширување и набавка на нова опрема, со цел подобрување на производството.

Следниот фокус е зајакнување на присуството на социјалните медиуми и таргетирање на нови купувачи во поширокиот регион.

„Гаџе“ е пример како менторството може да донесе вистинска трансформација за малите бизниси.

#МенторингМакедонија #АППРСМ #ПоддршкаЗаБизнис #РастИРазвој #ГаџеБогданци #Претприемништво

📍 Вчера остваривме средба со СЕТ ДООЕЛ Куманово, компанија со 33 години искуство која изработува метални конструкции, ме...
08/10/2025

📍 Вчера остваривме средба со СЕТ ДООЕЛ Куманово, компанија со 33 години искуство која изработува метални конструкции, метални монтажни хали и други производи од метал (живеало и челик), препознатлива по својата докажана стабилност и долгогодишен углед кај клиентите.

Овој менторски процес се спроведува во клучен момент за развојот на компанијата, со поддршка од нашиот ментор, регионалниот партнер и јапонскиот експерт.

✨ Заедно работиме на успешна транзиција која ќе отвори нови перспективи за инвестиции, зголемена продуктивност и нови можности за вработување.

#Менторство #БизнисРазвој #ЈапонскаМетодологија #Каизен #КонтинуираноПодобрување #СЕТКуманово

📍 Вчера ја посетивме компанијата ФАНТАСТИКО-ПВЦ од с. Горобинци, Свети Николе, каде што во тек е активен менторски проце...
07/10/2025

📍 Вчера ја посетивме компанијата ФАНТАСТИКО-ПВЦ од с. Горобинци, Свети Николе, каде што во тек е активен менторски процес поддржан од нашите регионални партнери и јапонски експерти. 🇲🇰🤝🇯🇵

Заедно работиме на унапредување на процесите и постигнување повисоки резултати и одржлив раст на компаниите.

✨ Фантастико-ПВЦ е компанија со долгогодишно искуство во производство, монтажа и сервис на високо квалитетна ПВЦ столарија, посветена на квалитет, прецизност и континуирано подобрување.

#Каизен #Менторство #БизнисРазвој #КонтинуираноПодобрување

🚀 КАИЗЕН и 5С во акција во југозападниот регион!Имплементацијата на основниот КАИЗЕН и 5С концепт продолжува во компании...
03/10/2025

🚀 КАИЗЕН и 5С во акција во југозападниот регион!

Имплементацијата на основниот КАИЗЕН и 5С концепт продолжува во компании од Битола и Ресен, носејќи практични промени и долгорочни придобивки.

🔹 Во „Леарница за алуминиум и цинк“ ДООЕЛ Ресен, Каизен тимот во соработка со менторот Никола Димковски и јапонскиот експерт Хидео Ивама активно работи на унапредување на организациската ефикасност. Фокусот е на подобра интерна комуникација, поголема контрола на процесите и висок квалитет на производите. Дополнително, се развиваат и нови вештини за градење партнерства, задржување на клиенти и привлекување на талентирани кадри.

🔹 Паралелно, во компанијата „Ај Сорс“, која работи со домашни и странски клиенти во областа на информациските технологии, презентиран е основниот концепт на КАИЗЕН и 5С принципите, како и придобивките од воведување на истите. Нивната цел е професионализација и реорганизација на внатрешните процеси, подобрен тимски менаџмент и појасна стратегија за идниот раст.

✨ Со мали, но континуирани чекори, овие компании градат посилни системи и постигнуваат резултати што создаваат долгорочна конкурентност.

#БизнисРазвој #КонтинуираноПодобрување #ЈапонскаМетодологија

🔍 Како менторството ја менува деловната слика?Во моментов е во тек завршното истражување со кое ги разгледуваме резултат...
25/09/2025

🔍 Како менторството ја менува деловната слика?

Во моментов е во тек завршното истражување со кое ги разгледуваме резултатите од програмата и новите можности за нејзино унапредување.

Голема благодарност до компаниите што беа дел од процесот и ги споделија своите искуства:

✨ Ролет 2000 – Тетово
✨ Вемисс – Струмица
✨ Ѓорго Комерц – Куманово
✨ Тимкреатив – Битола
✨ Дамарис – Охрид

Вашата поддршка ни овозможува да го согледаме влијанието на менторските услуги од прва рака и да креираме уште поефикасна програма за сите мали и средни бизниси во Македонија. 🚀

#БизнисПоддршка

Address

Kej Dimitar Vlahov 3/2
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Mentoring - Makedonija posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Mentoring - Makedonija:

Share