Национална Рурална Мрежа

Национална Рурална Мрежа НРМ дејствува во руралните средини, руралните заедници и руралните региони за да се подобрат условите за развој и квалитетен живот..

19/06/2024

Во Опитно поле при Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје неодамна се засадени 400 примероци локални сорти грав. Целта е овие сорти да бидат зачувани, да б....

Активноста се спроведува со поддршка од Националната рурална мрежа
21/03/2024

Активноста се спроведува со поддршка од Националната рурална мрежа

ВИНОТЕК- 29, 30 и 31 Март, - преку проект поддржан од Национална рурална мрежа и МЗШВ, оранизира во Хотел ФЕНИ 3 дневен бесплатен едукативен Семинар- работилница - (за квалитено грозје и вино.)
🥂 Бројот на учесници е ограничен. 🥂

Активноста е поддржана од Националната Рурална Мрежа
02/01/2024

Активноста е поддржана од Националната Рурална Мрежа

13/12/2023

🚀Собранието го изгласа Законот за советодавни услуги во земјоделството и руралниот развој. Оваа реформа е значаен момент во нашата ангажираност за поддршка на руралните заедници и за развојот на земјоделството.

👉Како што сите знаете, земјоделството е клучен сектор во нашата економија и има значајна улога во обезбедувањето на храна, како и во креирањето на работни места во руралните области. Нашата Влада е решена да создава просперитет на нашите земјоделци и да ги поттикне иновациите и развојот во оваа област.

👥Со ова законско решение создаваме можност за професионализација на советодавните услуги и воспоставуваме систем преку кој на земјоделците ќе им се доближат искуствата и знаењето за најновите практики и технологии во производството, кои директно треба да влијаат да имаме одржливо и конкурентно производство, по европски терк.🇪🇺

📱Законот за советодавни услуги во земјоделството и руралниот развој има за цел да создаде ефективен и структуриран систем за обезбедување на квалитетни совети и информации на нашите земјоделци.

🤝Земјоделците ќе можат да се консултираат со стручни лица во областа на земјоделството и руралниот развој за сите текови во својата работа.

✅Посебно важна цел на ова законско решение е структурално и организационо подобрување на постоечкиот советодавен концепт во Република Северна Македонија. Пропишувајќи ги видовите и типовите на советници, програмите и видот на обуките низ кои треба да поминат, условите кои ќе треба да ги исполнат за да бидат регистрирани потенцијалните даватели на советодавни услуги ќе се постигне поголема конкурентност, подобар квалитет и зајакнување на капацитетите на давателите на советодавни услуги.

👉Со ова решение, Министерството ќе воспостави Регистар на даватели на советодавни услуги кој ќе биде јавно достапен за сите земјоделски стопанства за да им се олесни пристапот до советник со специфична стручност за одредена област, во зависност од типот на производство.

👍Законот дава основа за формирање на Системот за знаење и иновации во земјоделството, познат како АКИС, кој во моментов е главна стратешка област за развој во Европската Унија и го следиме чекорот во воспоставувањето на овој систем кој слободно можам да кажам дека ќе го имаме први во регионот.

🎯Функционирањето на Советодавниот систем во земјоделството и руралниот развој ќе биде надгледуван и помаган од Советот за мониторинг и координација, кој ќе биде составен од експертска група составена од членови номинирани над 20 институции и организации кои се идентификувани како клучен дел од Системот.

💯На ова законско решение се работеше транспарентно и инклузивно. Изминативе две години, експертска група формирана од мене како Министер за земјоделство, а со помош од Европската Унија преку проектот за модернизација на советодавните услуги во земјоделството, интензивно работеше на сите потребни подготовки за изработка на овој закон, се одржаа низа јавни презентации пред земјоделците, земјоделските организации и во соработка со јавниот давател на советодавни услуги Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

Формуларот за зачленување во Националната Рурална Мрежа е отворен за сите чинители кои доброволно и бесплатно сакаат да ...
05/12/2023

Формуларот за зачленување во Националната Рурална Мрежа е отворен за сите чинители кои доброволно и бесплатно сакаат да се зачленат во мрежата.

На следниот линк:

Објавен јавниот повик за надомест на трошоци за оддржување на висински пасишта и ливади и поддршка на традиционално овча...
05/12/2023

Објавен јавниот повик за надомест на трошоци за оддржување на висински пасишта и ливади и поддршка на традиционално овчарство

Повеќе информации на веб страницата на АФПЗРР:
https://ipardpa.gov.mk/mk/Home/RuralenPovici/8/56

05/12/2023

Address

Aminta Treti 2
Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Национална Рурална Мрежа posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share