Агенција за млади и спорт / Agency of youth and sport

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Агенција за млади и спорт / Agency of youth and sport

Агенција за млади и спорт / Agency of youth and sport Министерство за спорт

Aгенцијата за млади и спорт ги врши работите што се однесуваат на:

- грижата за психо-физичкиот развој на младите и нивната заштита од болести на зависности,проституција, криминалот и други социо-патолошки појави;
- грижата за статусот на младите;
- намалување на младинската невработеност во РМ;
- поттикнувањето и помагањето на различните облици на организирање на младите;
- превземање на активно

сти за создавање на услови за задржување во Република Македонија на способните и талентираните млади, како и создавањето на услови за нивно враќање во Република Македонија;
- следење на спортските и спортско-рекреативните активности од областа на спортот;
- следење на развојот на врвниот спорт и врши други активности утврдени со закон...

🤝Агенцијата за млади и спорт организираше прием за најуспешниот македонски кајакар Ангел Петрушев, на кој присуствуваа и...
23/05/2024

🤝Агенцијата за млади и спорт организираше прием за најуспешниот македонски кајакар Ангел Петрушев, на кој присуствуваа и претседателот на кајак федерацијата Дрилон Леши и тренерот Димче Стефановски.
🇲🇰🚣‍♀️Најдобриот македонски кајакар, четвртопласираниот од последното Европско младинско првенство, продолжува со успех и во сениорска категорија. Четирикратниот победник на ИКАС, 20 годишниот Ангел Петрушев оствари уште еден одличен резултат на Европското сениорско првенство во кајак на диви води.
🚣‍♀️Тој го освои извонредното шесто место во Словенија (Тацен) одкако за само една секунда му избега бронзениот медал. Во конкуренција на 60 натпреварувачи од 26 земји обезбеди пласман во финалето одкако во полуфиналето технички извонредно и без казнени поени ја совлада патеката.�🤝🚣‍♀️🇲🇰Со ова остварување Петрушев покажа дека е сериозен кандидат за учество на Олимписките игри во Париз.

🥈🇲🇰Европско сребро во карате за Михаела Мишовска🥈🥋На годинешното Европско првенство за сениори во Задар, Хрватска во кон...
22/05/2024

🥈🇲🇰Европско сребро во карате за Михаела Мишовска

🥈🥋На годинешното Европско првенство за сениори во Задар, Хрватска во конкуренција на 491 каратисти од 51 држави, Михаела Мишовска постигна одличен успех освојувајќи го сребрениот медал.

🤝Од таа причина Агенцијата за млади и спорт организира прием за поголемиот дел од карате
тимот и стручните лица, на кој беа претставени импресиите од ЕП, но стана збор и за идните
очекувања на македонските каратисти.
🥋Мишовска со само 18 години, во категоријата до 50 килограми, до освојувањето на сребрениот
медал забележа четири победи, и тоа на дуелите со Ерминија Пефето (Италија, резултат 7-7),
Маријами Васадѕе (Грузија, 5-4), Корал Амос (Израел, 2-2), Стилијани-Елени Цилија (Грција, со
4-1 во полуфиналето со што уште еднаш покажа дека е голем потенцијал за женското карате
во Македонија
🇲🇰🥋Од другите македонски претставници на континенталниот шампионат во Задар, Петар
Заборски (категорија до 75 килограми) во борбата за бронзениот медал не успеа да го победи Тијаго Дуарте од Португалија и се пласира на петтото место, а машките тимови во кумите и во кати се пласираа на седмото место.
🇲🇰Голем успех за Македонија, за македонскиот спорт, со што се вмешавме меѓу 10-те најдобри
земји од вкупно 51 земја-учесник и вкупно 600 натпреварувачи.

📢Повикот за  избор на младински претставник во Управен одбор на Регионална канцеларија за младинска соработка трае до 15...
12/04/2024

📢Повикот за избор на младински претставник во Управен одбор на Регионална канцеларија за младинска соработка трае до 15.04.2024 ⏳

🙋‍♀️🙋 пријавете се

🤝Regional Youth Cooperation Office - RYCO

Ние користиме колачиња за да ви го овозможиме најдоброто корисничко искуство на нашата веб-страница

🙋‍♀️🙋‍♂️ЈАВЕН ПОВИК за избор на младински претставник во Управен одбор наRegional Youth Cooperation Office - RYCO📢ЈАВЕН ...
26/03/2024

🙋‍♀️🙋‍♂️ЈАВЕН ПОВИК за избор на младински претставник во Управен одбор на
Regional Youth Cooperation Office - RYCO

📢ЈАВЕН ПОВИК

за избор на младински претставник во Управен одбор на Регионална канцеларија за младинска соработка



⏳Повикот трае до 15.04.2024

За повеќе информации 👇
Линк 🔗

Ние користиме колачиња за да ви го овозможиме најдоброто корисничко искуство на нашата веб-страница

📢Агенцијата за млади и спорт организираше панел дискусија посветена на македонскиот спорт, со наслов „Инвестиции во спор...
19/03/2024

📢Агенцијата за млади и спорт организираше панел дискусија посветена на македонскиот спорт, со наслов „Инвестиции во спортот за нови спортски успеси“.

🏅Да се биде спортист да се посвети целиот живот на спортот не е воопшто лесно тоа бара голема жртва , затоа и се што може да се направи е да се возврати со решавање на проблемите кои ги засегаат спортистите како и подобрување на условите за спортот.

📢На панелот имавме можност да изнесеме се она што ние како Агенција за млади и спорт го направивме овие изминати години, и продолжуваме со цел подобрување на условите во спортот.
👉Во поглед на Финансиска поддршка на националниот спортски систем за 2021/2022/2023 и 2024 година од игри на среќа , субвенции во спортот, корисници на државната награда , спортски стипендии „Спортска надеж“ , спортски субјекти корисници на спортски ваучер , Категоризирани спортисти во меѓународна и светска категорија, корисници на национално спортско признание – „спортска пензија , исплатени се 3,773 милијарди денари или 61,36 милиони евра.

👉Во рамки на Агенцијата за млади и спорт, долги години наназад функционира Национална анти-допинг комисија каде сите досегашни активности се спроведуваат согласно меѓународните стандарди, согласно меѓународните конвенции, а тоа е во надлежност на оваа комисија, а комисијата преку нивните права, обврски и надлежности треба да прерасне во Национална Анти Допинг Организација или НАДО МКД.

👉Законот за спортот беше предложен од Министерството за правда и поднесен во
Собранието по скратена постапка со кои беа предложени и усвоени законските решенија со кои се обезбедуваат финансиски поттикнувања за
националните спортски федерации, спортските клубови, активни спортисти
и сите останати правни субјекти кои имаат решение за вршење на дејност спорт.

👉Како единстевна институција надлежна за спорт во државата заедно со подршката од Владата на Република Северна Македонија за спортот и спортистите направиме многу.
Изминативе години реконструиравме спортски игралишта, спортски сали , изградба на нови пливачки базени , извршивме реконструкција и изградба на повеќенаменски игралишта во државата.

📣10 милиони евра државни субвенции, директна поддршка за македонскиот спорт!🇲🇰⛹️🤾Спортистите, спортските клубови и спорт...
01/03/2024

📣10 милиони евра државни субвенции, директна поддршка за македонскиот спорт!🇲🇰

⛹️🤾Спортистите, спортските клубови и спортските федерации ќе бидат поддржани од државата со што ќе може да креираат услови за развој на домашниот и меѓународниот спорт!

🤝Благодарност до заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ за вложениот труд во измените на Законот за спорт.

👉Пристапивме кон модифицирање на постоечкиот модел познат каки ваучер систем и стигнавме до измени кои спречуваат било какви злоупотреби!

👉Со новата процедура корисници на овие средства ќе бидат оние кои искрено го сакаат и работат за напредок на спортот!

🇲🇰Досега поддржавме околу 20 илјади македонски спортисти и продолжуваме и натаму!

🤼‍♀️🇲🇰Три победи над претставничките од турската репрезентација и победа против Русинка на официјален турнир Г1 каде се ...
24/02/2024

🤼‍♀️🇲🇰Три победи над претставничките од турската репрезентација и победа против Русинка на официјален турнир Г1 каде се собираат бодови за олимписката ранг листа е успех со кој можат да се пофалат само натпреварувачите од светска класа.
🤼‍♀️Ова е остварувањето на Македонската таеквондистка Милијана Рељиќ на последниот Г1 турнир во Турција и истовремено причина за прием во Агенцијата за млади и спорт.
🇲🇰Младите спортски надежи се иднината на Македонскиот спорт, а Мила е една од талентите од кои се очекуваат медали на големи спортски натпреварувања .

👉Мила во придружба на својот тренер Александар Ефтимов говореа за импресиите од Турција, потенцирајќи ја огромната конкуренцијата во женското таеквондо во Турција која произлегува од податокот дека на последното државно првенство во Турција само во нејзината категоријата, Рељиќ имаше 250 натпреварувачи, а на последната Олимпијада во Токио само Турција имаше квалификувани натпреварувачки во сите женски категории.

🇲🇰🏂Македонската скијачка надеж  Филип Димовски, оствари историска победа на 49 издание на едно од најголемите и најстари...
15/02/2024

🇲🇰🏂Македонската скијачка надеж Филип Димовски, оствари историска победа на 49 издание на едно од најголемите и најстари европски натпреварувања во алпско скијање за млади до 16 години, Покал Лока во Словенија.

🥇Во силна конкуренција на 240 натпреварувачи од 26 земји, Димовски ја заврши слаломската трка на прво место, триумфирајќи пред Матеј Магдолен од Словачка и Апостолос Летсиос од Грција.

🤝Тоа беше повод за организирање на прием во Агенцијата за млади и спорт, на кој освен младиот скијач присуствуваше и претседателот на скијачка федерација Дејан Пановски.

🇲🇰Остварувањето на Филип е од големо значење за македонското скијање од повеќе причини. Имено тој е показател дека индивидуалните спортови одат во нагорна линија, но е и единствен македонец кој застанал на пиедестал во алпско скијање. Агенцијата за млади и спорт секогаш е на располагање кога се во прашање младите спортски таленти.

🤝Пановски е задоволен од резултатите на младите скијачки надежи, потенцирајќи ја важноста на поддршката од страна на Агенцијата за млади и спорт.

🥈🥋Сребрениот медал за Витомир Трајковски на Европското карате-првенство што од 9 до 11 февруари се одржа во Тбилиси, Гру...
14/02/2024

🥈🥋Сребрениот медал за Витомир Трајковски на Европското карате-првенство што од 9 до 11 февруари се одржа во Тбилиси, Грузија беше причина за организирање на прием во Агенцијата за млади и спорт.

🥋Зачестените посети на каратистите укажуваат на квалитет кој го поседуваат и можеме да заклучиме дека во овој спорт сме рамо до рамо со најразвиените европски земји.
🤝Витомир е победник поради фактот што тој е носител на сребрен медал без ниеден пораз.

🥋🇲🇰Претставникот на KK „Макпетрол“ е единствениот член на македонската репрезентација кој на шампионатот се закити со одличје. Трајковски се натпреваруваше во возрасната категорија У-21, и се пласира во финалето во тежинската категорија до 84 килограми.
Витомир Трајковски претходно извојува четири победи во елиминацискиот дел од првенството

🤝На приемот присуствуваа претставници од карате федерацијата, како и неговиот тренер, селектор, чие мислење е дека моменталната позиција на Витомир на светстката ранг листа во У21 (3), како и моменталното 56 место во сениорска категорија ја иницираат потребата за учество на сите претстојни Премиер и Светски лиги и собирање на поени за влегување во 32 најдобри во светот, како предуслов за настап на светско првенство, што е новина во светот на каратето.

🗣️Денеска се одржа третиот состанок на “ПРОЕКТНИОТ СОВЕТОДАВЕН ОДБОР”  од Заедничкиот регионален  проект за зајакнување ...
08/02/2024

🗣️Денеска се одржа третиот состанок на “ПРОЕКТНИОТ СОВЕТОДАВЕН ОДБОР” од Заедничкиот регионален проект за зајакнување на улогата на младите во промовирање зголемено меѓусебно разбирање, конструктивни наративи, почитување на различностите и доверба во Албанија,Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Србија и Косово
🙋‍♀️🙋„Млади за инклузија, еднаквост и доверба“

👉На состанокот присуствуваа Росана Дуџак, постојан координатор на ОН во Северна Македонија, Директорот на Агенција за млади и спорт Наумче Мојсовски , како и останатите членови на проектниот советодавен одбор.
👉📑На состанокот беа презентирани досегашните резултати од реализираните активности во 2023 година, како и планот за реализација на активности за 2024 година.

🤝Ја истакнавме успешната соработка при реализација на проектот, каде Агенцијата за млади и спорт е институционален партнер . Изразивме задоволство од постигнатите резултати, а како и досега продолжуваме да соработуваме со УН агенциите (UNDP MK , UNFPA North Macedonia , UNESCO, UN Women , UNICEF MK) со цел реализација на стратешките приоритети од Националната стратегија за млади , како и реализација на законските одредби од Законот за младинско учество и младински политики.

🤝Продолжуваме со заеднички ангажман за поголемо вклучување на младите во одлучувачките процеси, како и јакнење на капацитетите на службениците за млади и членовите на Локалните совети за млади.

🤝На покана на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност денеска бевме учесници на настанот “Градење...
07/02/2024

🤝На покана на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност денеска бевме учесници на настанот “Градење на политики и стратегии за млади со носители на одлуки од различни сектори”

🗣️Учествувавме со активна дискусија во работните групи заедно со Сојуз за младинска работа/Union for Youth Work , Национален младински совет на Македонија - НМСМ / NYCM / KRNM и Коалиција Сега , нашите соработници и помагатели , партнери во низа процеси изминатиот период за признавање и афирмација на младинската работа и работници, во сите активности во насока на подобрување на положбата на младите луѓе.

🙋‍♀️🙋Како Агенција за млади и спорт целиме кон целосна имплементација на Законот за младинско учество.

🗣️📑Службеник за млади, како позиција, за прв пат се воведува со Законот за младинско учество и младински политики.

🤝Заедничката соработка е клучна за подобрување на условите на младите , заедно алармираме и апелираме до сите надлежни институции на централно и локално ниво во целост да го спроведат Законот за младинско учество.

🙋‍♀️🙋Млади , Ве известуваме дека 📢повикот е продолжен до ⏳🗓️09/02/2024 . 🗣️Важно е дека сите оние апликации кои пристигн...
05/02/2024

🙋‍♀️🙋Млади ,
Ве известуваме дека 📢повикот е продолжен до ⏳🗓️09/02/2024 .

🗣️Важно е дека сите оние апликации кои пристигнаа досега, ќе бидат земени во предвид.

👉Повеќе инфо 👇

Линк :
🔗

Ние користиме колачиња за да ви го овозможиме најдоброто корисничко искуство на нашата веб-страница

Address

Ulica Makedonija Br. 38
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:30 - 16:30
Tuesday 08:30 - 16:30
Wednesday 08:30 - 16:30
Thursday 08:30 - 16:30
Friday 08:30 - 16:30

Telephone

+38923119628

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Агенција за млади и спорт / Agency of youth and sport posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Агенција за млади и спорт / Agency of youth and sport:

Share