Агенција за промоција и поддршка на туризмот

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Агенција за промоција и поддршка на туризмот

Агенција за промоција и поддршка на туризмот Агенција за Промоција и Поддршка на Туризмот (АППТ)

🇲🇰🤝🇯🇵 JICA во посета на Југозападниот регион на Македонија!Во изминатите два дена, претставници од Јапонската агенција з...
29/07/2025

🇲🇰🤝🇯🇵 JICA во посета на Југозападниот регион на Македонија!

Во изминатите два дена, претставници од Јапонската агенција за меѓународна соработка – JICA беа гости на директорката Билјана Стефаноска, која активно работи на тоа токму Македонија да биде избрана за новиот JICA проект во Западен Балкан.

📍 Предложен е Југозападниот регион, а во таа насока се одржаа средби со:
🔹 Градоначалникот на Општина Охрид – г-дин Кирил Пецаков
🔹 Градоначалникот на Општина Вевчани – г-дин Спасе Кочовски
🔹 Претставници од Секторот за туризам при Општина Струга

Целта е да се покаже потенцијалот на регионот за одржлив туризам, заштита на животната средина и културно наследство.

🌿 Голема благодарност до JICA за интересот – чекор по чекор, кон нова развојна шанса за Македонија!

#ОдржливТуризам #ЈугозападенРегион #Охрид #Вевчани #Струга #ЗеленРазвој #Македонија

Викенд дестинација: Преспа и островот Голем ГрадПрирода, историја и авантура на едно место!Откриј ја Преспа, скапоцен би...
10/07/2025

Викенд дестинација: Преспа и островот Голем Град

Природа, историја и авантура на едно место!
Откриј ја Преспа, скапоцен бисер на југозападна Македонија, каде времето тече побавно, а природата те прегрнува.

Пловење со чамец до „Змискиот остров“. Истражување на древни цркви и археолошки остатоци и враќање со полни срца.

Директорката на АППТ, Билјана Стефаноска, во Охрид на работна средба со претставници на туристички организации од Шумади...
05/07/2025

Директорката на АППТ, Билјана Стефаноска, во Охрид на работна средба со претставници на туристички организации од Шумадискиот округ на Р.Србија, и почесниот конзул на Р. Србија во Охрид, г. Михајло Филев 🇲🇰🤝🇷🇸

На средбата се дискутираше за унапредување на регионалната соработка и зголемување на туристичката размена помеѓу двете земји. Со нашите драги пријатели и соговорници:
• Саша Голубовиќ, директор на Туристичката организација на општина Баточина,
• Мирјана Миленковиќ, директорка на Туристичката организација на градот Крагуевац, заедно со Ирена Којовиќ и Душан Жупљаниќ,
• Јована Ивановиќ и Жељка Александровиќ од Туристичката организација на општина Аранѓеловац,
• Милица Јовановиќ и Лидија Крстиќ од Туристичката организација на општина Топола,
• Невена Обрадовиќ, директорка на Туристичката организација на општина Горњи Милановац, со нејзини колеги.

Посебен акцент беше ставен на потенцијалот на Охрид и југозападниот регион на Македонија како атрактивна дестинација за посетители од Р. Србија.

Со задоволство ве информираме дека добивме покана за бесплатно учество на Саемот за туризам во Крагуевац, кој ќе се одржи од 06 до 08 ноември 2025 година, како можност за зајакнување на туристичката соработка.

Оваа средба претставува уште една потврда за посветеноста на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) во градењето трајни партнерства и позиционирањето на Македонија како значајна туристичка дестинација на Балканот.

Викенд дестинација: Охрид и Св. Наум – духовен мир и природна убавина. Дополнителна станица: Заливот на коските – Миќов ...
03/07/2025

Викенд дестинација: Охрид и Св. Наум – духовен мир и природна убавина. Дополнителна станица: Заливот на коските – Миќов Град

Оваа недела ве покануваме на патување кое ги спојува историјата, културата и природата – кон градот Охрид и манастирот Св. Наум Охридски Чудотворец.

На пат кон манастирот Св. Наум или при враќање назад кон Охрид, задолжително застанете во уникатниот музеј на вода „Заливот на коските“, лоциран во Градиште – Миќов Град.

🇦🇺🇲🇰Директорката на АППТ, Билјана Стефаноска, во средба со заменик-амбасадорот на Австралија, Фил Андерсон, и почесниот ...
01/07/2025

🇦🇺🇲🇰Директорката на АППТ, Билјана Стефаноска, во средба со заменик-амбасадорот на Австралија, Фил Андерсон, и почесниот конзул Зоран Костовски

Директорката на АППТ, Билјана Стефаноска, го пречека заменик-амбасадорот на Австралија, Фил Андерсон во рамки на неговата проштална посета на Македонија.

На средбата се разговараше за зајакнување на врските меѓу двете земји преку културни настани, проекти во заедницата и поддршка на туризмот.

Директорката ја потенцираше важноста на македонската дијаспора во Австралија како мост за развој на туризмот и локалната економија.

Следниот пат, г. Андерсон ќе се врати – но како турист, за да ја доживее Македонија во нејзиното вистинско светло!

🎨 Билјана Стефаноска, директорка на АППТ, со целосна поддршка на големиот јубилеј:„40 години ликовна колонија – Дебрца  ...
29/06/2025

🎨 Билјана Стефаноска, директорка на АППТ, со целосна поддршка на големиот јубилеј:
„40 години ликовна колонија – Дебрца во срцето на Белчишта

Најстарата интернационална колонија во Македонија – симбол на уметничка традиција, интернационална размена и културен туризам.

🖼️ Уметност што трае и инспирира нови генерации.
АППТ со гордост стои зад културните вредности кои го негуваат регионот и го поставуваат Дебрца на мапата на културниот туризам.

Учество заземаа над 200 уметници, од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Грција, Полска, САД, Канада, Герамнија, Малезија, Русија, Узбекистан, Украина, Кипар, Монголија и други земји.

Директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Билјана Стефаноска, гостинка во утринската програма на М...
23/06/2025

Директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Билјана Стефаноска, гостинка во утринската програма на МТВ1, каде со водителката Кристина Талеска Големтеова разговараше за туризмот во Македонија.

🇲🇰🤝🇯🇵Средба со д-р Андријана Цветковиќ – првиот македонски амбасадор во Јапонија.Имавме чест и задоволство да оствариме ...
20/06/2025

🇲🇰🤝🇯🇵
Средба со д-р Андријана Цветковиќ – првиот македонски амбасадор во Јапонија.

Имавме чест и задоволство да оствариме конструктивен разговор со д-р Цветковиќ, со фокус на зајакнување на билатералните односи помеѓу Македонија и Јапонија, презентација на природните и културните убавини на нашата земја, како и размена на искуства.

Разговаравме за можностите за продлабочување на економската и културната соработка, со посебен акцент на промоција на македонскиот туризам и привлекување јапонски туристи во Македонија.

Ова претставува значаен чекор кон поголема меѓусебна поврзаност, разбирање и долгорочно партнерство.

Комплексот „Македонско село“, кој се наоѓа под Средно Водно кај Скопје, повторно ги отвори своите порти денес, по цели с...
19/06/2025

Комплексот „Македонско село“, кој се наоѓа под Средно Водно кај Скопје, повторно ги отвори своите порти денес, по цели седум години неактивност. Оваа вест е голема радост за љубителите на македонската традиција, култура и автентична архитектура.

„Македонско село“ е етно-комплекс кој прикажува автентични куќи и стилови од различни региони на Македонија, како што се:
• Тетовска,
• Беровска,
• Битолска,
• Крушевска,
• Охридска и други.

Секој објект е уреден во духот на традиционалната македонска архитектура, со цел да се зачува културното наследство и да се доближи до посетителите преку гастрономија, занаети, уметност и етно-содржини.

Повторното отворање:
• Денес, на 19 јуни 2025, официјално беше отворен комплексот за јавноста.
„Македонско село“ ќе биде достапно за туристи, ученици, студенти, како и за организирани културни настани и работилници.

Повторното отворање на „Македонско село“ е чекор напред во заживувањето на културниот туризам и афирмацијата на македонскиот идентитет. Се очекува тоа да стане една од најпосетуваните дестинации во околината на Скопје.

Интервју со Билјана Стефаноска, директорка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) во кое зборува за оч...
18/06/2025

Интервју со Билјана Стефаноска, директорка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) во кое зборува за очекувањата и плановите за летната туристичка сезона, за алтернативниот туризам и можностите на Македонија за развој на овој тип на туризам, во сите негови форми.

Интервју со Билјана Стефаноска, директорка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) во кое зборува за очекувањата и плановите за летната туристичка...

Конструктивен состанок со директорот на фестивалот „Охридско лето“ Ѓорѓи Цуцковски и директорката на Агенцијата за промо...
16/06/2025

Конструктивен состанок со директорот на фестивалот „Охридско лето“ Ѓорѓи Цуцковски и директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Билјана Стефаноска.

🎭 Целта – заедничка промоција на културниот туризам и претставување на „Охридско лето“ на интернационално ниво.
🇲🇰 Културата е мост кон светот – заедно ја позиционираме Македонија како атрактивна туристичка дестинација!
🌍 Нашата заедничка визија: Македонија како водечка културно-туристичка дестинација.

На состанокот беа разгледани можностите за заедничка промоција на фестивалот на интернационални пазари, како и креирање интегрирани туристички понуди кои ќе го спојат културното искуство со туристичката атрактивност на Охрид и регионот.

СОСТАНОК ПОМЕЃУ АГЕНЦИЈАТА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ И БИЗНИС КЛУБОТ МАКЕДОНИЈА–ГЕРМАНИЈАВо просториите на Аге...
13/06/2025

СОСТАНОК ПОМЕЃУ АГЕНЦИЈАТА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ И БИЗНИС КЛУБОТ МАКЕДОНИЈА–ГЕРМАНИЈА

Во просториите на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот се одржа работна средба помеѓу директорката г-ѓа Билјана Стефаноска и претставници на Бизнис Клубот Македонија–Германија, г-дин Драган Илиевски, г-дин Зибер Сељами и г-дин Гафар Вејсели, кои дадоа активно учество, конструктивни предлози и континуирана поддршка во унапредувањето на туристичките и културните иницијативи, како и за заложбата за подобрување на регионалната соработка.
Средбата беше фокусирана на размена на искуства и идентификување на можности за продлабочување на соработката помеѓу двете страни.

Во рамки на состанокот, Агенцијата изврши кратка презентација за главните туристички ресурси на земјата, вклучувајќи:
• Природни атракции: езерата, планините, националните паркови;
• Културно наследство: археолошки локалитети, верски објекти, традиционални манифестации;
• Гастрономија: автентична кујна, вински патишта и рурални искуства.

Дополнително, беа презентирани стратешките правци за развој на туризмот, со акцент на одржливост, дестинациски менаџмент и дигитална трансформација.

Можности за соработка со германски тур-оператори и инвеститори:
• Заеднички промотивни активности на германскиот пазар;
• Креирање туристички пакети насочени кон германските туристи;
• Организирање студиски тури за тур-оператори, новинари и инфлуенсери.

Размена на искуства со Бизнис Клубот Македонија–Германија:

Претставниците на Бизнис Клубот споделија конкретни предлози и иницијативи, меѓу кои:
• Идентификување на потенцијални германски партнери во областа на туризмот;
• Истражување на регионални пазари со висок интерес за автентични и одржливи дестинации;
• Поддршка за поврзување на македонски чинители со германски тур-оператори и инвеститори.

Address

Улица 11-ти Октомври бр. 13 Скопје/Центар
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 07:30 - 16:30
Tuesday 07:30 - 16:30
Wednesday 07:30 - 16:30
Thursday 07:30 - 16:30
Friday 07:30 - 16:30

Telephone

+38923223101

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Агенција за промоција и поддршка на туризмот posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Агенција за промоција и поддршка на туризмот:

Share