Општина Чучер-Сандево

Општина Чучер-Сандево Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Општина Чучер-Сандево, Political organisation, Општина Чучер-Сандево, Selo, Кучевиште, Skopje.

04/06/2026
🏃‍♂️Атлетски Крос-2026 Чучер-Сандево!🏃‍♀️📍Денес, се одржа традиционалниот атлетски крос, на кој учествуваа учениците од ...
03/06/2026

🏃‍♂️Атлетски Крос-2026 Чучер-Сандево!🏃‍♀️

📍Денес, се одржа традиционалниот атлетски крос, на кој учествуваа учениците од VI и VII одделение од основните училишта:

🏫 ООУ „Александар Урдаревски“ – с. Чучер-Сандево
🏫 ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – с. Кучевиште
🏫 ООУ „Михаљ Грамено“ – с. Блаце

👦Во трката учествуваа вкупно 30 ученици, поделени на 15 момчиња и 15 девојчиња, кои со голема натпреварувачка енергија и спортски дух ги покажаа своите способности.👧

🏅По завршувањето на трката, градоначалникот Зоран Бајовски свечено им ги додели пофалниците и наградите на победниците, како и признанија на сите ученици кои беа дел од оваа спрортска активност.

🎯Целта на атлетскиот крос е да се поттикнеме желбата за активен и здрав начин на живот кај младите генерации.

🤝Општина Чучер-Сандево ќе продолжи во наредниот период да поддржува и организира спортски настани и активности.

✨Заедно, чекор по чекор, до поздрава и по активна општина.

#АтлетскиКрос2026 #ЧучерСандево #АктивенЖивот

📚Денес, на 22.05.2026 година, по повод празникот Св. Кирил и Методиј, го прославивме патрониот празник на ООУ „Св. Кирил...
22/05/2026

📚Денес, на 22.05.2026 година, по повод празникот Св. Кирил и Методиј, го прославивме патрониот празник на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ с. Кучевиште.

✨Ги чествуваме нашите светци кои преку својата животна мисија ни оставија јазик, писменост и знаење, а нивната жртва и посветеност ни го укажаа патот кон иднината.

👏Изразуваме голема пофалба до директорката Верче Славковиќ, наставниците, учениците и вработените во училиштето, кои го обележаа овој значаен ден со прекрасна музика, игра и културно-уметничка програма.

🎓Продолжуваме да чекориме по стапките на нашите учители, следејќи ги нивните идеали, вредности и љубов кон знаењето.

📸Во прилог се фотографии кои ја доловуваат енергијата и атмосферата од денешниот ден.

🙏 Денес, по повод празникот Вознесение Христово – Спасовден, свечено беше обележан почетокот на обновувањето и изградбат...
21/05/2026

🙏 Денес, по повод празникот Вознесение Христово – Спасовден, свечено беше обележан почетокот на обновувањето и изградбата на црквата „Св. Спас“ на локалитетот Вирдание во с. Бразда.

⛪️ Со свечен чин се одржа осветување и полагање на камен-темелникот, при што членовите на црковниот одбор, градоначалникот, министерот за култура и туризам, заменик-министерот за социјална политика, како и донаторите, симболично положија малтер врз темелите на новиот храм.

🤝 Голема благодарност до сите кои учествуваа и придонесоа за почетокот на изградбата, а воедно апелираме до сите кои сакаат да се приклучат и да дадат свој придонес.

✝️ Со овој чин успеваме да го вратиме духот и културното наследство на нашите предци. Нека е за многу години празникот!

📸 Во прилог објавуваме фотографии кои го доловуваат духот и атмосферата на свечениот ден.

Осма Седница на Советот на Општина Чучер-Сандево - 20.05.2026Денес, на ден 20.05.2026 година (среда), со почеток во 11:0...
20/05/2026

Осма Седница на Советот на Општина Чучер-Сандево - 20.05.2026

Денес, на ден 20.05.2026 година (среда), со почеток во 11:00 часот се одржа осмата седница на Советот на Чучер-Сандево.

Донесените одлуки ќе бидат јавно достапни во Службениот гласник на Општина Чучер-Сандево, кој наскоро ќе биде достапен на нашата веб-страна.

🌐cucersandevo.gov.mk

-Во продолжение е предлог-дневен ред за осмата седница.

📍Денес, 18.05.2026 година, градоначалникот Зоран Бајовски и администрацијата на Општина Чучер-Сандево одржаа средба заед...
18/05/2026

📍Денес, 18.05.2026 година, градоначалникот Зоран Бајовски и администрацијата на Општина Чучер-Сандево одржаа средба заедно со Секторот за промоција и анализа на туризмот, меѓународна соработка, користење на ЕУ и други фондови при министерството за култура.

🎯Целта на средбата беше да се разгледаат можностите и предизвиците во областа на туризмот во Чучер-Сандево, како и насоките за негов понатамошен развој.

⛪Главен акцент беше ставен на важноста од промовирањето на богатата култура и историја на нашата општина, што ќе придонесе за зголемен интерес и развој на туризмот. Посебно беше потенцирана потребата од мапирање на сите манастири и културно-историски локалитети во општината.

🤝Општина Чучер-Сандево е подготвена да продолжи со соработка и активности насочени кон унапредување на туристичкиот потенцијал и промоција на локалните културни и природни богатства.

🤝 Општина Чучер-Сандево со задоволство продолжува со поддржување на настани кои ја чуваат традицијата и го градат заедни...
11/05/2026

🤝 Општина Чучер-Сандево со задоволство продолжува со поддржување на настани кои ја чуваат традицијата и го градат заедништвото во нашата општина.

Благодарност до сите учесници и организатори за одлично реализираната програма како и настапите, со кои се долови духот на нашето културно наследство.

♻️Продолжува пролетната акција „Генералка Викенд 2026“ во Општина Чучер-Сандево.Денес преку заедничко учество на админис...
09/05/2026

♻️Продолжува пролетната акција „Генералка Викенд 2026“ во Општина Чучер-Сандево.

Денес преку заедничко учество на администрацијата и екипите на ЈКП Скопска Црна Гора беа исчистени повеќе локации низ нашата општина.

🙏Изразуваме голема благодарност до сите волонтери, жители и учесници кои помогнаа заедно да ставиме крај на дивите депонии.

🌍Заедно создаваме поздрава и побуава општина за живеење.

#чучерсандево #заиднитегенерации #одграѓанизаграѓани

📢 Денес, на првиот ден од пролетната акција „Генералка Викенд 2026“, активно ни се приклучија учениците и најмалите дечи...
08/05/2026

📢 Денес, на првиот ден од пролетната акција „Генералка Викенд 2026“, активно ни се приклучија учениците и најмалите дечиња од предучилишна возраст од основните училишта и детската градинка: ООУ „Александар Урдаревски“ и ЈОУДГ „Мило Мое“ од с. Чучер-Сандево, ООУ „Св. Кирил и Методиј“ с. Кучевиште и ООУ „Михаљ Грамено“ с. Блаце.

🕙 Со почеток во 10:00 часот, најмалите дечиња од предучилишна возраст и учениците активно учествуваа во собирањето отпад низ училишните дворови, како и по локалните улици околу училиштата.

♻️ Акцијата се одвиваше низ поблиските локални улици. Беше исчистен и собран отпад пред споменикот на херојот Александар Урдаревски – Станко, како и пред културниот дом ОЈУ Партизански дом „Сандево“.

👏 Изразуваме искрена благодарност до сите ученици, дечиња, наставници и воспитувачи кои учествуваа и ја покажаа својата грижа, посветеност и труд за почиста, поубава и поздрава општина и животна средина.

📅 Акцијата „Генералка Викенд“ продолжува утре, 09.05.2026 година, со официјален старт во 09:00 часот и ќе трае во текот на целиот викенд.

📸 Во прилог се фотографии кои ја покажуваат грижата, одговорноста и љубовта кон нашата општина и околината.

Address

Општина Чучер-Сандево, Selo, Кучевиште
Skopje
1011

Opening Hours

Monday 08:30 - 16:30
Tuesday 08:30 - 16:30
Wednesday 08:30 - 16:30
Thursday 08:30 - 16:30
Friday 08:30 - 16:30

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Општина Чучер-Сандево posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Општина Чучер-Сандево:

Share