Државен архив на Република Македонија

Државен архив на Република Македонија Сите новости и настани на Државниот архив на Република Македонија на едно место

Државниот архив на Република Македонија е формиран во 1951 година. Од 1926 до 1941 година функционира Државен архив под непосредно раководство на Државната архива на Србија од Белград. Донесувањето општ закон за државните архиви во Југославија во 1950 година, беше основа на 6 јануари, 1951 година Народното собрание на НР Македонија да го усвои Законот за државните архиви со кој беше поставено и со

здавањето на Архивот на Македонија (тогаш Државен архив на НР Македонија).

Веднаш по формирањето, Државниот архив на Република Македонија пристапува кон формирање мрежа на архивски установи низ Република Македонија. Најнапред тоа се архивски средишта при Народните музеи, а подоцна тие прераснуваат во самостојни институции. Од 1990 година се врши интеграција на архивската служба во Македонија со што самостојните архивски установи низ Републиката стануваат одделенија.

Државниот архив на Република Македонија сопствената организациско-функционална поставеност ја црпи според природата на работите и функциите што се стандардни и карактеристични за еден современ архив. Такви се следните функции:
- управување и раководење со Архивот;
- вршење инспекциски надзор и давање стручна помош во заштитата на архивскиот материјал што настанува кај имателите;
- заштита на архивскиот материјал во Архивот;
- средување и обработка на архивските фондови и материјал во Архивот;
- организирање служба за информации, достапност и користење на архивскиот материјал во специјализирана читална;
- истражување на архивски материјал во земјата и странство;
- публикување на архивски материјал и научно-информативни средства;
- презентација и популаризација на архивскиот материјал;
- изградување единствен информациски систем на ДАРМ;
- организирање општа служба за правни, кадровски, финансиски, канцелариско-архивски и безбедносни работи.
Оттаму и организациската поставеност на Државниот архив на Република Македонија произлегува од групирањето на гореспоменатите функции и дејности според својата функционална сродност и поврзаност.

па па па
08/10/2022

па па па

Во македонскиот речник навистина постојат зборови кои сликовито и совршено можат да опишат личност, карактер или некоја состојба. Подлец е...

Псевдонимите биле важен елемент на конспиративната техника на Македонската револуционерна организација. Членовите на Мак...
25/05/2017

Псевдонимите биле важен елемент на конспиративната техника на Македонската револуционерна организација. Членовите на Македонската револуционерна организација, работејќи во тајност, во своите преписки ги користеле измислените имиња на личности, а, исто така, и на држави, градови, села и др. Личностите, како правило, добивале или конспиративни имиња или псевдоними-прекари (псевдоними според некоја особина, потеклото, занаетот итн.).Картотеката „Псевдоними на ВМРО“ содржи и дешифрирани псевдоними што досега уште не беа разоткриени.

Едицијата „Драган Богдановски - Мојата борба за Македонија“ е издание на Државниот архив  во кое е сублимирано творештво...
11/05/2017

Едицијата „Драган Богдановски - Мојата борба за Македонија“ е издание на Државниот архив во кое е сублимирано творештвото, животот и борбата на Драган Богдановски. Тој како политички деец остави зад себе богат публицистички материјал како за историски, така и за актуелни теми од времето во кое делувал. Богдановски заедно со целиот арсенал на т.н „македонски екстремизам“ со години беа табу тема во македонската историографија

Ова мошне значајно дело се состои од 840 страни и на едно место ги собира написите и статиите за Македонија од крајот на...
24/04/2017

Ова мошне значајно дело се состои од 840 страни и на едно место ги собира написите и статиите за Македонија од крајот на 19. век до создавањето на независна Република Македонија. Kако дел од четиритомната едиција „Македонија во странскиот печат“ oпфаќа весници од повеќе земји, од кои во овој том се претставени Австралија, Нов Зеланд, Австрија, Бугарија, Германија, Русија, САД, Србија, Франција и Хрватска

Зборникот документи „Илинденските сведоштва“ том 1 и 2 од Ленина Жила, Јасмина Дамјановска и Филип Петровски вечер ќе би...
10/04/2017

Зборникот документи „Илинденските сведоштва“ том 1 и 2 од Ленина Жила, Јасмина Дамјановска и Филип Петровски вечер ќе биде промовиран во арт-кафе „Концепт 37“. Издавач на делото е Државниот архив на Република Македонија (ДАРМ).

„Илинденски сведоштва“ – тоа е условен наслов на комплекс документи од фондот 159 „Извршен совет на НРМ. Одбор за доделување илинденски пензии. Досиеја на признати илинденци (1946-1956)“, кој се чува во во Државниот архив на Република Македонија. - Илинден е темел на нашата држава. Без саможртвата н...

04/04/2017

-Над 155 постоечки статии за личности од македонско револуционерно минато се веќе надополнети со научно-потврдени сознанија, креирани се 40 нови статии за историски личности од овој период на Википедија на македонски јазик, соопшти Државниот архив. Овој проект се реализира од 20 јануари 2017 година…

Отворање на саемот на книга - цените на сите изданија на Државен архив се снижени за 30%
03/04/2017

Отворање на саемот на книга - цените на сите изданија на Државен архив се снижени за 30%

На денешен ден пред 66 години основан е Државниот архив на Република Македонија. Во својот неколку децениски развој прер...
01/04/2017

На денешен ден пред 66 години основан е Државниот архив на Република Македонија. Во својот неколку децениски развој прерасна во институција која претставува еден од столбовите на македонскиот национален идентитет и државност!

22/03/2017
EURBICA – Eвропски регионален огранок на Меѓународниот архивски совет (European Board of the International Council on Ar...
12/01/2017

EURBICA – Eвропски регионален огранок на Меѓународниот архивски совет (European Board of the International Council on Archives) во кој директорот на Државниот архив на Република Македонија, Д-р Филип Петровски е член на извршниот и уредувачки одбор.
Целите и задачите на EURBICA се во согласност со генералните цели на Меѓународниот архивски совет - МАС: воспоставување, одржување и јакнење на односите меѓу архивистите во регионот и меѓу сите институции, професионални тела и организации што се занимаваат со заштита и со управување на архивски материјал; преземање мерки за заштита од сите ризици врз архивското наследство во регионот и понатамошен развој на сите аспекти на управувањето и заштитата на тој архивски материјал; олеснување на користењето на архивскиот материјал во регионот по пат на обезбедување информации, нивно објавување и овозможување полесен пристап до нив; промовирање, организирање и координирање активности на полето на архивистиката; олеснување на професионалната обука на архивистите во регионот; соработка на други организации и институции што се занимаваат со документација и користење документација во корист на човештвото и организирање семинари, симпозиуми и други средби на специфични теми од заеднички интерес на членките од регионот.

Check out our EURBICA webpage (http://www.ica.org/en/about-eurbica) and Facebook for news on European archives. Send us your news and promote your work! It is also a good time to be more involved in EURBICA activities, as exciting projects are underway - you can contact us for more information."

Почитувани,Ве информираме дека Државниот архив на Република Македонија ги објави четирите прирачници на Меѓународни стан...
21/12/2016

Почитувани,

Ве информираме дека Државниот архив на Република Македонија ги објави четирите прирачници на Меѓународни стандарди за архивско работење, изготвени од Меѓународниот архивски совет:
1. Општ меѓународен стандард за опис на архивски материјал (General International Standard Archival Description - ISAD (G), второ издание;
2. Меѓународен стандард за архивски стандардизирани записи за правни, за физички лица и за семејства (International Standard Archival Authority Record for Corporate Bodies, Persons and Families - ISAAR (CPF), второ издание;
3. Меѓународен стандард за опис на институциите со архивски материјал(International Standard for Describing Institutions with Archival Holdings - ISDIAH),прво издание и
4. Меѓународен стандард за опис на функциите (International Standard for Describing Functions - ISDF), прво издание.Овие прирачници се неопходна стручна литература за сите што се занимаваат со архивистика и со архивско работење.
Државниот архив ќе продолжи да ги објавува сите нови архивски стандарди, кои постојано се дополнуваат од комитетите за најдобри искуства и стандарди при Меѓународниот архивски совет. Прирачниците се достапни и во електронска форма на веб-страната на Државниот архив www.arhiv.gov.mk.

Државниот архив на Република Македонија го објави новиот број на списанието „Македонски архивист“. Со поднаслов „Територ...
07/12/2016

Државниот архив на Република Македонија го објави новиот број на списанието „Македонски архивист“. Со поднаслов „Територијалната поделба на Република Македонија и референдумот од 2004 “. Овој број содржи документи од фондот 1515 Претседател на Влада на РМ (1990-2006).
Списанието е достапно за сите во електронска форма и може да се најде и преземе на Scribd, на следниов линк:

Издание на ДАРМ кое содржи документи за територијалната поделба на Република Македонија и референдумот за истата од 2004та година. Број на страници 184. 300 мегабајти.

Address

Skopje
1137

Opening Hours

Monday 08:30 - 16:30
Tuesday 08:30 - 16:30
Wednesday 08:30 - 16:30
Thursday 08:30 - 16:30
Friday 08:30 - 16:30

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Државен архив на Република Македонија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Државен архив на Република Македонија:

Share