Општина Гази Баба

Општина Гази Баба ул. „Архимедова“ бр.2 +389 (0)2 322 66 55 Општина Гази Баба

🎓 Гордост, знаење и успех – нашите првенци на генерација! 🏆 Денес градоначалникот Бобан Стефковски им додели признанија ...
10/06/2026

🎓 Гордост, знаење и успех – нашите првенци на генерација!

🏆 Денес градоначалникот Бобан Стефковски им додели признанија и парични награди на првенците на генерација од општинските основни училишта на територија на Општина Гази Баба.

📚 Станува збор за млади луѓе кои со својот труд, посветеност, дисциплина и љубов кон знаењето покажаа дека успехот не доаѓа случајно, туку е резултат на многу вложен труд и истрајност. Токму затоа, нивните постигнувања заслужуваат да бидат препознаени и вреднувани.

⭐ Особено сме горди на нашите првенци Никола, Теона, Петра, Јасмин, Калина, Деа, Стефан, Ева, Ана, Милијана и Ева, кои денес се пример за своите врсници и вистински амбасадори на знаењето, образованието и младинскиот потенцијал во нашата општина.

👏 Нивниот успех е резултат не само на нивната посветеност, туку и на поддршката што ја добиваат од своите родители, наставници и училишта. Затоа, искрени честитки упатувам и до сите кои беа дел од нивниот пат до овој значаен успех.

🏫 Инвестирањето во младите е најдобрата инвестиција што можеме да ја направиме за иднината на Гази Баба. Затоа ќе продолжиме да ги поддржуваме учениците кои постигнуваат врвни резултати и да создаваме услови во кои секое дете ќе има можност да го развие својот потенцијал.

🎉 Честитки за заслуженото признание! Вие сте гордост на вашите семејства, на вашите училишта и на цела Гази Баба.

🏆 Ги наградивме најдобрите: Завршија училишните спортски лиги!🙌 Денес го одбележавме затворањето на училишните спортски ...
09/06/2026

🏆 Ги наградивме најдобрите: Завршија училишните спортски лиги!

🙌 Денес го одбележавме затворањето на училишните спортски лиги во Општина Гази Баба за учебната 2024/2025 година и ги наградивме најуспешните екипи и поединци кои во текот на годината покажаа исклучителна посветеност, талент и спортски дух.

⚽️ Во изминатите месеци стотици ученици од основните училишта во нашата општина беа дел од бројни спортски натпревари, покажувајќи дека спортот е многу повеќе од игра – тој е училиште за дисциплина, одговорност, тимска работа и меѓусебна почит.

🏀 Денешните пехари, медали и признанија се заслужена награда за вложениот труд, за часовите поминати на тренинзи, за желбата за напредок и за спортската борба што ја покажаа нашите ученици на спортските терени.

👏 Честитки до сите победници и наградени ученици, но и до сите учесници кои со своето присуство и ангажман придонесоа оваа спортска сезона да биде успешна и исполнета со позитивна енергија.

🎖️ Посебна благодарност градоначалникот упати до наставниците по физичко образование, директорите на училиштата, тренерите и родителите кои секојдневно ги мотивираат младите да спортуваат, да се развиваат и да ги негуваат вистинските вредности.

💪 Како локална самоуправа продолжуваме да инвестираме во училишниот спорт, затоа што веруваме дека здравите навики, физичката активност и спортскиот дух се темел за правилен развој на секое дете и за создавање успешни генерации.

🌟 Нашите ученици уште еднаш покажаа дека Гази Баба има талентирани, вредни и амбициозни млади луѓе кои се наша сегашност, но и наша иднина.

🏅 Честитки до сите наградени и успешен летен распуст на сите ученици!

#ГазиБаба #УчилишенСпорт #СпортскиЛиги #МладиШампиони

08/06/2026
📢 ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕР КЛИМИ ВО 2026 ГОДИНА!💰 Се доделува надомест до 50% од трошоците за купување висок...
08/06/2026

📢 ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕР КЛИМИ ВО 2026 ГОДИНА!

💰 Се доделува надомест до 50% од трошоците за купување високоефикасен инвертер клима уред, но не повеќе од 20.000 денари.

🏠 Право на учество имаат жителите на Општина Гази Баба кои ќе набават инвертер клима уред за своето домаќинство во текот на 2026 година.

❌ Право на субвенција немаат домаќинствата кои имаат приклучок на градско централно греење, без разлика дали го користат или не.

🔥 Услов е барателот да користи печка на дрва, јаглен, нафта или мазут и истата да ја предаде на Општината по добиено известување од Комисијата.

✅ Инвертерот мора да има најмалку COP 5, да грее на температура до -15°C и да биде најмалку А+ енергетска класа.

📄 Потребно е да се достави комплетна документација, вклучувајќи фискална сметка или фактура, фотографија од постојната печка, нотарски заверена изјава и останатите документи наведени во јавниот повик.

📬 Барањата се поднесуваат во Архивата на Општина Гази Баба, ул. „Архимедова“ бр. 2, секој работен ден од 07:30 до 16:30 часот.

🌿 Искористете ја можноста за поекономично и поеколошко затоплување на вашиот дом!

ℹ️ Повеќе информации и потребните обрасци можете да најдете на линкот на јавниот повик: https://gazibaba.gov.mk/javen-povik-za-nadomestuvanje-na-del-od-trosocite-na-graganite-na-podrachjeto-na-opstina-gazi-baba-za-kupuvanje-na-visokoefikasni-inverter-klima-uredi-za-2026-godina/

✝️ СЛАВА НА ГОСПОД ЗА ОВОЈ ДЕН!🙏 Денес во дворот на Црквата „Св. Георгиј“ во Трубарево беше осветен величествениот 25-ме...
07/06/2026

✝️ СЛАВА НА ГОСПОД ЗА ОВОЈ ДЕН!

🙏 Денес во дворот на Црквата „Св. Георгиј“ во Трубарево беше осветен величествениот 25-метарски христијански крст – силен симбол на верата, надежта и духовното единство на нашиот народ.

⛪ Чинот на осветувањето го изврши Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во присуство на бројниот верен народ кој со молитва и радост го сподели овој историски момент.

✨ Исправен високо кон небото, крстот ќе биде вечен сведок на нашата вера, нашата традиција и нашата непоколеблива духовна сила.

❤️ Овој светол ден уште еднаш потврди дека кога сме обединети околу вистинските вредности – верата, семејството и љубовта кон ближниот – можеме да создадеме дела што ќе останат за генерациите што доаѓаат.

🙌 Нека овој крст биде благослов за Трубарево, за Гази Баба и за цела Македонија.

✝️ За многу години!

❤️ ХУМАНОСТА Е НАЈГОЛЕМАТА СИЛА НА ЕДНО ОПШТЕСТВО ❤️🏠 Кога ќе подадеме рака на човек во неволја, не менуваме само еден д...
06/06/2026

❤️ ХУМАНОСТА Е НАЈГОЛЕМАТА СИЛА НА ЕДНО ОПШТЕСТВО ❤️

🏠 Кога ќе подадеме рака на човек во неволја, не менуваме само еден дом – менуваме човечки судбини.

🙏 Ветеното го исполнуваме. Денес со голема радост градоначалникот Бобан Стефковски истакна дека реконструкцијата на кровот на домот на Катерина е успешно завршена. Но, нашата мисија не завршува тука. Веќе започнуваме со реконструкција на внатрешноста на домот, за Катерина и нејзините три дечиња да добијат достоинствени услови за живот, топол дом и сигурна иднина.

❤️ Најголемата вредност не е во ѕидовите што се обновуваат, туку во надежта што повторно се враќа во едно семејство. Во насмевките на децата. Во вербата дека не се сами и дека некој се грижи за нив.

🤝 Втората прекрасна вест е што по разговорот со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Катерина од следната недела започнува со работа во ЈП „Паркови и Зеленило“, согласно нејзината желба. Со тоа обезбедуваме не само моментална помош, туку и можност за стабилни и континуирани приходи за нејзиното семејство.

🌟 Вистинската хуманост не е само да помогнеш денес, туку да создадеш услови некој достоинствено да чекори напред и утре.

💪 Заедно покажуваме дека кога има човечност, солидарност и искрена желба да се помогне, нема нерешливи проблеми.

❤️ Продолжуваме да бидеме покрај оние на кои помошта им е најпотребна, затоа што секој човек заслужува шанса за подобар живот.

🏆 НАЈВИСОКО ОПШТИНСКО ПРИЗНАНИЕ И ПАРИЧНА НАГРАДА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ „ДАНЕ КРАПЧЕВ“ КОИ ЈА ПОСТАВИЈА МАКЕДОНИЈА НА ВРВО...
05/06/2026

🏆 НАЈВИСОКО ОПШТИНСКО ПРИЗНАНИЕ И ПАРИЧНА НАГРАДА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ „ДАНЕ КРАПЧЕВ“ КОИ ЈА ПОСТАВИЈА МАКЕДОНИЈА НА ВРВОТ НА СВЕТОТ!

🌟 Денес во просториите на Општина Гази Баба градоначалникот Бобан Стефковски ги прими учениците од ООУ „Дане Крапчев“, кои испишаа историја освојувајќи го второто место во светот на престижниот натпревар FIRST LEGO League во роботска игра.

🌍 Во конкуренција од 55 држави и повеќе од 1000 ученици од целиот свет, нашиот тим со освоени 525 бодови се искачи на самиот светски врв и уште еднаш докажа дека Македонија има млади таленти кои со своето знаење, креативност и посветеност можат рамноправно да се натпреваруваат со најдобрите во светот.

🏅 Како признание за овој историски успех и за афирмацијата на Општина Гази Баба и нашата држава на меѓународно ниво, им го доделивме највисокото општинско признание, како и парична награда од 10.000 денари за секој ученик и наставник-ментор кој е дел од победничкиот тим.

👏 Ова не е само победа на еден тим.

👏 Ова е победа на знаењето, трудот, упорноста и вербата дека со работа и посветеност нема недостижни цели.

💡 Седум месеци овие млади генијалци живееја за својот сон. Учеа, создаваа, експериментираа, се соочуваа со предизвици и никогаш не се откажаа. Денес нивниот успех е гордост за Гази Баба, за Скопје и за цела Македонија.

🌟 Искрени честитки и огромна благодарност до наставничката по информатика Марина Пејковска, која со својата стручност, пожртвуваност и љубов кон учениците седум месеци неуморно го водеше тимот кон овој историски резултат.

👏 Голема благодарност и до сите ментори кои со својата енергија, организација, визија и поддршка помогнаа секоја идеја да стане реалност и секој предизвик да се претвори во нова можност за успех.

🇲🇰 Вие сте нашата гордост, нашата иднина и најубавиот доказ дека Македонија има генерации кои можат да освојуваат светски врвови.

🚀 Продолжете да сонувате големи соништа, да создавате и да победувате – затоа што целиот свет веќе слушна за вас!

#Успех
#Гордост

👏🏻 ДОДЕЛЕНИ ПЛАКЕТИ И НАГРАДИ НА УЧЕСНИЦИТЕ НА ЕКОЛОШКИОТ КОНКУРС "ЗЕЛЕНА ОПШТИНА - НАША ЗДРАВА ИДНИНА"🌳👨‍🌾🏡По повод 5 Ј...
05/06/2026

👏🏻 ДОДЕЛЕНИ ПЛАКЕТИ И НАГРАДИ НА УЧЕСНИЦИТЕ НА ЕКОЛОШКИОТ КОНКУРС "ЗЕЛЕНА ОПШТИНА - НАША ЗДРАВА ИДНИНА"

🌳👨‍🌾🏡По повод 5 Јуни – Светскиот ден на животната средина, Општина Гази Баба денес организираше свечено доделување на плакети и награди за најуспешните учесници на еколошкиот конкурс „Зелена општина – наша здрава иднина, ваша“.
👦🧒Конкурсот беше наменет за децата од предучилишна возраст, учениците од основните училишта на територијата на општината, граѓаните, невладините организации и општествено одговорните компании со цел да се поттикнат еколошката свест, креативноста и активното учество на сите во зачувувањето и унапредувањето на животната средина.
🖼📝 Преку своите трудови и идеи, учениците покажаа дека ја препознаваат важноста на грижата за природата и дека се подготвени да бидат двигатели на позитивни промени во својата заедница.
👍🏻На денешниот настан беа наградени најдобрите кои преку креативен пристап испратија силни пораки за заштита на животната средина, одговорно однесување кон природните ресурси и создавање почиста и поздрава средина за идните генерации.
🌍🌱 Особено симболично е што доделувањето на наградите се одржа токму на Светскиот ден на животната средина – ден кој нè потсетува дека секој од нас има одговорност во зачувувањето на планетата. Иако изгледаат како мали чекори, ваквите иницијативи имаат големо значење за иднината, бидејќи преку нив се градат навики, се подигнува свеста и се поттикнува љубовта кон природата кај најмладите.
👏🏻 Општина Гази Баба им честита на сите наградени ученици, како и на сите учесници, наставници и ментори кои придонесоа за успешна реализација на конкурсот.
🧾Оваа посветеност е доказ дека заеднички можеме да создадеме позелена, почиста и поздрава иднина за сите.
💚 Заедно градиме зелена општина – наша здрава иднина, ваша!

🤝Директорот на БЈБ Александар Јанев во работна посета на Општина Гази Баба.Денес градоначалникот Бобан Стефковски имаше ...
04/06/2026

🤝Директорот на БЈБ Александар Јанев во работна посета на Општина Гази Баба.

Денес градоначалникот Бобан Стефковски имаше средба со директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.

На средбата разговараа за безбедносната состојба во Општина Гази Баба, актуелните предизвици и мерките што заеднички ги преземаме за унапредување на сигурноста и квалитетот на живот на нашите граѓани.

Посебен акцент ставија на безбедноста во училиштата, заштитата на учениците и создавањето безбедна и здрава средина за нивен раст и развој. Разговараа и за предизвиците поврзани со врсничкото насилство, при што се согласија дека превенцијата, едукацијата и навременото институционално делување се клучни во справувањето со оваа појава.

Безбедноста не е обврска само на институциите, туку заедничка одговорност на целото општество. Затоа, преку координирана соработка помеѓу локалната самоуправа, полицијата, училиштата, родителите и граѓаните, продолжуваме да градиме средина во која секое дете ќе се чувствува сигурно, а секој граѓанин заштитено.

Во знак на благодарност за успешната и континуирана соработка помеѓу Бирото за јавна безбедност и Општина Гази Баба, директорот Александар Јанев му додели пригодна плакета на градоначалникот Бобан Стефковски. Ова е признание и потврда за заедничката посветеност, меѓусебната доверба и искрената заложба за создавање побезбедна и посигурна општина за сите наши сограѓани.

Продолжуваме заедно, одговорно и посветено, во интерес на граѓаните на Гази Баба.

✅ДОМАЌИНСКО РАБОТЕЊЕ, ДИРЕКТНА ПОДДРШКА ЗА ГРАЃАНИТЕ!🚴 Денес градоначалнокот Бобан Стефковски ги додели решенијата за су...
04/06/2026

✅ДОМАЌИНСКО РАБОТЕЊЕ, ДИРЕКТНА ПОДДРШКА ЗА ГРАЃАНИТЕ!

🚴 Денес градоначалнокот Бобан Стефковски ги додели решенијата за субвенции за набавка на велосипеди и уште еднаш покажавме дека кога се работи домаќински, одговорно и посветено, резултатите се враќаат директно кај граѓаните.

💰 Буџетот на Општина Гази Баба е буџет на граѓаните. Затоа наша обврска е секој денар да го трошиме рационално и со јасна цел – да создадеме повеќе можности, повеќе поддршка и подобри услови за живот за сите жители.

🤝 Овие субвенции не се само финансиска помош за набавка на велосипед. Тие се инвестиција во поздрав животен стил, почиста животна средина и подобра иднина за нашата општина.

🌳 Секој нов велосипед на улиците значи помалку загадување, помал сообраќаен метеж и повеќе грижа за здравјето на нашите граѓани.

🏡 Како локална самоуправа остануваме посветени на реализација на мерки и проекти кои носат директна корист за граѓаните. Нашата цел е јасна – средствата да се враќаат назад кај луѓето преку конкретни политики што го подобруваат секојдневието.

✅ Продолжуваме со домаќинско и транспарентно управување.
✅ Продолжуваме со поддршка за граѓаните.
✅ Продолжуваме да инвестираме во проекти што создаваат вистинска вредност.

💙 Им честитаме на сите добитници на субвенциите и посакувам безбедни, пријатни и многу извозени километри со новите велосипеди.

Address

Arhimedova Br. 2
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Telephone

+38923226655

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Општина Гази Баба posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share