Собрание на Република Северна Македонија

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Собрание на Република Северна Македонија

Собрание на Република Северна Македонија Собранието на Република Северна Македонија е претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт на Републиката.

Собранието на Република Северна Македонија е еднодомно и го сочинуваат од 120 до 140 пратеници кои се избираат на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање. Мандатот на пратениците трае четири години и тие не можат да бидат отповикани.
Организацијата и функционирањето на Собранието се уредуваат со Уставот на Република Северна Македонија и Деловникот на Собранието.

Собранието на Републи

ка Северна Македонија:

-го донесува и изменува Уставот на Република Северна Македонија;
-донесува закони и дава автентично толкување на законите;
-ги утврдува јавните давачки;
-донесува републички буџет и завршна сметка на буџетот;
-донесува просторен план на Републиката;
-ратификува меѓународни договори;
-одлучува за војна и мир;
-донесува одлуки за менување на границите на Републиката;
-донесува одлуки за стапување и истапување од сојуз или заедница со други држави;
-распишува референдум;
-одлучува за резервите на Републиката;
-основа совети;
-избира Влада на Република Северна Македонија;
-избира судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија;
-врши избори, именување и разрешувања и на други носители на јавни и други функции утврдени со Устав и со закон;
-врши политичка контрола и надзор над Владата и над други носители на јавни функции што се одговорни пред Собранието;
-дава амнестија и врши други работи утврдени со Уставот.

Собранието за вршење на работите од својата надлежност донесува и одлуки, декларации, резолуции, препораки и заклучоци.

09/05/2025

📩ЧЕСТИТКА ГАШИ - 9 МАЈ 📩
Денот на Европа е симбол на мирот, единството и заедничката иднина на европските народи.
Во име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, го честитам овој важен ден кој нѐ потсетува на важноста, на солидарноста, соработката и негувањето на европските вредности.
Европската перспектива за нашата држава останува јасна цел кон одржлив развој, стабилност и благосостојба за сите граѓани. Како носител на демократскиот легитимитет, Собранието ќе продолжи активно да придонесува во напредокот на реформските процеси и усогласувањето со европските стандарди.
9 Мај нека биде поттик за уште посилна посветеност кон европската иднина!
________________________________________________________________
📩URIME GASHI - 9 MAJ📩
Dita e Europës është simbol i paqes, unitetit dhe së ardhmes së përbashkët të popujve europianë.
Në emër të Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe në emrin tim personal, uroj këtë ditë të rëndësishme që na rikujton rëndësinë e solidaritetit, bashkëpunimit dhe kultivimit të vlerave europiane.
Perspektiva europiane për shtetin tonë mbetet një synim i qartë drejt zhvillimit të qëndrueshëm, stabilitetit dhe mirëqenies për të gjithë qytetarët. Si bartës i legjitimitetit demokratik, Kuvendi do të vazhdojë të kontribuojë në mënyrë aktive në avancimin e proceseve reformuese dhe në përputhjen me standardet europiane.
9 Maji le të jetë nxitje për një përkushtim edhe më të madh ndaj së ardhmes sonë europiane!

Работилницата на тема „Зајакнување на капацитетите на парламентарната администрација за законодавство засновано на доказ...
11/03/2025

Работилницата на тема „Зајакнување на капацитетите на парламентарната администрација за законодавство засновано на докази”
Во рамки на програмата СИГМА, финансирана заеднички од Организацијата за европска соработка и развој и Европската унија, на 11 и 12 март 2025 година, во Собранието се одржува работилница за зајакнување на капацитетите на парламентарната администрација за законодавство засновано на докази.
Целта на работилницата е да се идентификуваат специфични области за реформи преку размена на искуства и најдобри практики со парламентите на земјите-членки на Европската Унија како и од документот 68 на СИГМА за “Парламенти и законодавство засновано на докази” и “Извештајот за мониторинг на Република Северна Македонија за 2024 година”.
Во присуство на експерти од Парламентарниот институт на Парламентот на Чешка и поранешни пратеници од Латвија беа претставени студии на случај за нивни искуства во координацијата и планирањето на законодавниот процес меѓу владата и парламентот, поднесувањето на предлог закони, нивната подготовка, и надзор над спроведувањето како и истражувачка и аналитичка поддршка на законодавниот процес која ја обезбедуваат Парламентарните институти.
#ПарламентаренИнститут

📢 Демократијата и Собранието – семинар за средношколци 🏛️📚Денес во организација на Парламентарниот институт се одржа сем...
20/02/2025

📢 Демократијата и Собранието – семинар за средношколци 🏛️📚

Денес во организација на Парламентарниот институт се одржа семинарот „Демократијата и Собранието“, каде што средношколци од шест училишта имаа можност да го прошират своето знаење за демократијата и улогата на Собранието во општеството. 🙌

Учество земаа ученици од:
🏫 СУГС Панче Арсовски, СУГС Раде Јовчевски – Корчагин, СУГС Ѓорѓи Димитров – Скопје
🏫 СОУ Љупчо Сантов – Кочани
🏫 СОУ Св. Кирил и Методиј – Неготино
🏫 СОУ Кочо Рацин – Свети Николе

Во текот на семинарот, учениците активно учествуваа во сесии за историјата на македонскиот парламентаризам, демократијата и активното граѓанство, како и за разликите помеѓу дијалогот и дебатата како демократски механизми. Имаа и можност да ги применат стекнатите знаења преку симулација на демократски процеси, поттикнувајќи конструктивна дискусија и критичко размислување.

🔹 Ваквите семинари се од клучно значење за младите – тие им помагаат да развијат вештини за аргументирано изразување, активно учество во општествените процеси и критичка анализа на политичките случувања.
🔹 Неформалната политичка едукација има важна улога во градењето на идни генерации кои ќе бидат свесни, информирани и подготвени да бидат активни чинители во демократското општество.

Голема благодарност до сите учесници и до училиштата кои ја препознаваат важноста на овие теми! ✅

#Демократија #МладиВоАкција #ПарламентаренИнститут #ПолитичкаЕдукација

Победници во финалето на „Имам став“ – учениците од СУГС „Раде Јовчевски - Корчагин“ од Скопје!Во големото финале на еду...
19/12/2024

Победници во финалето на „Имам став“ – учениците од СУГС „Раде Јовчевски - Корчагин“ од Скопје!

Во големото финале на едукативната дебатна активност „Имам став“, победа освоија учениците од СУГС „Раде Јовчевски - Корчагин“ од Скопје! 🏆

Темите што ги дебатираа беа од клучно значење за младите и за целото општество: проблемот со лажните вести, иселувањето на младите и младинската невработеност. Три тима, составени од ученици од СМУГС „Панче Караѓозов“, СУГС „Раде Јовчевски - Корчагин“ и УСО Гимназија „Славчо Стојменски“ од Штип, се натпреваруваа со одлични аргументи, но тимот од Скопје се издвојуваше со најсилна аргументација и креативни решенија за актуелните предизвици.

Проектот „Имам став“ е уникатна симулација на законодавна постапка каде што учениците се ставени во улога на пратеници и учествуваат во дебати за општествени теми кои се од исклучителна важност за нивната иднина. Ова е одлична можност за младите да ја развијат својата критичка мисла, комуникациски вештини и да се запознаат со демократските процеси.

Во оваа сезона, над 200 ученици и 20 пратеници активно учествуваа во дебатите, потврдувајќи ја важноста на ваквите активности за младите. „Имам став“ не само што им помага на учениците да ја зголемат својата самодоверба и вештини во јавниот говор, туку и ги охрабрува да станат активни учесници во креирањето на подобро општество.

Честитки до победниците и благодарност до сите учесници што го направија ова финале незаборавно! 👏

#ИмамСтав #Дебата #МладиЛидери #СУГСРадеЈовчевскиКорчагин #Образование #МладинскиАктивизам

🎓 Семинар за студенти од правните факултети! 📚Со задоволство објавуваме дека успешно се одржа семинар на тема: Парламент...
12/12/2024

🎓 Семинар за студенти од правните факултети! 📚

Со задоволство објавуваме дека успешно се одржа семинар на тема: Парламентот (Собранието) како основна институција на парламентарното право, на кој учествуваа студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ и Факултетот за правни науки при Меѓународниот славјански универзитет (МСУ).

Студентите имаа одлична можност да стекнат нови знаења за:
✅ составот, структурата и функционирањето на парламентот,
✅ правната положба на пратениците,
✅ надлежностите на Собранието,
✅ историјата на македонскиот парламентаризам.

Особено сме благодарни на пратениците Јована Мојсоска и Игор Здравковски, кои беа наши гости. Нивната интерактивна сесија со студентите овозможи директен увид во предизвиците на пратеничката функција и работата на Собранието. 🙌

Овој семинар беше значаен чекор за студентите во нивниот академски развој, а на 11 декември - Светскиот ден на планината, можеме да кажеме дека заедно со нив успеавме да искачиме уште еден врв на знаењето! 🏔

Продолжуваме да ги поддржуваме младите во нивниот пат кон академски и професионален успех! 🇲🇰

#ПарламентарноПраво #Образование #Млади #СветскиДенНаПланината

📢 Меѓународен ден на лицата со попреченост – 3 декемвриДенес, но и секој друг ден, треба да се потсетуваме на предизвици...
03/12/2024

📢 Меѓународен ден на лицата со попреченост – 3 декември

Денес, но и секој друг ден, треба да се потсетуваме на предизвиците и потребите на лицата со попреченост во остварувањето на нивните права за инклузивност во општеството. Тие се дел од нашата заедница, еднакви по права и вредности, заслужуваат почит и активно учество во секојдневниот живот.

👩‍🦽👨‍🦯 Лицата со попреченост имаат право на еднакви можности како и сите останати граѓани. Нивниот хендикеп не ги прави помалку вредни – напротив, нивната истрајност и посветеност инспирираат и носат важен придонес во општеството.

💬 Нивниот глас се слуша, нивниот труд се вреднува.

Како Парламентарен институт, преку организираните обиколки во Собранието, ги отвораме широко вратите за сите лица со попреченост. Посветени сме на создавање инклузивно опкружување каде секој ќе се чувствува добредојден и поддржан.

🤝 Заедно градиме општество каде почитта, рамноправноста и разбирањето се темелите на секојдневието. Да продолжиме да работиме кон создавање на свет кој ги цени различностите и ја поддржува инклузивноста!

#МеѓународенДенНаЛицатаСоПопреченост #Инклузивност #Рамноправност #ПарламентаренИнститут

🎉 Детски парламент во Собранието по повод Меѓународниот ден на детето! 🧒👧Повеќе од 80 ученици и наставници од 15 основни...
20/11/2024

🎉 Детски парламент во Собранието по повод Меѓународниот ден на детето! 🧒👧

Повеќе од 80 ученици и наставници од 15 основни училишта од целата држава денес беа дел од Детскиот парламент, организиран од Парламентарниот институт!

Учениците:
✅ ја разгледаа внатрешноста на Собранието,
✅ поставуваа прашања на пратениците,
✅ учествуваа во симулација на пленарна седница, преземајќи ја улогата на пратеници!

Дополнително, ги претставија своите креативни цртежи на тема „Да ја слушнеме иднината“ – годинешното мото на УНИЦЕФ за Меѓународниот ден на детето. Преку нивните дела, младите испратија моќни пораки за потребата од слушање на нивните идеи и визии за иднината.

👏 Со оваа активност, Собранието ја покажа својата посветеност за промоција на детските права и вклучувањето на младите во демократските процеси.

#МеѓународенДенНаДетето #ДетскиПарламент #ДаЈаСлушнемеИднината

Со настапот на учениците од СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ од Штип, официјално го завршивме регуларниот дел од Имам с...
14/11/2024

Со настапот на учениците од СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ од Штип, официјално го завршивме регуларниот дел од Имам став! 🗣️

Учениците ги изнесоа своите предлози и идеи за решавање на горливи проблеми како што се иселувањето на младите и потребата за реформи во образованието. Дополнително, дадоа конкретни предлози за поддршка на домашната музичка продукција и развој на културната сцена во земјата. 🎶📚

Оваа иницијатива овозможува младите од целата држава да го изразат својот став токму таму каде што се креираат политиките – во домот на демократијата. 🏛️

Имам став! е едукативна активност која им нуди на учениците непроценливо искуство да се запознаат со политичкиот систем, да научат како да ги застапуваат своите идеи и да се поттикнат да бидат активни граѓани кои ги креираат идните општествени промени. 🌍✊

Благодарност до сите учесници и до сите училишта кои беа дел од оваа иницијатива – вашата енергија и ентузијазам се инспирација за идните генерации! 💪👏

#ИмамСтав #МладитеИмаатСтав #ДомНаДемократијата #Едукација #МладинскаАктивност

📢🌟 Учениците од СОУ "Св. Климент Охридски" од Охрид учествуваа на едукативната активност "Имам став!" 🌟📢Со големо задово...
12/11/2024

📢🌟 Учениците од СОУ "Св. Климент Охридски" од Охрид учествуваа на едукативната активност "Имам став!" 🌟📢

Со големо задоволство го истакнуваме учеството на учениците од СОУ "Св. Климент Охридски" кои покажаа интерес и ангажираност на оваа важна едукативна активност. Како теми за дискусија ги избраа иселувањето на младите, младинската невработеност и реформите во образованието — области кои се актуелни и значајни за младите во нашето општество.

👉 Ваквите активности се одлична можност за младите да ги развијат своите комуникациски вештини, да го искажат своето мислење и да ги споделат своите идеи. Тие не само што им помагаат да стекнат самодоверба, туку и ги поттикнуваат да размислуваат критички и да се вклучат во важни општествени прашања.

Секое учество на едукативни активности како "Имам став!" овозможува нови искуства и знаења, и е чекор напред кон креирање на поактивна и информирана младина. Младите се носители на промени, а нивното активно учество во вакви проекти може да придонесе кон подобрување на политиките и состојбите кои ги засегаат нив и пошироката заедница. 🌍💪

#МладинскиАктивизам #ИмамСтав #Образование #АктивноГраѓанство #Учество #МладиЗаПромени #КреирајИднина

🗣️ На 7-та седница на „Имам став!“: Учениците од СУГС Раде Јовчевски -Корчагин од Скопје го искажаа својот глас! 🏫✨Денес...
07/11/2024

🗣️ На 7-та седница на „Имам став!“: Учениците од СУГС Раде Јовчевски -Корчагин од Скопје го искажаа својот глас! 🏫✨

Денес, учениците од СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ учествуваа на седмата седница на дебатната платформа „Имам став!“ и со своите мислења, аргументи и идеи ја покажаа важноста на младинскиот глас во демократијата. Овие млади луѓе дебатираа на три клучни теми за нашето општество:

Проблемот со лажните вести 📲
Иселувањето на младите 🌍
Поддршка за македонската музичка продукција 🎶

Иако се наоѓаат на почетокот од своето патување во светот на дебатата и критичкото размислување, нивните ставови се значајни и вредни. Дебатите и едукативните активности како овие, не само што ги поттикнуваат учениците да размислуваат надвор од рамките, туку и ги учат како да ги користат своите ставови за да ја обликуваат иднината.

Но, важно е да се истакне дека ваквите активности не би биле возможни без поддршката и работата на нивните професори и ментори, кои ги водат, мотивираат и им помагаат на учениците да ја развијат својата способност за јавен настап и аргументирање. Нивната посветеност е основа на успехот на овие млади дебатери!

#ИмамСтав #Дебата #Образование #МладиЛидери #Демократија #МакедонскаМузика #ЛажниВести #Иселување

Address

11 Октомври 10
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:30 - 16:30
Tuesday 08:30 - 16:30
Wednesday 08:30 - 16:30
Thursday 08:30 - 16:30
Friday 08:30 - 16:30

Telephone

+38923112255

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Собрание на Република Северна Македонија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Собрание на Република Северна Македонија:

Share