10/09/2026
Унапредување на соработката со Нотарската комора 🤝
Денеска, директорот на Агенцијата за катастар на недвижности оствари работна средба со претседателката на Нотарската комора, Цеце Малева Стоев, и потесното раководство на Комората.
На средбата се разговараше за натамошно унапредување на досегашната одлична соработка меѓу Агенцијата за катастар на недвижности и Нотарската комора, како и за практичните предизвици со кои во секојдневното работење се соочуваат вработените во Агенцијата и нотарите како професионални корисници на нашите услуги.
Преку отворен дијалог, размена на искуства и заедничко решавање на прашањата од практиката, продолжуваме да градиме поефикасен систем и подобри услуги за крајните корисници.
Заедничката цел останува јасна: побрзи и поефикасни постапки, поголема правна сигурност и поквалитетна услуга за граѓаните и правните лица.