Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Government Organization, Aminta the third, Skopje.

Добредојдовте на Официјалната страна на
Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство
на Република Македонија.



Мисијата на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство е преку
успешно управување и унапредување на земјоделство,шумарство и водостопанство
со одговорна работа и напредни идеи да доведат до унапредување на земјоделците во Република Македонија
како и подобрува

ње на нивниот квалитет на живот.


Визијата на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство е да се создаде модерно и технолошки напредно земјоделство
преку кое и самите земјоделци ќе имаат повеќе бенефиции,почитуван статус и квалитетен начин на живеење.
Земјоделците се основен темел на секое општество нивната улога во државата е многу битна, затоа преку прогресивни идеи и
модернизација на земјоделството,шумарството и водостопанството ќе се цели кон зајакнување на правата на земјоделците и одговорна
алокација на ресурсите.


Надлежности

Надлежностите на министерството се:

- земјоделството, шумарството и водостопанството;
- користењето на земјоделското земјиште, шумите и другите природни богатства;
- ловот и риболовот;
- заштитата на добитокот и растенијата од болести и штетници;
- следењето и проучувањето на состојбите со водите, одржувањето и подобрувањето на режимот на водите;
- хидромелиоративните системи;
- хидролошките и агрометеоролошките мерења, како и противградобијната заштита;
- проучувањето и истражувањето на метеоролошките, хидролошките и биометеоролошките појави и процеси;
- надзорот од негова надлежност и
- врши други работи утврдени со закон.


*Сите коментари кои претставуаат навреди на лична, етничка или каква било друга база ќе бидат избришани.

Цветан Трипуновски: Средба со г-дин Олаф Шефер, заменик генерален директор на Дирекцијата за земјоделска трговија, праша...
02/06/2026

Цветан Трипуновски: Средба со г-дин Олаф Шефер, заменик генерален директор на Дирекцијата за земјоделска трговија, прашања на ЕУ и меѓународна соработка при Германското федерално министерство за земјоделство, храна и регионален идентитет, германската амбасадорка Н.Е. Петра Дрекслер и г-дин Франк Милер, аташе за земјоделство во регионот при германската амбасада. Германија е еден од позначајните партнери во меѓународната трговија и пласманот на земјоделски производи и преработки.

Разговаравме за поддршката која ја добиваме на патот кон Европската Унија, како и за унапредување на билатералната соработка во областа на земјоделството.

Во текот на средбата дискутиравме и за размена на искуства, модернизација на секторот и зајакнувањето на капацитетите на институциите.

Остануваме посветени на градење партнерства и имплементација на европските стандарди во земјоделскиот сектор.

„Македонско најдобро“ го освојува светскиот пазар!Извозот на преработки од овошје и зеленчук во 2025 година надмина 102 ...
31/05/2026

„Македонско најдобро“ го освојува светскиот пазар!

Извозот на преработки од овошје и зеленчук во 2025 година надмина 102 милиони евра, бележиме двоен раст во последните 10 години, односно за 117% повисок од 2016 година.

Во текот на 2025 година македонските преработки од овошје и зеленчук се пласирани во 59 земји ширум светот, а извозот донесе над 40 милиони евра нето девизен прилив.

Продолжуваме со носење на политики и мерки за поддршка и раст на домашното производство.

Македонските производи се синоним за квалитет, во светот го заслужуваат своето место на меѓународниот пазар.

30/05/2026

Изминатиот период во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, остваривме десетици трибини и посети во населени места низ државата.

Преку повеќечасовни разговори со полјоделците, овоштарите, лозарите, тутунарите, сточарите, пчеларите и останатите земјоделски производители ги сослушнавме нивните идеи, предлози и сугестии.

Секое прашање беше внимателно сослушано, забележано и одговорено, затоа што преку разговор можеме да креираме мерки и политики во секторот.

Продолжуваме посветено да работиме на одржливо земјоделство и раст на домашното производство.

🌍🔥 Може ли Западен Балкан да го скроти огнот?Пожарите на ниво на предел во регионот можат да се избегнат. Со враќањето н...
30/05/2026

🌍🔥 Може ли Западен Балкан да го скроти огнот?
Пожарите на ниво на предел во регионот можат да се избегнат. Со враќањето на традиционалната употреба на земјиштето, зајакнувањето на заедниците и посилна регионална соработка, превенцијата е остварлива..
👉 Откријте како мерките за ублажување можат да го заштитат биодиверзитетот и да ја обликуваат иднината: https://www.mzsv.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/novosti/mozeme-li-da-gi-ublazime-pozarite-na-nivo-na-predel-vo-zapaden-balkan

Успешна македонска приказна – „Македонско Прасе“🇲🇰 Зад успешното сточарство стојат многу труд, посветеност и секојдневна...
29/05/2026

Успешна македонска приказна – „Македонско Прасе“🇲🇰

Зад успешното сточарство стојат многу труд, посветеност и секојдневна грижа. Токму таква е приказната на Бојан Ѓоргиевски, основач на „Македонско Прасе“, кој преку својата работа покажува дека квалитетот започнува уште од самиот начин на одгледување.
Со јасна визија, континуирано вложување и љубов кон сточарството, „Македонско Прасе“ прераснува во препознатливо име кое придонесува за развојот на домашното земјоделство и сточарство.
Неговата приказна е пример дека кога знаењето, трудот и упорноста се спојуваат, резултатите не изостануваат.
Прочитајте ја неговата инспиративна приказна во блог секцијата на makedonskonajdobro.mk

🔗Прочитај повеќе: https://makedonskonajdobro.mk/blog/uspesna-makedonska-prikazna-bojan-gorgievski

#МакедонскоНајдобро #УспешнаМакедонскаПриказна #МакедонскоПрасе #МакедонскоСточарство #ПоддржиДомашно #КупувајМакедонско 🇲🇰

🔥🌐 Пожарите на ниво на предел не ги почитуваат националните граници. Планинските масиви, шумите и екосистемите се протег...
28/05/2026

🔥🌐 Пожарите на ниво на предел не ги почитуваат националните граници. Планинските масиви, шумите и екосистемите се протегаат низ повеќе земји од Западен Балкан, што значи дека пламенот лесно може да премине од една насока во друга. 🏔️🌲
💨 Во екстремни летни услови, дури и едно единствено палење може за кратко време да ги надмине капацитетите на 🚒 локалните противпожарни служби.
📢 Сè повеќе се препорачува регионална соработка преку заеднички системи за мониторинг, координирани противпожарни ресурси и заеднички превентивни стратегии.
🤝 Со заедничка работа, Западен Балкан може да изгради предели кои се побезбедни и поотпорни на пожари и овозможуваат заштита на биодиверзитетот🐾 и заедниците 🏡

28/05/2026

Секој избор има значење.

Кога купуваме македонски земјоделски производи и нивни преработки, поддржуваме земјоделци, работни места и домашна економија.🇲🇰

Кампањата „Македонско Најдобро“, иницијатива на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, продолжува да ја истакнува важноста од изборот на домашни земјоделски производи.

Да избереме македонско.
„Македонско Најдобро“

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во Белград оствари работна средба со министер...
22/05/2026

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во Белград оствари работна средба со министерката за економија Адријана Месаровиќ и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Драган Гламочиќ, на која разговараа за актуелните предизвици и можностите за развој на земјоделскиот сектор.

Во конструктивна атмосфера разговараа за унапредување на трговската размена на земјоделските производи и преработки.

https://www.mzsv.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/novosti/ministerot-tripunovski-na-rabotna-sredba-vo-belgrad

🇲🇰 Успешна македонска приказна – Владо ОрдановЗад секој успех стојат труд, визија и истрајност. Приказните на македонски...
20/05/2026

🇲🇰 Успешна македонска приказна – Владо Орданов
Зад секој успех стојат труд, визија и истрајност. Приказните на македонските производители се доказ дека со посветеност и љубов кон тоа што го работат, се создаваат вредности што ја движат домашната економија напред.
Прочитајте ја инспиративната приказна на Владо Орданов и неговиот пат исполнет со работа, посветеност и развој во блог секцијата на makedonskonajdobro.mk

🔗 Прочитај повеќе: https://makedonskonajdobro.mk/blog/uspesna-makedonska-prikazna

#МакедонскоНајдобро #УспешнаМакедонскаПриказна #ВладоОрданов #КупувајДомашно #ПоддржиМакедонско #НашаТрадицијаНашаГордост

Address

Aminta The Third
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:30 - 16:30
Tuesday 08:30 - 16:30
Wednesday 08:30 - 16:30
Thursday 08:30 - 16:30
Friday 08:30 - 16:30

Telephone

+38923134477

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство:

Share