ИНТЕГРА - Македонска конзервативна партија

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • ИНТЕГРА - Македонска конзервативна партија

ИНТЕГРА - Македонска конзервативна партија Бедем на македонскиот национален стратегиски интерес, на Македонскиот народ во татковината Македонија

09/09/2026

Од вечерашниот настап во Вести плус, на Канал 5 ТВ...

09/09/2026

Гледајте...

🇲🇰 35 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ НА ТАТКОВИНАТА МАКЕДОНИЈА – ЧЕСТИТ 8 СЕПТЕМВРИ! 🇲🇰​Денес одбележуваме 35 години од денот кога с...
08/09/2026

🇲🇰 35 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ НА ТАТКОВИНАТА МАКЕДОНИЈА – ЧЕСТИТ 8 СЕПТЕМВРИ! 🇲🇰

​Денес одбележуваме 35 години од денот кога со гордост, сопствена визија и непоколеблива вера ја заокруживме вековната идеа за независна, суверена и слободна македонска држава.

​Три и пол децении се историски миг, но и доволно време за да се потсетиме дека татковината не е само земја – таа е нашиот дом, нашата култура, нашиот јазик и сите наши заеднички соништа. Независноста не е само наследство од минатото, туку секојдневна обврска за иднината: да градиме подобро општество, да чуваме сè што е вредно и да оставиме цврсти темели за генерациите што доаѓаат.

​Нека ни е честит и вековит 8 Септември – Денот на независноста!
ИНТЕГРА - Македонска конзервативна партија

Се наближува времето, кога созрева потребата за враќање на моќта на македонската армија. ИНТЕГРА - Македонска конзервати...
18/08/2026

Се наближува времето, кога созрева потребата за враќање на моќта на македонската армија.

ИНТЕГРА - Македонска конзервативна партија повеќе години наназад заговара нов воено стратегиски пристап, бараме јавноста да се ослободи од комплексот на пониска вредност и сите заедно да погледнеме од повисока перспектива дека можеме, знаеме и умееме да изградиме моќна држава, со моќен армиски одбранбен систем, моќно наоружани и подготвени до перфекција за секаков вид на воено безбедносни ризици.

Финансии се наоаѓаат, ама треба знаење, умеење и вештини, пред се' голема храброст и љубов кон својот народ и татковина...но и моќни контакти низ светот.

Ако ја препознавате ИНТЕГРА во овие квалификации, тогаш придружете ни се на овој благороден пат до целосна преродба на татковината. Тоа е и мора да е нашиот заеднички сон, на сите нас без исклучок.

Честито роденден...наша Македонска армија.

Чудно е како може еден млад човек, пред кого е иднината, да поддржува и гласа социјализам и комунизам, да поддржува огра...
05/08/2026

Чудно е како може еден млад човек, пред кого е иднината, да поддржува и гласа социјализам и комунизам, да поддржува ограничување наместо слободи, да гласа за сиромаштија, наместо за богатство🤔

Слободата е СЕ' и таа мора да е над се' на пиедесталот на општеството. Слободата на духот, да творите, да создавате без тутор над глава, без политички надзор на она кое е ваша додадена вредност, вредност која може да ја потврди и награди само слободниот пазар и никој друг.

Ваков модел кој ќе го издигне творечкиот потенцијал на секоја индивидуа над сите можни граници и со сите расположливи механизми и инструменти на државниот апарат е кор на политичката платформа на ИНТЕГРА - Македонска конзервативна партија и ниту на една друга политичка партија.

Едно е да знаете што е најдоброто, но многу поважно е да умеете како до таа благородна цел. За тој процес да е успешен, ќе мора да сте занаетлија, кој знае, умее и обилува со вештини како се води држава до високо поставени цели: просперитет и благосостојба на секој поединец.

САМО НАЈДОБРОТО Е ДОВОЛНО ДОБРО...

Денес со длабока почит, гордост и благодарност се поклонуваме пред вековниот копнеж на македонскиот народ за слобода, пр...
01/08/2026

Денес со длабока почит, гордост и благодарност се поклонуваме пред вековниот копнеж на македонскиот народ за слобода, правдољубивост и сопствена држава.

Илинден не е само историски настан, тоа е генетскиот код на македонскиот пркос, на желбата за слобода и на подготвеноста да се застане во одбрана на татковината.

Од Крушево во 1903 година до АСНОМ во 1944 година, генерации македонски синови и ќерки ги вградија своите животи во идејата за слободна, суверена и достоинствена Македонија.

Историјата нè учи дека кога сме обединети околу вистинските вредности, ниеден предизвик не е непремостлив.

​Ние, ИНТЕГРА - Македонска конзервативна партија, сме силни поборници за:

✅ Силна и богата Македонија заснована на традиционални, конзервативни вредности.

✅ Достоинство за секој Македонец и за сите кои ја чувствуваат Македонија за своја татковина.

✅ Зачувување на македонскиот идентитет, јазик, култура и историја.

🇲🇰 ЧЕСТИТ 2 РИ АВГУСТ - Денот на Македонската република!

#ИНТЕГРА - Македонска конзервативна партија

Претставници на ИНТЕГРА - Македонска конзервативна партија учествуваа во дводневната работилница ,,Помеѓу два изборни ци...
21/06/2026

Претставници на ИНТЕГРА - Македонска конзервативна партија учествуваа во дводневната работилница ,,Помеѓу два изборни циклуси: Градење активни и граѓански ориентирани политички партии", која се одржа од 20 до 21 Јуни 2026 година, во хотелот Оаза во Штип.

Работилницата беше спроведена во рамките на Швајцарската програма за подршка на изборите, спроведувана од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).

Целта на Семинарот беше да се зајакнат организациските, комуникациските и политичките капацитети на претставниците на политичките партии во државата, во насока поголема политичка одговорност и посилна поврзаност со граѓаните.

Оваа работилница претставува континуирано продолжение за политичките партии, што ИФЕС ги спроведе во Јуни 2025 година во Велес, каде учествуваа претставници од нашата партија.

🇲🇰 Честит 24 Мај – Денот на семакедонските и сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј!Вредностите на традицијата, ...
23/05/2026

🇲🇰 Честит 24 Мај – Денот на семакедонските и сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј!

Вредностите на традицијата, духовноста и писменоста се столбовите врз кои стои силната македонска иднина.

Просперитетна и богата нација почива врз образовани генерации кои го почитуваат своето минато за да градат сигурна иднина.

Во времиња кога сме соочени со обиди за негирање на нашите корени, делото на солунските браќа нè потсетува дека македонската писменост и култура одамна се вградени во цивилизациските вредности на Европа.

Ние, ИНТЕГРА - Македонска конзервативна партија ветуваме дека никогаш нема да отстапиме од одбраната на македонското национално достоинство, јазик и културно наследство.

Честит и вековит празник!

Тоа е тоа. Ајде сега некој нека каже дека големите идеи немаат влијание, дека визијата не дава плодови - кога, тогаш.Гол...
20/05/2026

Тоа е тоа. Ајде сега некој нека каже дека големите идеи немаат влијание, дека визијата не дава плодови - кога, тогаш.

Големите идеи и визијата на ИНТЕГРА - Македонска конзервативна партија допрва ќе фаќаат длабоки корени на овие простори...се' ќе врви на добро, за тоа кое е од Бога и со Бога.

Пречудни се патиштата Господови!

19/05/2026

Alexis de Tocqueville
„America is great because America is good. If America ever ceases to be good, America will cease to be great.“

Македонија ќе мора да се сврти кон Христос и Неговата вистина, за да стане 'добра' (благоугодна на Бога)...за да стане 'голема', не по границите, туку по достигнувањата.

Насушно ни е потребна 'НОВА МАКЕДОНСКА РЕНЕСАНСА', која ќе не вброи во трајните вредности на светската цивилизација...по втор пат.

Овој пат, со Божествената премудрост како највисок приоритет во сите државнички политики, но и во животот на секоја душа човечка, која е родена, чекори и твори на ова парче света македонска земја.

Address

Улица Методија Шаторов Шарло 1-3/11 Скопје
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ИНТЕГРА - Македонска конзервативна партија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share