Градска организација на СДСМ - Скопје

Градска организација на СДСМ - Скопје Градска организација на СДСМ - Скопје Социјалдемократскиот сојуз на македонија заедно со коалицијата за парламентарните избори 2016

29/05/2026

200 дена лажење....Кој ќе биде крив кога ќе се оболеме?

28/05/2026
21/05/2026

Ракавицата е фрлена
Ајде Христијан да ја спасиме државата од пропаст

Не постои поубаво чувство од спасување човечки живот и од надежта што повторно им се враќа на луѓето и нивните семејства...
19/05/2026

Не постои поубаво чувство од спасување човечки живот и од надежта што повторно им се враќа на луѓето и нивните семејства.
Никогаш не одбил никого. Венко Филипче 💙

18/05/2026

Форумот на жени на СДСМ против омразата и навредите на Миленко и Тасевски, највуваме и пријави.

Во денови кога Македонија е потресена од грозоморни случаи на убиства на жени, фемициди, кога расте насилството врз жените, а институциите потфрлаат во заштитата, повампирените ликови од времето на Груевски, меѓу кои и Миленко Неделковски и Сашо Тасевски, јавно шират навреди, понижувања и омраза кон жените.

Последни жртви на срамни напади и говор на омраза се македонската пејачка Каролина Гочева, како и континуираните навреди, клевети и омаловажувања кон нашата портпаролка и жените од СДСМ.

Форумот на жени на СДСМ ги осудува и најавува дека ќе поднесе соодветни пријави. Одговорност мора да има.

Бараме Миленко Неделковски веднаш да биде разрешен од функцијата извршен директор на ФК Вардар.

Сашо Тасевски да биде соодветно санкциониран и да му бидат блокирани видеата на социјалните мрежи полни со навреди и понижувања за жените.

Почитувани,
Сето ова е резултат на политиката на говор на омраза, поделби и пропаганда што со години ја гради ВМРО-ОКГ, со помош на орбановата мрежа на медиуми и ботови, ликови како Латас како медиумски координатор, и се тоа со амин лично на Христијан Мицкоски.

Овие повампирени ликови од времето на Груевски, постојано шират навреди, лаги, конструкции и говор на омраза кон опозицијата, новинари, активисти и жени кои јавно говорат во името на СДСМ или против власта.

Армијата на ботови на ВМРО-ОКГ координирано шири клевети, омаловажувања и закани на социјалните мрежи.

Станува збор за организирана кампања на омраза и деградација против неистомислениците.

Секој што размислува слободоумно, или што ја критикува владата е таргет.

Оваа организирана криминална бданка систематски го дели општеството, создава вештачки поделби и поттикнува атмосфера во која омразата станува политичка алатка.
„Талог на опшеството“, „мочуриште“, „мекотели“, целата оваа реторика е дел од таа политика и атмосфера што се создава.

Фактот што Унијата на жени на ВМРО не најде сила да ги осуди овие навреди и понижувања е уште една потврда.

Молчењето е охрабрување на насилството и соучешништво. До кога ќе молчите?

Ова е прашање на достоинство и почит кон жените во нашето општество.

Обединувањето на сите прогресивни сили околу Фронт за вистината и правдата значи продолжување на борбата против секоја форма на насилство, омраза и деградација на жените.

За секоја жена. За секое семејство.

За достоинствено и безбедно, европско општество.

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Градска организација на СДСМ - Скопје posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Градска организација на СДСМ - Скопје:

Share