Агенција за храна и ветеринарство - Food and Veterinary Agency

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Агенција за храна и ветеринарство - Food and Veterinary Agency

Агенција за храна и ветеринарство - Food and Veterinary Agency Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Агенција за храна и ветеринарство - Food and Veterinary Agency, Government Organization, III Makedonska Brigada br. 20, Skopje.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги демантира наводите објавени во неколку интернет портали дека АХВ дало изјав...
13/05/2026

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги демантира наводите објавени во неколку интернет портали дека АХВ дало изјава во врска со вчера вечер заловеното животно во скопската населба Козле, за кое се претпоставуваше дека е волк, односно дека истото е домашен миленик – куче, кое е чипирано и кое сопственикот бара да му биде вратено.

Од страна на официјални ветеринари на АХВ во текот на денот ќе биде спроведен вонреден инспекциски надзор во зоолошката градина со цел утврдување на видот на заловеното животно и неговиот здравствен статус.

Учениците во Кратово беа едукцирани за одговорно користење на дигиталните платформи при купување на храна и додатоци во ...
08/05/2026

Учениците во Кратово беа едукцирани за одговорно користење на дигиталните платформи при купување на храна и додатоци во исхрана

Чаевите и препаратите за слабеење кои се продаваат преку интернет или со агресивен маркетинг често содржат непроверени состојки и можат да предизвикаат сериозни здравствени последици, особено доколку се користат без стручен совет. Ова беше потенцирано на вчерашната едукативна работилница за учениците од кратовското средно училиште Митко Пенџуклиски, на тема „Електронска трговија на храна, медиумска промоција и рекламирање на храна, додатоци во исхрана и храна за спортисти – Вистинска приказна или заблуда“, која се одржа во рамки на активностите предвидени со „Програмата за заштита на потрошувачи“, донесена од страна на Владата на Република Северна Македонија, на предлог на Агенцијата за храна и ветеринарство и во соработка со Министерството за образование и наука.
Работилницата беше организирана со цел подигнување на свеста кај младите за безбедноста на храната, одговорното користење на дигиталните платформи и препознавањето на вистинити и проверени информации при купување и промоција на храна и додатоци во исхрана преку интернет и социјалните мрежи.

Преку интерактивна дискусија, учениците имаа можност да се запознаат со ризиците од непроверени производи кои се нудат на интернет, начинот на препознавање на манипулативно рекламирање, како и со законските обврски поврзани со декларирањето, рекламирањето и продажбата на храна, додатоци во исхрана и храна за спортисти.
Во рамки на работилницата, особено внимание беше посветено и на штетните последици од прекумерната употреба на енергетски пијалоци, чаеви за слабеење и производи со вештачки бои и адитиви. Учениците беа информирани дека честата и неконтролирана консумација на енергетски пијалоци може негативно да влијае врз кардиоваскуларниот и нервниот систем, особено кај младата популација, предизвикувајќи несоница, зголемен крвен притисок, тахикардија и нарушена концентрација.
Во едукативниот дел беше обработено и влијанието на одредени вештачки бои и адитиви врз здравјето на потрошувачите, со акцент на можните несакани ефекти кај децата и младите, како што се хиперактивност, алергиски реакции и други здравствени нарушувања при прекумерна употреба на производи кои ги содржат.

Особен интерес кај учениците предизвикаа темите поврзани со влијанието на инфлуенсерите и социјалните медиуми врз потрошувачките навики, како и препознавањето на лажни ветувања и дезинформации во маркетингот на производите поврзани со исхрана, спорт и здрав живот.

Агенцијата за храна и ветеринарство и понатаму ќе продолжи со реализација на едукативни активности низ училиштата во државата, со цел јакнење на потрошувачката култура, заштита на здравјето на граѓаните и поттикнување на информирано и одговорно однесување кај младите потрошувачи.
Со ваквите активности се потврдува значењето на континуираната едукација како важен сегмент во создавањето на свесни и информирани потрошувачи.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), денес во Тетово почна со првата од серијата работилници „Ангажманот на локалн...
05/05/2026

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), денес во Тетово почна со првата од серијата работилници „Ангажманот на локалната заедница во управување со популацијата на кучиња“ кои ќе се реализираат во рамки на иницијативата за решавање на проблемот со бездомните кучиња низ Македонија- информира МИА.

-Знаеме дека проблемот со бездомните кучиња е голем и постојано се зголемува но, тој проблем не е нерешлив. Како што го решиле во другите европски држави и ние ќе одиме по тие принципи на решавање - на цивилизиран начин, без труење, без убивање, без малтретирање и без дислокации, истакна Тања Ололовска Ристевска -Раководител на сектор за инспекциски надзор при Агенција за храна и ветеринарство.

На работилницата беа презентирани новите пристапи за управување со популацијата бездомни кучиња каде преку стандардите на хуман, стручен и безбеден начин ќе се заштитат и јавното здравје и благосостојбата на животните.

Овие работилници ќе се одржуваат во сите осум плански региони низ државата и треба да резултира со нова Национална стратегија посветена на проблематиката со бездомните кучиња. Ваквите работни состаноци се со цел запознавање на локалната самоуправа со одредени активности коишто ќе треба да се преземат во наредниот период околу популација на бездомни кучиња.

Спорните HiPP кашички не се увезени на македонскиот пазарДо овој момент Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) нема д...
22/04/2026

Спорните HiPP кашички не се увезени на македонскиот пазар

До овој момент Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) нема добиено нотификација преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на Европската унија (RASSF), дека на македонскиот пазар е пласиран небезбеден производ храна за бебиња од брендот HiPP ( 190 грамско пакување во стаклена тегличка со вкус на морков и компир) кој е предмет на повлекување и истрага во Австрија и неколку европски земји. Агенцијата ја следи состојбата и доколку се јави потреба навремено ќе реагира.

Дополнително, од страна на операторот со храна, овластен дистрибутер на производите на ХИПП за Македонија, Агенцијата доби писмено известување дека во земјава воопшто нема увезено од спорниот производ, односно истиот не е пласиран на македонскиот пазар.

АХВ со едукативни активности за заштита на здравјето на младите - Размисли пред да консумираш енергетски пијалоциАгенциј...
16/04/2026

АХВ со едукативни активности за заштита на здравјето на младите - Размисли пред да консумираш енергетски пијалоци

Агенцијата за храна и ветеринарство континуирано спроведува едукативни активности насочени кон подигање на свеста кај младата популација за важноста од правилни прехранбени навики и заштита на здравјето. Државните советници Радмила Ј. Николовска и Светлана Колариќ, заедно со претставници од Секторот за образование во општината Виница вчера пред околу 60 ученици од средното училиште Ванчо Прке спроведоа едукација на тема “Електронска трговија на храна, медиумска промоција и рекламирање на храна, додатоци во исхрана, храна за спортисти и штетните последици од конзумирањето на енергетските пијалоци – Вистинска приказна или заблуда”. Едукациите во училиштата се спроведуваат согласно Програмата за заштита на потрошувачи донесена од страна на Владата на Република Македонија, а одобрена од Министерство за образование.
Во рамки на овие активности, стручните лица од Агенцијата ги запознаваат учениците со штетните последици од прекумерното консумирање на енергетски пијалоци и чаеви за слабеење. Преку интерактивен пристап и конкретни примери, младите добиваат релевантни информации за влијанието на овие производи врз нивниот организам.
“Последиците од користење на енергетските пијалоци може да се јават и подоцна во животот на младиот човек и да предизвикаат проблем со кардиоваскуларниот систем. Поблаги транзиторни здравствени последици кои настануваат по прекумерно конзумирање се вознемиреност (анксиозност), главоболка, несоница и тие можат да преминат во хронични состојби. Но исто така можат да настанат и посериозни здравствени последици како неправилен срцев ритам, срцев удар, оштетување на бубрезите и др” – потенцира државниот советник Николовска.
Посебен акцент се става на ризиците од високото ниво на кофеин, шеќери и други стимуланси во енергетските пијалоци, како и на несоодветната и неконтролирана употреба на чаеви за слабеење, кои можат да предизвикаат сериозни здравствени последици.
“Целта на овие едукативни презентации е да се поттикне развој на критичко размислување кај учениците, да се укаже на последиците од неконтролирана употреба на вакви производи и да се охрабрат младите да носат информирани и одговорни одлуки за сопственото здравје” – рече државниот советник Колариќ.
Агенцијата ќе продолжи со ваквите активности и во иднина, во соработка со образовните институции, со цел создавање на поздрава и поинформирана млада популација.

АХВ спроведе 1221 предпразнични вонредни контролиПарични казни од над 19 илјади евра во денарска противвредност изрекоа ...
16/04/2026

АХВ спроведе 1221 предпразнични вонредни контроли

Парични казни од над 19 илјади евра во денарска противвредност изрекоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамки на спроведените 1221 вонредни контроли кои беа спроведени пред Велигденските празници. Уништени се и повеќе од 272 килограми небезбедна храна, најголемиот дел од животинско потекло. Дополнително, нештетно уништени на депонијата Дрисла беа и повеќе од 40 тони небезбедни јајца по потекло од соседна Србија кои беше спречено да се прошверцуваат во земјава.

За утврдените недоследности со вонредните контроли ( пласирање на пазарот храна со поминат рок на траење, употреба на замрзанато месо (триминг) во подготовки од месо, несоодветно означени производи и други недоследнoсти), донесени се 35 решенија за нивно отстранување, изречени се и 6 опомени.

Со контролите кои беа насочени кон сите сегменти од синџирот на храна и имаа за цел спречување на пласирање на небезбедни производи и сузбивање на нелегална трговија пред Велигденските празници, утврдено е и дека 7 од објектите не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата. Три оператори немале извршено задолжителни здравствени прегледи за вработените лица и не ги исполнувале барањата во однос на стручнататa подготовка за ракување со храна, а кај 13 оператори утврдени биле незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите за работа.

Вчера и денес, во просториите на Бугарската агенција за безбедност на храната, во Софија, Република Бугарија се одржа ко...
09/04/2026

Вчера и денес, во просториите на Бугарската агенција за безбедност на храната, во Софија, Република Бугарија се одржа координативен состанок на главните ветеринарни офицери од Западен Балкан, на кој учествуваше Директорот на Агенција за храна и ветеринарство д-р Оливер Миланов, со цел запознавање со моменталната епидемиолошка состојба со болестите кај животните. Разгледување и анализа на имплементираните и на предвидените мерки за контрола на болести и зајакнување на меѓуграничната соработката меѓу земјите и заедничко делување во идентификување и спречување на појавата на нови заболувања беа само дел од темите кои беа разгледани на состанокот. Особено важна е размената на информации за појавата на болестите, како и превземање на соодветни мерки за справување со истите. Остануваме посветени на подобрување на епидемиолошката состојба на државата и регионот.

АХВ спречи ризик од внесување на заразни болести во земјаваВо рамки на засилените контроли на граничните премини, официј...
08/04/2026

АХВ спречи ризик од внесување на заразни болести во земјава

Во рамки на засилените контроли на граничните премини, официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарствцо (АХВ), на граничниот премин Ќафасан, навремено реагираа и одбија пратка од над 10 тони јагнешка кожа по потекло од Република Албанија, која требала да транзитира низ нашава држава.

Пратката е вратена согласно донесените превентивни мерки за заштита од ширење на болеста Чума кај мали преживари која е присутна во соседна Албанија. Со оваа одлука, АХВ уште еднаш покажа високо ниво на професионалност и подготвеност за навремена превенција од потенцијални здравствени ризици.

Со оваа активност, АХВ уште еднаш ја потврди својата клучна улога како чувар на јавното здравје, безбедноста на храната и заштитата на домашното производство.🇲🇰

АХВ со засилени контроли во пресрет на велигденските празнициВо пресрет на велигденските празници и традиционално зголем...
31/03/2026

АХВ со засилени контроли во пресрет на велигденските празници

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна низ целата држава. Контролите се насочени кон сите сегменти од синџирот на храна – производство, преработка, дистрибуција и продажба – со цел да се спречи пласирање на небезбедни производи и да се сузбие нелегалната трговија.

Инспекторите за храна и официјалните ветеринари на АХВ на терен детално проверуваат дали операторите ги исполнуваат сите општи и посебни услови за безбедност на храната. Во однос на боите за јајца и јајцата, покрај условите за чување и складирање и означувањето, акцент ќе биде ставен и на контролите при увоз, при што на местото на истовар, на физички преглед ќе подлежи секоја увозна пратка.

Со засилен надзор се опфатени маркети, угостителски објекти, специјализирани продавници за јајца, производители и трговци со бои за јајца и нивните увозници, како и месарници и зелените пазари. Со овие активности, АХВ превентивно делува и обезбедува граѓаните да имаат сигурен пристап до безбедни и квалитетни производи за празничната трпеза. Како одговорна институција, апелираме до граѓаните да бидат внимателни и одговорни потрошувачи и храната да ја купуваат исклучиво од одобрени и регистрирани оператори кои се под контрола на Агенцијата.

Над 40 тони необележени јајца од Србија уништени на ДрислаИнспекциските служби и Одделението за следење на измами со хра...
29/03/2026

Над 40 тони необележени јајца од Србија уништени на Дрисла

Инспекциските служби и Одделението за следење на измами со храна при Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во координирана соработка со Царинската управа, во текот на минатата недела успешно спречи обид за нелегален увоз на две пратки со неозначени јајца од Република Србија.

Врз основа на оперативни сознанија и повеќемесечно професионално следење на активностите на домашни увозници и извозници со јајца, на граничниот премин Табановце беше спроведена акција во која при детална контрола откриени се над 572 илјади необележани свежи јајца, скриени зад првите палети со уредно декларирана стока.

Во едната пратка пронајдени се 270 илјади, а во другата 302.400 необележани јајца. Според сознанијата на АХВ, овие производи требало дополнително да се обележат и лажно да се пласираат како македонски, со што директно се загрозува и угледот и конкурентноста на домашното производство.

Благодарение на брзата, стручна и одлучна реакција на АХВ, спречена е сериозна измама и потенцијален ризик за потрошувачите. Вкупната количина од 40 тони и 410 килограми јајца е прогласена за небезбедна и е нештетно уништена на депонијата Дрисла.

АХВ уште еднаш ја потврдува својата клучна улога во заштитата на безбедноста на храната и интересите на граѓаните и домашните производители и останува посветена на бескомпромисна борба против измамите со храна, продолжувајќи со засилени контроли и активности на терен. За вклучените субјекти во овој случај ќе бидат изречени соодветни мерки, а ќе следуваат и дополнителни проверки на нивното досегашно работење.

Address

III Makedonska Brigada Br. 20
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 07:30 - 16:30
Tuesday 07:30 - 16:30
Wednesday 07:30 - 16:30
Thursday 07:30 - 16:30
Friday 07:30 - 16:30

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Агенција за храна и ветеринарство - Food and Veterinary Agency posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Агенција за храна и ветеринарство - Food and Veterinary Agency:

Share