22/04/2024
Драги граѓани и граѓанки,
➡️ Годинава, кога славиме 80 години од АСНОМ, ние сме потчинети и целосно погазени од СДСМ и ДУИ кои се корумпирани, кои го ставија сопствениот над јавниот интерес, кои ги предадоа идеалите на комитите и партизаните. Имаме можност со висока излезност на 24 април да пратиме силна порака дека народот е бедемот на државноста, а јас негов глас.
📖 Во последниве дваесет дена ја презентирав мојата програма во која се обврзуваме дека како Претседател ќе обединувам, модерирам, координирам посредувам, ќе градам консензус дома, ама и надвор и ќе ги бранам националните и државните интереси. Ќе создавам и промовирам јавна вредност, а не лични вредности. Ќе ги назначувам само најдобрите и ќе воспоставувам стандарди во сите области. Само така ќе не почитуваат.
‼️ Благодарение на вас, застанав на чело на оваа борба во која ќе се соочиме со нив, отфрлајќи ги стравот и пасивноста. На тоа нѐ обврзуваат предците, тоа од нас го бараат младите и идните генерации. Не сакаме да се срамат од нас. Дојде време да покажеме, и преку избори, дека ние немаме друга алтернатива ‒ или Македонија ќе биде слободна и демократска, или децата ќе ни заминат разочарани.
🗣 Ве уверувам, Република Македонија не може да се обезличи без наша дозвола. Нашата пасивност ќе ја злоупотребат, ќе ја толкуваат како согласување со нивните политики ‒ и најмногу од сѐ, пасивноста ќе им ги отвори вратите за изборните манипулации. Затоа, мораме да ја заштитиме татковината која се брани со голема излезност на избори.
👥 Во среда, на гласачкото место ќе треба да изберете меѓу оние кои немаат самопочит да си го кажат ни името на татковината и оние кои знаат умеат и ќе воспостават право и правда, ќе направат да ја дигнеме главата горе и Македонија повторно да биде горда.
✍ Заокружете го бројот 2!
Ваша,
Гордана
#МакедонијаПовторноГорда
#ГорданаЗаПретседател