Konrad-Adenauer-Stiftung Skopje

Konrad-Adenauer-Stiftung Skopje Фондација Конрад Аденауер канцеларија во Скопје

10/06/2026

🎬 Видеото од одбележувањето на Денот на Европа 2026 е веќе достапно!

✅ На 20 Мај, во Ragusa Rooftop во Скопје, заедно со партнерите и пријателите на европската идеја го одбележавме еден од најзначајните датуми во европскиот календар – Денот на Европа, под мотото „Од Шуманската визија до геополитичката реалност: Новите предизвици на европската интеграција повеќе од седум децении подоцна."

ℹ️ Денот донесе богата програма, започнувајќи со панел-дискусија за иднината на европското проширување, и доделување на признанието за Европска Личност на годината за 2025🏅на д-р Сашко Кедев. Потоа сцената ја презедоа младите кои во рамки на Младинскиот клуб дебатираа за дигитална Европа, ја покажаа моќта на ораторството на темата „Зошто заминуваме?" и се натпреваруваа во квиз на знаење за Европската Унија 🇪🇺🇲🇰

Целата атмосфера од настанот погледнете ја на видеото ▶️

🤝 Настанот традиционално го реализиравме во партнерство со European Movement EMMK и Wilfried Martens Centre for European Studies

📍 Денес го презентиравме „Индексот за конкурентност и иновации на Западен Балкан“ на настан организиран во соработка пом...
27/05/2026

📍 Денес го презентиравме „Индексот за конкурентност и иновации на Западен Балкан“ на настан организиран во соработка помеѓу КАС и Center for Research and Policy Making.
Настанот ги обедини претставниците на институциите, меѓународните организации, бизнис секторот, академската заедница и граѓанското општество во дискусија за иднината на иновациите, дигиталната трансформација и регионалната конкурентност во Западен Балкан.

📊 Клучните наоди од Индексот покажуваат дека 🇲🇰 бележи значајни резултати во високотехнолошкиот извоз, додека Скопје се издвојува како главен центар на иновацискиот екосистем во државата. Истовремено, извештајот укажува на потребата од посилни регионални политики за поддршка на технолошката модернизација, дигитализацијата, продуктивноста и задржувањето на квалификуван кадар.

🎙 На настанот се обратија:
▪️ Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
▪️ Златко Перински, министер за локална самоуправа
▪️ Даниел Браун, Фондација Конрад Аденауер
▪️ Стивен Езел, ITIF
▪️ Јелена Јаневска, NALAS
▪️ Марија Ристеска, извршна директорка на ЦИКП
▪️ Кристијан Трајковски, ЦИКП

💬 „Иновацијата не е избор – таа е предуслов за конкурентност“, истакна Марија Ристеска, извршна директорка на ЦИКП, нагласувајќи дека локалниот економски развој мора да биде насочен кон продуктивност, иновации и конкурентност.
💬Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, истакна дека: „Политичката стабилност, демократијата, како и функционална правна држава, изискуваат стабилни и добри економски рамковни услови“.

🔗 Повеќе детали за настанот на следниот линк: https://shorturl.at/fqrWN

🎙️ 𝐌𝐞𝐞𝐭 𝐎𝐮𝐫 𝐒𝐩𝐞𝐚𝐤𝐞𝐫𝐬!We are excited to announce the speakers joining the launch of the 𝐖𝐞𝐬𝐭𝐞𝐫𝐧 𝐁𝐚𝐥𝐤𝐚𝐧𝐬 𝐂𝐨𝐦𝐩𝐞𝐭𝐢𝐭𝐢𝐯𝐞𝐧𝐞𝐬𝐬 𝐚...
22/05/2026

🎙️ 𝐌𝐞𝐞𝐭 𝐎𝐮𝐫 𝐒𝐩𝐞𝐚𝐤𝐞𝐫𝐬!

We are excited to announce the speakers joining the launch of the 𝐖𝐞𝐬𝐭𝐞𝐫𝐧 𝐁𝐚𝐥𝐤𝐚𝐧𝐬 𝐂𝐨𝐦𝐩𝐞𝐭𝐢𝐭𝐢𝐯𝐞𝐧𝐞𝐬𝐬 𝐚𝐧𝐝 𝐈𝐧𝐧𝐨𝐯𝐚𝐭𝐢𝐨𝐧 𝐈𝐧𝐝𝐞𝐱 – “𝑴𝒆𝒂𝒔𝒖𝒓𝒊𝒏𝒈 𝑰𝒏𝒏𝒐𝒗𝒂𝒕𝒊𝒐𝒏 𝒇𝒐𝒓 𝑺𝒎𝒂𝒓𝒕𝒆𝒓 𝑮𝒓𝒐𝒘𝒕𝒉.”

The event will bring together leading voices from institutions, international organizations, academia, and policy communities to discuss innovation, competitiveness, and digital transformation in the Western Balkans. 🌍

📍 Hotel Holiday Inn, Skopje
📅 27 May 2026

Center for Research and Policy Making
Konrad-Adenauer-Stiftung Skopje

📣 На 20 мај, КАС во партнерство со European Movement EMMK и Wilfried Martens Centre for European Studies (WMCES) традици...
21/05/2026

📣 На 20 мај, КАС во партнерство со European Movement EMMK и Wilfried Martens Centre for European Studies (WMCES) традиционално го одбележа 9 Мај – Денот на Европа 🇪🇺

🎤 Под мотото „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“, во Скопје се одржа конференција посветена на иднината на Европската Унија, политиката на проширување и новите геополитички предизвици.

🔹 Настанот беше отворен со поздравни обраќања од:
🟡 Проф. д-р Милева Ѓуровска, Претседателка на ЕММК
🟡 Даниел Браун, Официјален претставник на КАС
🟡 Петер Хефеле, Директор за политики во WMCES

🎙 Главен говорник на конференцијата беше Afrim Gashi, Претседател на Собранието на 🇲🇰

🗣 На панел дискусијата „Од визија до геополитички одговор: Проширувањето на ЕУ во новата геополитичка реалност“ учествуваа:
🔹 Н.Е. Петра Дрекслер, Амбасадорка на 🇩🇪
🔹 Стефен Худолин, Шеф на соработка во Делегацијата на 🇪🇺
🔹 Петер Хефеле, Директор за политики во WMCES
🔹 Antonio Milososki, Потпретседател на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања
🔹 Венко Филипче, Претседател на Националниот совет за евроинтеграции

🏆 Во рамки на настанот, плакетата за Европска личност на годината за 2025 година му беше доделена на Сашко Кедев – интервентен кардиолог, универзитетски професор и алпинист.

👥 Вториот дел од настанот беше организиран како Младински клуб на тема „Младите и дигитална Европа: Од следбеници кон лидери“, кој опфати младинска дебата, ораторски натпревар и квиз за знаење за Европската Унија со учество на студенти и средношколци.

▶️ Во рамки на младинската дебата свои воведни обраќања имаа:
🔹 Драгана Бојковска / Dragana Bojkovska, Пратеничка и Претседателка на Клубот за младински прашања и политики
🔹 Моника Зајкова, Пратеничка од ЛДП
🔹 Ана Михајлов, директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност
🔹 Константин Миноски, професор на Филозофскиот факултет при УКИМ

🎤 Во рамки на ораторскиот натпревар беа доделени награди за најдобрите учесници:
🥇 Иван Петревски – УКЛО
🥈 Искра Постолова – УГД
🥉 Ениса Синани – УАЦС
🥉 Марија Стојановска – УКЛО

🇪🇺 На квизот за знаење за Европската Унија беа наградени:
🥇 Давид Мишовски
🥈 Алексеј Стојановиќ
🥉 Димитар Чулев

📚 Сите тројца ученици од СУГС Гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“

🇪🇺 Денот на Европа нè потсетува дека европските вредности – демократијата, солидарноста и дијалогот – остануваат темел за заедничка европска иднина.

🌐 Повеќе детали за настанот на следниот линк 👇
https://shorturl.at/AxyP7

📢 𝐒𝐀𝐕𝐄 𝐓𝐇𝐄 𝐃𝐀𝐓𝐄 | 𝟐𝟕 𝐌𝐚𝐲 𝟐𝟎𝟐𝟔 | 𝐒𝐤𝐨𝐩𝐣𝐞Center for Research and Policy Making  in cooperation with the Konrad-Adenauer-Sti...
15/05/2026

📢 𝐒𝐀𝐕𝐄 𝐓𝐇𝐄 𝐃𝐀𝐓𝐄 | 𝟐𝟕 𝐌𝐚𝐲 𝟐𝟎𝟐𝟔 | 𝐒𝐤𝐨𝐩𝐣𝐞

Center for Research and Policy Making in cooperation with the Konrad-Adenauer-Stiftung Skopje, will host the launch of the Western Balkans Competitiveness and Innovation Index under the theme:

🔹 “𝑴𝒆𝒂𝒔𝒖𝒓𝒊𝒏𝒈 𝑰𝒏𝒏𝒐𝒗𝒂𝒕𝒊𝒐𝒏 𝒇𝒐𝒓 𝑺𝒖𝒔𝒕𝒂𝒊𝒏𝒂𝒃𝒍𝒆 𝒂𝒏𝒅 𝑺𝒎𝒂𝒓𝒕 𝑮𝒓𝒐𝒘𝒕𝒉”

The event will bring together policymakers, experts, academia, business representatives, and civil society to discuss innovation, competitiveness, and digital transformation in the Western Balkans.

📍 Hotel Holiday Inn, Skopje
🕙 Starting at 10:00 hrs

🗣Во рамки на НајГЛАСни! – годишната награда за ученичко учество, претставници од ученичките совети од шест средни училиш...
14/05/2026

🗣Во рамки на НајГЛАСни! – годишната награда за ученичко учество, претставници од ученичките совети од шест средни училишта од целата држава присуствуваа на средба во Собранието на Македонија.

👨‍🎓Тие учествуваа во активна дискусија со пратениците од Клубот за младински прашања и политики, каде се отворија важни теми за улогата на младите во училиштата, предизвиците со кои се соочуваат ученичките совети, условите за вистинско ученичко учество и можностите младите да бидат посериозно вклучени во процесите на донесување одлуки.👩‍⚖️

Овие млади лидери секојдневно се залагаат за своите соученици, создаваат промени во своите училишта и покажуваат дека ученичкото учество не е само формалност, туку вистинска сила за подобро образование и поактивно општество.

Токму нивната посветеност, иницијативност и работа ги доведоа до финалето на најГЛАСни! – признание за најактивните, најпосветените и најгласните ученички совети во државата.🥇

📢 Во тек е финалниот настан каде овие млади луѓе ќе го покажат нивниот глас, a ние одвај чекаме да ја видиме кој ќе биде НајГЛАСен!

🤝 Фондација Конрад Аденауер, LEAD и Министерството за образование и наука ја доделуваат оваа награда како признание за вашата активност и труд во зајакнување на ученичкиот глас.

🤝 Интегритетот, транспарентноста и усогласеноста се клучни предуслови за конкурентна и одржлива економија.📍 На 14 мај 20...
14/05/2026

🤝 Интегритетот, транспарентноста и усогласеноста се клучни предуслови за конкурентна и одржлива економија.

📍 На 14 мај 2026 година во Скопје, Фондација Конрад Аденауер ја организираше конференцијата „Бизнис со интегритет за конкурентна економија“, која обедини претставници од институциите, бизнис-заедницата, меѓународните организации и граѓанскиот сектор.

💬 Учесниците дискутираа за значењето на интегритетот, транспарентноста и одговорните деловни практики во јакнењето на конкурентноста на малите и средни претпријатија.

🇪🇺 Конференцијата се одржа во рамки на ЕУ кофинансираниот проект „Чист бизнис во Северна Македонија – Мобилизирање на малите и средните претпријатија како лидери во борбата против корупција“.

✅ Преку заедничка соработка помеѓу институциите, приватниот сектор и граѓанските организации, продолжуваме да придонесуваме кон создавање на поодговорна, транспарентна и конкурентна деловна средина.

Прочитајте повеќе за настанот на следниот линк https://www.kas.de/mk/web/nordmazedonien/veranstaltungen/detail/-/content/biznis-so-integritet-za-konkurentna-ekonomija

📣 По повод Денот на Европа, на 20 мај 2026 година (среда) со почеток во 11.00 часот, во организација на European Movemen...
13/05/2026

📣 По повод Денот на Европа, на 20 мај 2026 година (среда) со почеток во 11.00 часот, во организација на European Movement EMMK, КАС и Wilfried Martens Centre for European Studies, ќе се одржи настанот „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“, посветен на актуелните предизвици и перспективи на европската интеграција во новата геополитичка реалност.

🧭 Настанот ќе започне со панел дискусија на тема:
„Од визија до геополитички одговор: Проширувањето на ЕУ во новата геополитичка реалност“.

🏅 Во рамки на настанот ќе биде доделена и традиционалната плакета „Европска личност на годината 2025“.

👥 Дополнително, ќе се одржи и младински клуб на тема:
„Младите и дигитална Европа: Од следбеници кон лидери“, простор каде младите гласно ја кажуваат својата визија за Европа.

🗣️ Преку ораторски натпревар, младинска дебата и квиз на знаење за Европската Унија, студенти и средношколци ќе покажат дека иднината на европската интеграција е и нивна приказна.

📅 20 мај 2026 (среда)
🕚 11:00 – 17:00 часот
📍 Ragusa Rooftop, Скопје

🌐 Повеќе информации и регистрација на следниот линк 👇:

Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа

Фондацијата Конрад Аденауер ја поддржа првата панел-дискусија од серијата „Дијалог за Историја и Стратегија“ со наслов "...
07/05/2026

Фондацијата Конрад Аденауер ја поддржа првата панел-дискусија од серијата „Дијалог за Историја и Стратегија“ со наслов "Основачкиот момент на Европа: Зошто беше создадена Европската Унија и што значи таа денес", во организација на Институтот за национална историја.📚
Свое обраќање на настанот имаа официјалниот претставник на КАС Даниел Браун, Директорот на Институтот за национална историја проф. д-р Митко Панов, амбасадорот на Италија 🇮🇹 Паоло Палминтери, амбасадорот на Шпанија 🇪🇸 Рафаел Сориано Ортиз, како и професорката Катерина Тодоровска.
Дискусијата беше посветена на создавањето на Европската Унија, научените лекции од европската историја и нивното значење во денешниот контекст на зголемени геополитички тензии. 🌍
Истакнато беше дека европскиот проект претставува пример за помирување, соработка и долгорочна стабилност 🇪🇺🤝

Со големо задоволство ја најавуваме XIII. Аденауерова конференција за улогата на Германија во меѓународната политика под...
04/05/2026

Со големо задоволство ја најавуваме XIII. Аденауерова конференција за улогата на Германија во меѓународната политика под мотото „Свет во неизвесност: часот на Европа“.

🎙️ Конференцијата ќе биде отворена со обраќање на претседателката на Фондацијата Конрад Аденауер, г-ѓа Анегрет Крамп-Каренбауер, а свое обраќање ќе има и германскиот министер за надворешни работи, д-р Јохан Вадефул.
Потоа следи панел дискусија со истакнати експерти кои ќе дискутираат во врска со европската безбедност, надворешната политика и трансатлантските односи.

📅 Европа пред нови предизвици - време е за визија, одговорност и заедничко делување!

🌐 Настанот може да го проследите на 06 мај од 14:00 часот на YouTube Каналот преку следниов линк: https://www.youtube.com/watch?v=cQ__AcSWDkk

Address

Risto Ravanovski 8
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Konrad-Adenauer-Stiftung Skopje posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Konrad-Adenauer-Stiftung Skopje:

Share