28/05/2026
❗ДОСЕГАШНИТЕ ВЛАСТИ МУ ЈА ИСЦИЦАА КРВТА НА КАРПОШ
Општина Карпош годинава полни 50 години од своето основање и додека граѓаните мака мачеа како да ги покријат трошоците за живеење, општинските власти крвнички го празнеа буџетот и не задолжуваа каде ќе стигнат.
⚠️ 244.000.000 денари од парите на граѓаните на Карпош ќе одат за враќање на долгови кои завршиле наместо во капитални објекти и инфраструктура, во нечии џебови и ја направија најзадолжена општина во Скопје!
📉 На последната (13) седница на советот на Карпош се одобрија нови 40.000.000 денари за да се покријат судски процеси кои општината ги изгубила, а никој не одговара зошто се изгубени ниту пак е покрената дисциплинска постапка.
Карпош стана Мека за тужење и добивање на судски спорови. На кој како му зафалат пари, го тужи Карпош и "нормално" го добива судскиот процес.
Моментално Ревизијата за работењето е сеуште е во општинската зграда но најверојатно како и до сега, се` ќе биде "согласно законот".
На секои 4 години (старо) новите кандидати не "спасуваат" од минатата власт а Карпош и понатаму тоне во бетон, нечистотија и сообраќаен хаос. Триесет години карпошани избираат помеѓу змија и магаре, долговите секоја година се се` поголеми и поголеми, а капитални инвестиции и инфраструктура АШ.
👉Во наредниот период ќе ги информирам граѓанитe на Карпош на кого должат 244 милиони денари и кој купува и дооформува државно земјиште по багателни цени, секако, доколку "најтранспарентната општина" ми ги даде податоците.
🚨НАРОДЕ БИДИ БУДЕН!
(Став на Славко Митевски, Координатор на советничката група на Левица во Општина Карпош)