26/03/2026
✅Актуелната Влада вложи над 67 милиони евра во образовната инфраструктура за помалку од две години, а паралелно се фокусираме и на модернизација на наставните програми и на изработка на нови учебници за учениците да ги имаат сите неопходни услови за поквалитетен воспитно – образовен процес.
📌Пред неколку дена беше заокружена темелната реконструкција на Регионалниот центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“ во Тетово, вредна 5 милиони евра кои се обезбедени од државата и од ИПА фондовите на ЕУ. Во тек е доградба на неколку објекти во склоп на училишта во општините Ѓорче Петров, Карпош и Центар каде треба да се овозможи едносменска настава. Се реконструираат 15 училишни спортски сали, а 30 нови етапно започнуваат да се градат. Кумановската гимназија ќе добие нов објект до крајот на тековната година. Се откочи изградбата на објектите за потребите на ФИНКИ и се реконструираат државните студентски домови.