Родина Македонија - Бутел

Родина Македонија - Бутел Страница на Општинскиот одбор Бутел, на политичката партија Родина Македонија

Родина Македонија постои скоро 4 години, и ете дојде време за пререгистрација, кој е тежок и бирократски процес како би ...
30/01/2024

Родина Македонија постои скоро 4 години, и ете дојде време за пререгистрација, кој е тежок и бирократски процес како би се спречиле слободумните ентузијасти во курто-мурто-али баба системот да се формираат и организираат во единствената правна опција т.е политичка партија која правно легално би променила нешто во општеството, државата и татковината-Родината од злото кое секојдневно го живееме!

Согласно тоа сакам да ги повикам сите пријатели, роднини, познаници знајни и незнајни, да помогнат во собирањето на потписите преку лични изјави да продолжи постоењето на родољубната суверенистичка политичка опција Родина Македонија, која постои за Вас "народот на нашата мила Македонија".

Процесот е тежок и макотрпен, и позади нас не стојат никакви служби и државни елементи од домашната и странска провиненција, (инаку и не би повикувале на помош од народот) и секој ваш потпис и изјава ни се потребни да продолжиме правно и легално да говориме за работи и девијации кои ја уништуваат државата во сите сегменти за нејзин стабилен развој и опстанок.

Се што треба да направите е само да одвоите 15 минути од вашето време во рок од 90 дена и да дадете и потпишете изјава заверена на Нотар (на наш трошок за заверка), и да си продолжите со животните обврски, а ние да се трудиме како знаеме и умееме да промениме нешто на подобро во Македонија.

Согласно горе изнесеното, ќе Ви приложам линкови каде низ објаснета процедура низ чекори како тоа да го сторите најлесно низ две опции, подетално е објаснет процесот:

1 линк за објаснета процедура кај нотарите согласно постапка 1
https://rodina.org.mk/%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%80%d0%b5%d0%b3%d0%b8%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d1%80%d0%be%d0%b4%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0/?fbclid=IwAR105fav2Dxq0aEFDtxXx0b-aLHynksKwQbZPk3gFJmube_0zXgcKl10mMg

2 линк за преземање на изјава доколку тоа го сторите кај нотар со кој немаме обезбедено соработка согласно постапка 2
https://rodina.org.mk/preregistracija/?fbclid=IwAR2QY77nE4CWYe23p3PVVo_URITz83fAFengyO3X_osmoRzbCxQutXVKeqo

ПРЕРЕГИСТРАЦИЈА НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА (1.1.2024 - 30.3.2024) Во согласнот со Законот за политич

Крајните сумарни резултати се битни!Кај двете системски курто-мурто партии има пад на гласачите во однос на локалните из...
19/10/2021

Крајните сумарни резултати се битни!
Кај двете системски курто-мурто партии има пад на гласачите во однос на локалните избори од 2017 година!!!
Драстичен пад кај СДС од дури 141.164 - 78.226 = 62.938 гласа
Оптимален пад кај ДПМНЕ од 101.472 - 85.657 = 15.815 гласа
Сума Сумарум 62.938 + 15.815 = 78.753 гласа "ПАД" или помалку гласа на курто-мурто партиите кои се составени воглавном од административно-штаботомски-партиски гласа, иако подржувачите на ДПМНЕ паднаа во делириум од радост.
Уште на денот на изборите откако ги видов првите неофицијални податоци кажав дека вистински победник на овие избори е Левица на долгорочен план, која им направи "џандар збира" на гласовите од двете партии, ама највеќе на СДС, и лично им честитам.
Но исто така битно е да напомене дека за големиот пад на СДС покрај гласови прелеани кај Левица, се должи и на посебниот партиски настап на многу коалициони партии на СДС, како што се ЛДП-ДОМ кои прибраа доста гласови како и голем број на независни советнички листи од базата на НВО-невладини организации кои претходно ги подржаа СДС на претходните локални избори.
Кога би се собрале сите овие гласови на куп за СДС која ги држела претходно на претходните локални избори, делириумот кај ДПМНЕ за падот на Црпко би изгледал смешно апсурден.
Јас лично за Родина Македонија сум воглавном незадоволен гледано од оптимистички агол, но од реалистичен агол ги надмина очекувањата во однос на нула вложувањето и многу слабата активност на терен меѓу гласачкото тело, пред се од техничко-финансиски причини.
Исто така да им честитам и на сите останати не/системски партии кои освоија гласови на овие нерегуларни исполнети со голем број на нерегуларности преку поткупи, бугарски возови и сл, како чудни избори со рекорден број на неважечки ливичиња во историјата на Република Македонија и не фунционалноста на биометриската технологија со фингерпринтовите, која требаше да спречи работи кои не се спречија повторно на овие избори, а беше толку помпезно најавувана.
Родина Македонија Доаѓа по своето!
Да Живее Родината Македонија!
#РодинаЈаВраќаМакедонија

Од мое лично име Никола Чоневски, како носител на листата на советници за Општина Бутел, му го честитам изборот на Дарко...
18/10/2021

Од мое лично име Никола Чоневски, како носител на листата на советници за Општина Бутел, му го честитам изборот на Дарко Костовски за Градоначалник за општина Бутел, на сите советници кои влегоа во советот на Општина Бутел, а воедно Родина Македонија се заблагодарува на сите кои го дадоа својот глас за Родина Македонија за советничката листа на Општина Бутел, за советот на Град Скопје и за градоначалник на Град Скопје.
Нема да навлагам за изборните нерегуларности, само ќе констатирам дека од 17073 кои гласале на изборите во општина Бутел, 815 се неважечки ливчиња и без спроведување на фингерпринт технологијата на многу избирачки места.
На Родина Македонија и следи прегрупирање и поголема активност помеѓу народот на Македонија, заради остварување на нејзините примарни програмски и идеолошки цели !!!
Нема откажување, уште повеќе сме мотивирани да продолжиме со нашата борба за Македонија!!!
Инаку како отчет за потрошените средства, кампањата на Родина Македонија за Општина Бутел ја чинеше точно 35 долари или два буста на Фејсбук со многу рестрикции и одбивања.

#РодинаЈаВраќаМакедонија

12/10/2021

#РедВоОпштинатаРедВоДржавата
#На17тиЗаокружиБрој17
#РодинаЈаВраќаМакедонија

12/10/2021

#Честит11тиОктомври
#СмртНаФашизмотСлободаНаНародот
#На17тиЗаокружиБрој17

 #РедВоОпштинатаРедВоДржавата #На17тиЗаокружиБрој17 #РодинаЈаВраќаМакедонија
12/10/2021

#РедВоОпштинатаРедВоДржавата
#На17тиЗаокружиБрој17
#РодинаЈаВраќаМакедонија

На 17ти одбери го бројот 17!

Address

Ljuba Ivanovich 50/1/5
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Родина Македонија - Бутел posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Родина Македонија - Бутел:

Share