Државен студентски Дом - Скопје

Државен студентски Дом - Скопје Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Државен студентски Дом - Скопје, БУлица „Митрополит Теодосиј Гологанов “ 26 б, Skopje.

Реконструкцијата на домовите „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ почна во октомври 2024 година, а според најавите, ...
09/02/2026

Реконструкцијата на домовите „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ почна во октомври 2024 година, а според најавите, се очекува, комплетно реновирани, вратите за студентите да ги отворат во септември 2026 година. Прочитајте како ќе изгледаат 👇

Двата државни студентски дома што се реновираат - „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје не само што ќе бидат најмодерни на овие простори и енергетск....

23/01/2026

Некогаш голем потрошувач на енергија и извор на загадување – денес, во процес на целосна трансформација кон енергетски ефикасен објект. 🏢💨🌱

Студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу минува низ темелна реконструкција што го менува не само изгледот, туку и неговото влијание врз животната средина. Од неефикасен објект, домот прераснува во современ, одржлив и удобен простор за идните генерации студенти. 💡♻️

Ова не е само реконструкција, туку инвестиција во поздрави услови, понизок енергетски отпечаток и подобар студентски стандард. 🎓✨

Дознајте повеќе за проектот на 🔗 www.dormfor10.mk

Студентскиот дом „Стив Наумов“ ќе ја дочека следната академска година целосно подготвен да ги пречека своите студенти, с...
10/01/2026

Студентскиот дом „Стив Наумов“ ќе ја дочека следната академска година целосно подготвен да ги пречека своите студенти, со подобрени услови за живеење, учење и секојдневен престој.

За многу млади луѓе, студентскиот дом е повеќе од сместување, тоа е првиот чекор кон самостојност, место каде се создаваат нови пријателства, се споделуваат искуства и се градат навики што траат цел живот. Затоа, обезбедувањето функционални, безбедни и пријатни услови е од суштинско значење за квалитетот на студентскиот живот.

Со континуирани подобрувања и вложувања, домот „Стив Наумов“ создава средина која ги поддржува образованието, личниот развој и секојдневните потреби на студентите - подготвена за нови почетоци и нови генерации!

Дознајте повеќе за проектот на:
🔗 www.dormfor10.mk

23/12/2025
23/12/2025

Изјава на Директорот на ДСД Скопје - Скопје м-р Александар Каровски за реконструираните спортски игралишта во СД „Гоце Делчев“

Реконструирани спортските игралишта во СД „Гоце Делчев“ – Скопје ⚽️🏀Министерот за спорт Борко Ристовски  денеска, заедно...
23/12/2025

Реконструирани спортските игралишта во СД „Гоце Делчев“ – Скопје ⚽️🏀

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска, заедно со градоначалникот на општина Карпош Сотир Лукровски и Директорот на ДСД Скопје-Скопје Александар Каровски официјално ги пуштија во употреба реконструираните спортски игралишта во рамки на Студентскиот дом „Гоце Делчев“.

Проектот е реализиран со поддршка на Министерството за спорт, како одговор на барањата и потребите на студентите. Извршена е целосна санација и реконструкција на просторот за спорт и рекреација, при што се уредени современи игралишта за фудбал и кошарка со полипропиленска подлога, согласно важечките стандарди.

Со оваа инвестиција значително се подобруваат условите за спортски активности и рекреација на студентите, поттикнувајќи здрав начин на живот, физичка активност и квалитетно студентско секојдневие.

Државниот студентски дом Скопје – Скопје и понатаму ќе продолжи да работи на унапредување на условите за живот и развој на студентите.

Потпишан Меморандум за соработка со Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“Воена академија „Генерал Михаило Апостол...
09/12/2025

Потпишан Меморандум за соработка со Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“

Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“ – придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Државниот студентски дом – Скопје потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за унапредување на заедничките активности и развојни иницијативи од обостран интерес.

Овој Меморандум претставува значаен чекор кон продлабочување на институционалната соработка, поддршка на студентската заедница и унапредување на условите за образование и професионален развој.

Список на студенти кои имаат поднесени приговори за сместување за во ДСД Пелагонија и ДСД Томе Стефановски- Сениќ
13/10/2025

Список на студенти кои имаат поднесени приговори за сместување за во ДСД Пелагонија и ДСД Томе Стефановски- Сениќ

Резултати по поднесени приговори од 01.10 до 07.10.2025 година
13/10/2025

Резултати по поднесени приговори од 01.10 до 07.10.2025 година

29/09/2025

📢 Известување

Бруцошите кои се примени во студентскиот дом Гоце Делчев, при вселувањето во домот треба да ги имаат следните документи:

- Комплет документи за вселување (се подигаат од блок Б со уплатница на 500,00 ден уплатена во банка или пошта).

- Копија од иэвод од матична книга на родени

- Копија од индекс

- 2 фотографии

📑 Со уредно пополнети документи и приложени уплатници за станарина за 10/25 година и надомест за одржување и амортизација, студентот оди кај комисијата за вселување во блокот кој го избрал 🏢

• Цена на документи- 500.00 денари.
• Станарина эа 10/25 година- 3645,00 денари.
• Надомест за одржување и амортизација- 1200,00 денари.

▪️Студентите кои се ослободени од плаќање на партиципација и студентите кои со себе ќе имаат уверение за родител бранител во оригинал или копија заверена на нотар треба да направат уплата само за документи и надомест за одржување и амортизација .

📃Уплата на документи, станарина и на надоместот за одржување и амортизација се врши на ПП50 образец

Назив на примач: Државен студентски дом„Скопје“Скопје

Банка на примач: НБРСМ
100000000063095

Жиро.сметка: 160011089878813
Приходна шифра: 723114 и програма 60

📌 Приговори од бруцошите ќе се примаат од 01.10.2025 до 07.10.2025 во блок Б во Гоце Делчев.

🗓 Вселувањето почнува на 30.09.2025 и ќе трае до 10.10.2025 година .

Резултати по поднесени приговори за сместување
29/09/2025

Резултати по поднесени приговори за сместување

Резултати по поднесени приговори за ослободување
29/09/2025

Резултати по поднесени приговори за ослободување

Address

БУлица „Митрополит Теодосиј Гологанов “ 26 б
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Државен студентски Дом - Скопје posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Државен студентски Дом - Скопје:

Share