Ресурсен центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Ресурсен центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање

Ресурсен центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање Зајакнување на капацитетите во иституциите во областа на родовото одговорно креирање на политики и бу

👉Претставници на министерството за социјална политика, демографија и млади денеска одржаа координативен состанок со дона...
04/02/2026

👉Претставници на министерството за социјална политика, демографија и млади денеска одржаа координативен состанок со донаторската заедница која работи на прашања во областа на родова еднаквост во нашата држава, со цел меѓусебно информирање за активностите на министерството во оваа област.
👉Од страна на државниот секретар на министерството, Фатмир Сабриу, шефицата на Кабинет, Флутра Калиси и претставници од Секторот Еднакви можности при Министерството беше потврдена силната посветеност на министерството кон унапредување на родовата еднаквост и заштитата на човековите права, како стратешки приоритети усогласени со Стратегијата за родова еднаквост и Националниот акциски план 2025–2027.

Претставници на министерството за социјална политика, демографија и млади денеска одржаа координативен состанок со донаторската заедница која работи на прашања ....

На 24 декември 2025 година, во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање, успешно се одржа...
20/01/2026

На 24 декември 2025 година, во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање, успешно се одржа Основна обука за родово одговорно буџетирање.
➡️Обуката беше наменета за административни службеници со кратко работно искуство и учесници кои досега немале можност да се запознаат со концептите на родова еднаквост, а се директно вклучени во креирање на политики, програми и буџети во своите институции.
➡️Учесниците се стекнаа со основни знаења за принципите на родово одговорно буџетирање, интегрирањето на родовата перспектива во јавните политики и буџетските процеси, како и за улогата на институциите во унапредување на родовата еднаквост.

На 24 декември 2025 година, во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање, успешно се одржа Основна обука за родово одговорно буџетирање.

Министерството за социјална политика, демографија и млади спроведе две еднодневни обуки на ден 29.12 и 30.12.2025 година...
20/01/2026

Министерството за социјална политика, демографија и млади спроведе две еднодневни обуки на ден 29.12 и 30.12.2025 година, во Ресурсниот центар за родово одговорни политики и буџетирање.
👉Обуките беа наменети за стручните лица од ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје и претставници од стручните служби од детските градинки во Скопје.
👉Целта на обуката е да се препознае дискриминацијата, да се реагира и да се поттикне на еднаквост и инклузивност во општеството.

Министерството за социјална политика, демографија и млади спроведе две еднодневни обуки на ден 29.12 и 30.12.2025 година, во Ресурсниот центар за родово одговорни политик...

Им благодариме на нашите обучувачи за успешната реализација на „Основна обука за родова еднаквост и воведување на родова...
22/12/2025

Им благодариме на нашите обучувачи за успешната реализација на „Основна обука за родова еднаквост и воведување на родовата перспектива во јавните политики“:
👩‍💼 Ана Спасиќ – Раководителка на Одделението за буџетска координација при Секторот за финансиски прашања во Центарот за управување со кризи
📊 Севим Јакупи – Советник за стратешко планирање и програмирање при Секторот за аналитика, процени и стратешко планирање во Центарот за управување со кризи
💻 Енисер Нуредини – Советник – систем инженер за развој и поддршка на системот Е-112 во Центарот за управување со кризи
📝 Елена Манчева – Помошник раководител на Сектор за стратешко планирање при Министерството за социјална политика, демографија и млади

На 17 декември 2025 година, Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџети  при Министерството за с...
22/12/2025

На 17 декември 2025 година, Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџети при Министерството за социјална политика, демографија и млади реализираше обука за родова еднаквост ⚖️ и воведување на родовата перспектива 👩‍💼👨‍💼 во јавните политики.

Обуката беше наменета за административни службеници 🏛️ и имаше за цел зајакнување на капацитетите за примена на родовата перспектива при креирање на јавни политики и буџети 💼📊.
Обуката ја спроведоа вработени од Одделението за родово одговорни политики и родово одговорно буџетирање при Секторот за еднакви можности, како и административни службеници – обучувачи 👩‍🏫👨‍🏫 за родово одговорно буџетирање.
➡️ За родово одговорни и инклузивни јавни политики 🌍🤝.

На 11 и 12 ноември  2025 година Ресурсниот центар за родово одговорни политики и буџетирање успешно ја реализира обуката...
14/11/2025

На 11 и 12 ноември 2025 година Ресурсниот центар за родово одговорни политики и буџетирање успешно ја реализира обуката „Основи и рамка на родовата перспектива во стратешкото планирање“, наменета за административни службеници од различни институции. Обуката беше одлична можност за продлабочување на знаењата и практичните вештини потребни за интегрирање на родовата перспектива во процесите на стратешко планирање и креирање јавни политики.
🔍 Што опфати обуката?
Учесниците имаа можност да:
стекнат цврсто разбирање на основните концепти поврзани со родот и родовата еднаквост;
научат како се применуваат алатки за родова анализа во институционалниот контекст;
продлабочат знаења за системско интегрирање на родовата перспектива во сите фази на стратешко планирање – од анализа, поставување цели и индикатори, до буџетирање и евалуација.
🛠 Практична работа и интеракција
Особено значајни беа практичните вежби, дискусии и анализи на студии на случај, кои им овозможија на учесниците да ги применат стекнатите знаења во реални сценарија. Овој практичен пристап ја засили свесноста за важноста на родово одговорното планирање и покажа конкретни начини како институциите можат да ги унапредат постоечките процеси и документи.
🎯 Резултати и значење
Со успешно имплементирање на оваа обука, административните службеници:
ја зајакнаа својата стручност во креирањето поинклузивни и правични политики;
добија алатки за подобрување на институционалните практики;
станаа дел од растечката мрежа професионалци посветени на родово одговорно управување.
🌟 Благодарност до сите учесници за нивната посветеност и активна вклученост!
Продолжуваме заедно да градиме институции што создаваат еднакви можности за сите граѓани.

👉Министерството за социјална политика демографија и млади во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка- ...
04/09/2025

👉Министерството за социјална политика демографија и млади во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка- ГИЗ организираше летна школа која се одржа од 25 – 28 Август во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање.
👉Летната школа беше организирана во четиридневна агенда, преку теоретски презентации, практични вежби и студии на случаи, и ги обедини младите од регионот: Србија, Албанија Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Северна Македонија– вработени во администрацијата.
👉Учесниците се запозна со основните принципи на родовата еднаквост, стратешки пристап на родовата перспектива во јавните политики, родовите анализи и статистики и родово одговорното буџетирање.
👉Исто така, во текот на летна школа учесниците беа вклучени во активни дискусии и презентации, посета на Собранието на Република Северна Македонија и Стара чаршија преку кои ги продлабочија своите знаењата за родовата еднаквост и придобивките од интеграцијата на родовата перспектива во политиките и јавните буџети.

01/09/2025

На вториот ден од одржување на летната школа, учесниците презентираа за политиките и механизмите за родова еднаквост во своите држави, како и за предизвиците со...

01/09/2025

Министерот за социјална политика демографија и млади, Фатмир Лимани денеска ги поздрави младите – учесници на Летната школа за родова еднаквост, која се одржува о....

19/06/2025

Во ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање се оддржа работна група за резгледување и Предлог -Национална стратегија за превенција ...

👉Во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање во текот на мај и јуни 2025 се одржаа 13 мен...
19/06/2025

👉Во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање во текот на мај и јуни 2025 се одржаа 13 менторски сесии за родово одговорно буџетирање за институциите на централно ниво.

Во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање во текот на мај и јуни 2025 се одржаа 13 менторски сесии за родово одговорно буџетирање за и...

На 19 и 20 Мај се оддржа Регионалната средба на родовите механизми од Западен Балкан. Министерството за социјална полити...
22/05/2025

На 19 и 20 Мај се оддржа Регионалната средба на родовите механизми од Западен Балкан. Министерството за социјална политика демографија и млади со поддршка од UN Woman. Со експерти од институции од целиот регион, разговаравме за тоа што е потребно за #РодоватаЕднаквост да стане секојдневна реалност, а не само политичка цел. ✊

🟣 Од следење како јавните средства ги поддржуваат правата на жените (родово одговорно буџетирање)
🟣 До унапредување на обврските од Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените (ЦЕДАВ)
🟣 Од осврт на регионалниот преглед од Пекинг+30
🟣 До справување со нови предизвици како климатските промени и онлајн родово базираното насилство

💬 Пораката е јасна: напредокот е можен – но само преку заедничка акција и силни партнерства.

➡️ Повеќе жени во лидерски позиции.
➡️ Поголема превенција и заштита од насилство.
➡️ Еднаква плата за еднаква вредност на работа.
➡️ Инклузивни политики за сите.

Да продолжиме да се залагаме за храбри промени низ Западен Балкан – затоа што родовата еднаквост гради посилни и поправедни општества.

#ЗаСИТЕЖениИДевојчиња #РодовоОдговорноБуџетирање #РОБ #РодовоБуџетирање #РодовоОдговорноУправување #РОУ

Министерство за социјална политика демографија и млади
Ресурсен центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање

Address

Улица Македонија, бр. 22
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:30 - 16:30
Tuesday 08:30 - 16:30
Wednesday 08:30 - 16:30
Thursday 08:30 - 16:30
Friday 08:30 - 16:30

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Ресурсен центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share