Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија-ФПИОСМ

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија-ФПИОСМ

Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија-ФПИОСМ Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија-ФПИОСМ, Government Organization, 23 oktomvri 11, Skopje.

Честит 1-ви Мај !!!Меѓународен ден на трудот.
01/05/2026

Честит 1-ви Мај !!!
Меѓународен ден на трудот.

„Вашата генереција е темел на создавањето на Македонија, а нашата генерација треба да земе пример од Вас за вредностите ...
23/04/2026

„Вашата генереција е темел на создавањето на Македонија, а нашата генерација треба да земе пример од Вас за вредностите коишто ни недостасуваат“, рече директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов на прославата - 80 години постоење на Сојузот на Здруженијата на пензионерите на Македонија

Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов присуствуваше на одбележувањето на 80 годишнината од постоењето на Сојузот на Здруженијата на пензионерите на Македонија.
Во своето обраќање пред присутните членови и гости, Мемов нагласи дека овој јубилеј е симбол на истрајноста, заедништвото и посветеноста на Здруженијата на пензионерите во градењето на достоинствен живот на пензионерите, кои со својот труд и знаење се вградиле во темелите на државата и со својот придонес оставиле трага во изградбата на општеството и државата во целина.
Тој рече дека државата останува посветена на грижата за благосостојбата на пензионерите и обезбедување на нивен достоинствен живот.
„Оваа Влада имајќи го предвид подобрувањето на стандардот на пензионерите направи нешто што досега не се случило во самостојна и независна Македонија, кога станува збор за пензионерите. Од септември 2024 до март 2026 Владата ги зголеми пензиит е вкупно за 7.000 денари“, рече Мемов и додаде дека ова зголемување значи дека за редовната исплата на пензиите во оваа 2026 година од буџетот се одвојуваат околу 500 милиони евра повеќе отколку во 2024 година.
Директорот на Фондот на ПИОМ, Мемов се осврна и на соработката што Фондот ја остварува со Сојузот, при што истакна:
„Фондот остварува редовни контакти со Сојузот на Здруженијата на пензионерите и отворено се разговара за сите проблеми што ги мачат пензионерите, како и за предлозите што тие ги имаат во насока на подобрување на пензионерскиот стандард. Таа комуникација и размена на иформации ќе продолжи во иднина и ќе градиме однос на взамена почит и плодна соработка за да продолжиме да градиме држава која се грижи за своите граѓани – од најмладите до највозрасните“.

10/04/2026
„Држвата треба да го стимулира плаќањето придонеси за да имаме стабилен пензиски систем“ – потенцира директорот на Фондо...
08/04/2026

„Држвата треба да го стимулира плаќањето придонеси за да имаме стабилен пензиски систем“ – потенцира директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов во „Топ тема“ на телевизија „Телма“,

Директорот на Фондот на пензиско, Никола Мемов беше гостин во Топ Тема на Телевизија Телма, каде што одговори на повеќе прашања во врска со состојбата во Фондот и вкупната ситуација со пензискиот систем во земјава.
На констатацијата дека Фондот се соочува со проблеми и недостиг на средства тој рече дека без разлика на проблемите пензии ќе има.
„Една констатација, граѓаните да бидат сигурни дека пензискиот систем никојпат не може да колабира во една држава, затоа што исплатата на пензиите ја гарантира државата, односно владата. Тоа е и содржано во Законот за ПИО, каде што е пропишано дека сите недостатоци во врска со недостаток на средства во однос на прибрани придонеси за пензиско и инвалидско осигурување ќе ги покрие владата од државниот буџет. Така да граѓаните треба да бидат стабилни, смирени и сигурни дека пензии ќе се исплаќаат во една држава, односно во Република Македонија се додека постои државата“, нагласи Мемов.
Директорот на Фондот, Мемов одговори и на прашањето за тоа кој е соодносот на бројот на вработени и пензионери што е од клучно значење за прибирање на доволно средства за да може да функционира системот, при што рече дека сега соодносот е 1.64 вработени на еден пензионер. Тој додаде дека соодносот, на пример, во 2016 изнесувал 1,86, а од 2019 година континуирано се намалува.
Запрашан за тоа колку средства одвојува државата за трансфери кон Фондот, Мемов рече дека во 2024, 2025 и за оваа 2026 трансферите се зголемуваат, имајќи го во предвид скалестото зголемување, односно усогласувањето на пензиите.
„Граѓаните знаат дека за една и пол година, односно од септември 2024 до први април 2026 година пензиите се зголемени за 7000 денари секој месец, номинално во вкупниот износ е повеќе за 36 проценти. Просечната пензија за година и пол е покачена за скоро 40 проценти, а минималната пензија е покачена за 68 проценти, од 13 илјади и 200 денари на 20 илјади 888 денари“, објасни тој и додаде дека од септември повторно ќе се применува швајцарскиот модел на усогласување на пензиите.
Во однос на износот на трансферите Мемов рече дека за 2026 година тие се планирани на 62,8 милијарди денари, што е приближно една милијарда евра. Како што објасни, од нив околу 30 милијарди денари всушност се користат за исплата на покачените пензии во износ од седум илјади денари, околу 13,7 милијарди денари за здравствено осигурување и 19,6 милијарди денари за транзициски трошоци кон пензиските друштва од вториот столб.
Запрашан зошто Фондот го плаќа здравственото осигурување на пензионерите Мемов одговори:
„Значи кога осигурениците, односно сите вработени, плаќаат придонеси за пензиско и инвалидско осигурување кои се на висина од 18,8 постео, тие остваруваат право на социјална заптита, односно право на пензија. Преку месечното плаќање на здравствено осигурување граѓаните добиваат осигуруваат и здравствена заштита за тој месец. Законот не предвидува дека со плаќање на придонеси на здравствено осигурување грашаните ќе се стекнат со право на здравствено осигурување кога ќе се пензионираат. Така е дефинирано во законите. Е сега ние можеме да дискутираме за овие прашања. Може да се отворат во рамки на Министерството за здравство, Министерството за социјална политика, демографија и млади и да се дискутирааат овие состојби. Зошто од придонесите за пензиско и инвалидско осигурување се исплаќа здравствено осигурување на пензионерите? Имајќи во предвид дека Фондот на ПИО не работодавач на пензионерите“.

Во однос на можните реформи и каков модел и е потребен на Македонија директорот Мемов рече дека не постои унифициран пензиски модел кој може да се преслика и дека секоја држава си има свој. Тој нагласи дека нема држава во ЕУ која нема дефицит и сите имаат потреба за трансфери, освен скандинавските земји но и тие не се класични пензискки фондови, туку инвестициски фондови.
Мемов нагласи дека последната Мисија на ММФ предупредила дека треба да почне да се размислува за реформа на пензискиот систем. Тој појасни дека актуарското одделение во Фондот прави сериозни анализи и подготвуваат мерки кои би ги предложиле до Министерството за социјална политика демографија и млади и до Владата, но се уште не се докрај дефинирани. Според него најважно е законодавецот да ги стимулира работодавачите да плаќаат придонеси.

Вработените во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ќе добијат покачување на платите од пет проценти во наредните...
07/04/2026

Вработените во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ќе добијат покачување на платите од пет проценти во наредните три години

Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Никола Мемов, денес потпиша Анекс на Колективниот договор со претставниците на репрезентативните синдикати УПОЗ, САДУ и КСОМ. Според Анексот, вработените во Фондот ќе добијат покачување на платите од пет проценти започнувајќи со априлската плата за оваа година, а истото покачување ќе биде имплементирано и во 2027 и 2028 година.

„Очекувам дека ова покачување на платите ќе биде стимул за поефикасно и поодговорно работење. Ние сме сервис на осигурениците и пензионерите, а нивното задоволство од услугите што ги обезбедуваме е наш секојдневен предизвик“, истакна директорот Никола Мемов.

Претставниците на синдикатите изразија задоволство од потпишувањето на овој Анекс, посочувајќи дека покачувањето на платите е важен чекор кон подобрување на стандардот на вработените и остварувањето на нивните права.

Никола Мемов, Директор на Фондот на ПИОМ: На 01- ви април исплатена е мартовската пензија. 🛑Најголемо покачување на пенз...
02/04/2026

Никола Мемов, Директор на Фондот на ПИОМ: На 01- ви април исплатена е мартовската пензија.

🛑Најголемо покачување на пензиите во изминатите 20 години– од септември 2024 до март 2026 пораст на пензиите номинално за 7000 денари или раст за 36%
➡️Во 2022 година имало 335.743 пензионери, додека заклучно со февруари 2026 бројот се зголеми на 347.296.
➡️За период од нецели две години, од септември 2024 до март 2026 година вкупното покачување на пензиите изнесува 7000 денари на месечно ниво или вкупно линеарно зголемување од 36%.
➡️Во вкупната сума на пари што се користи за исплата на пензиите зголемувањето изнесува речиси 500 милиони евра повеќе во 2026 година во споредба со 2024 година.
Како пример, во септември 2024 година кога е исплатена пензијата за август, се исплатени 7.210.341.000 денари.
За исплата на мартовската пензија 2026 година, вкупната исплата на пензиите е 9.65 милијарди денари, што е за 2.44 милијарди денари месечно повеќе во споредба со септември 2024 година.
➡️Минималната пензија за периодот 2024-2026 година е зголемена за 61.75 %,
додека просечната пензија е покачена за околу 40%.
Ова претставува најголемо покачување на пензиите во последните 20 години, кое е резултат на политиките насочени кон подобрување на животниот стандард на пензионерите.
Со ваквите мерки се покажува јасна грижа за највозрасните граѓани, а пензионерите стануваат еден од главните приоритети во социјалната политика.
Со континуираното зголемување на пензиите, оваа Влада испраќа порака дека стабилноста и грижата за пензионерите се темел на општествената одговорност и дека подобрувањето на нивниот стандард е клучен политички ефект за донесените економски и социјални одлуки.

Директорот на Фондот на пензиското осигурување, Никола Мемов се сретна со Мисијата на ММФДиректорот на Фондот  на ПИОМ, ...
26/03/2026

Директорот на Фондот на пензиското осигурување, Никола Мемов се сретна со Мисијата на ММФ

Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов денеска имаше средба со мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во земјава, предводена од шефот на Мисијата Ник Гигинеишвили.
На средбата стана збор за одржливоста на пензискиот систем, долгорочните проекции за пензии и предизвиците од демографските притисоци, политиките за подобрување на одржливоста на системот и политиките за усоглаување на пензиите.
Директорот Мемов нагласи дека во Фондот, по воспоставувањето на Одделението за долгорочно планирање, се прават анализи и се согледува севкупната состојба. Едновремено, тој информраше дека во тек е и подготовнка на проекции и предлози за подобрување на финансиската солвентност на Фондот и одржливоста на пензискиот систем.
Шефот на Мисијата на ММФ, Гигинеишвили рече дека тие се фокусирани на макроекономската и монетарната состојба и проекции, и ја гледаат широката слика, во која дел е и пензискиот ситем.
Проценките на ММФ говорат дека е неопходно да се преземат активности што поскоро за консолидирање на пензискиот систем, имајќи ги во предвид сите предизвици и тоа е поракта што ќе ја пренесат до Владата во текот на оваа посета.
Директорот Мемов и шефот на Мисијата на ММф, Гигинеишвили се согласија дека во наредниот период е потребна сериозна кооридинирана активност на сите чинители, вклучувајќи ја и Светска банка, за да се направат сите потребни чекори во обезбедувањето на финансиски стабилен Фонд и на долг рок одржлив пензиски систем.

Фондот на ПИОМ подготвува Договор за електронска размена на податоци со институциите за задолжително пензиско осигурувањ...
26/03/2026

Фондот на ПИОМ подготвува Договор за електронска размена на податоци со институциите за задолжително пензиско осигурување од Австрија

Работни групи на Фондот на ПИОМ и на институциите за задолжително австриско пензиско осигурување од Австрија и тоа - Институција за пензиско осигурување (PVA), Службата за социјално осигурување на претприемачи (SVS и Институцијата за осигурување на вработени во јавни служби, железници и Рударска индустрија (BVAEB), ја одржаа втората работна средба за подготовка и усогласување на Договорот за редовна размена на давања и податоци за смртност.
На состанокот се разговараше и се усогласуваа начините на размената на податоците и правната рамка, како и техничките детали за идната електронска размена на податоците.
Двете страни очекуваат Договорот да овозможи поефикасна размена на податоците, со што ќе се забрза процесот на остварување на правата од пензиско и инвалидско осигурување за граѓаните на Македонија и на Австрија.
Подготовката и потпишувањето на Договорот се дел од активностите на Фондот на ПИОСМ за унапредување на соработката со странските фондови и институции, во насока на зголемување на ефикасноста во остварувањето на правата од пензиско и инвалидско осигурување преку електронската размена на податоци.
Договорот за редовна размена на давања и податоци за смртност би требало да биде потпишан на средбата на директорите на фондовите на пензиското и инвалидското осигурување од државите на просторот на поранешна Југославија и на Република Австрија којашто ќе се одржи во Марибор, Република Словенија во јуни оваа година.

Кадровското екипирање и подобрувањето на условите за работа,  тема на денешниот состанок во Фондот на ПИОМДенеска во Фон...
05/03/2026

Кадровското екипирање и подобрувањето на условите за работа, тема на денешниот состанок во Фондот на ПИОМ

Денеска во Фондот на ПИОМ директорот на Фондот, Никола Мемеов одржа состанок со раководителите на филијалите и деловниците на Фондот.
Директорот Мемов рече дека оваа пракса на средби со раководителите ќе продолжи за да може проблемите кои се јавуваат да се решаваат брзо и ефикасно, за да нема застои и проблеми во работата на Фондот.
На состанокот раководителите на филијалите и деловниците ги изнесоа потребите за кадровско екипирање. Беше речено дека, по активностите што ги презеде раководството изминатата година, ситуацијата со недостигот на кадри во некои фиилијали и деловници е подобрена и процесот на работа тече непречено. Исто така беше нагласено дека има потреба од нови варботувања, како за пополнување на празните работни места, но и поради фактот што годинава во некои филијали и деловници во пензија заминуваат по неколку вработени.
Директорот Мемов нагласи дека, како и минатата година, ќе се направат сите потребни активности за екипирање на филијалите и деловниците.
„Нашата цел е да имаме ефикасен Фонд и задоволни корисници и за тоа работиме постојано“, рече Мемов.
Тој додаде дека покрај вработувања на нови лица и за оваа година е предвидено дел од вработените да бидат унапредени. Ова, како што нагласи тој, е во насока на остварувањето на политиката на раководството, вработените кои ги извршуваат своите задачи професионално и ажурно, да бидат наградени за тоа.
На состанокот, исто така, се разговараше и за условите за работа во филијалите и деловниците. Беше посочено дека во неколку филијали има проблеми од различен тип, како што се електричната инсталација, кровот, прозорците, како и дотраеноста на тоалетите. Во најголем дел овие проблеми се јавуваат поради поради старост на објектите во кои се сместени филијалите и деловниците и фактот што повеќе од триесет години не е вршена никаква реконструкција.
Директорот Мемов нагласи дека минатата година се реконструирани филијалите во Кочани и Крива Паланка и во тек е реконструкцијата на филијалата во Гевгелија, а се реновираат и домовите за пензионери во Аеродром и во Гевгелија.
„Овој состанок има за цел да ги видиме приоритетите и со средствата што ги имаме за тековно одржување годинава да направиме најмногу што може за да ги подобриме условите за работа“, рече директорот Мемов.

Фонд на ПИОМ: Управниот одбор ја усвои Завршната сметка на Фондот за 2025 година Управниот одбор на Фондот на пензиското...
26/02/2026

Фонд на ПИОМ: Управниот одбор ја усвои Завршната сметка на Фондот за 2025 година


Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување ја одржа триесет и втората седница.

Директорот на Фондот, Никола Мемов ги информира членовите на Одборот за активностите што се остварени по претходната седница. Тој рече дека предвидените активности на Фондот се одвиваат согласно плановите и при тоа нагласи дека процесот на дигитализацијата на архивата се одвива непречено согласно СИАП проектот и се очекува да заврши до 30 јуни оваа година.

Мемов, исто така, информира дека состојбата со решавањето на предметите е подобрена, а особено во Комисиите за процена на способноста, и нивниот број е намален.

Управниот одбор ја усвои Завршната сметка на Фондот за 2025 година. Директорката на Секторот за финансии, Фатиме Неџипи рече дека од податоците изнесени во Завршната сметка произлегува дека Фондот навремено и во целост ги извршувал сите обврски во текот на 2025 година. Таа додаде дека приходите и расходите се избалансирани и се во согласност со предвидените параметри.

Членот на Одборот, Станка Трајкова рече дека од Завршната сметка се гледа дека финансиското работење на Фондот е позитивно, што е задоволувачки резултат.

Управниот одбор на седницата ги разгледа и Информацијата за состојбата со наплатата на закупнината на издадениот станбен простор во домовите за живеење на корисниците на пензија за период 01.01 – 31.12.2025 година и Информацијата за состојбата со наплатата на закупнината за издадениот деловен простор во домовите за живеење и клубовите за дневен престој на корисниците на пензија за истиот период.

Директорот на Секторот за човечки ресурси, правни и општи работи, Влатко Ѓуроски рече дека наплатата на закупнините кај станбениот простор се одвива непречено, поради тоа што истата се одвива со задршка од пензијата на корисниците. Кај издавањето на деловниот простор, додаде тој, во два случаи се прекршени одредбите од Договорот за закуп и истите се раскинати. Ѓуровски рече дека овие простори ќе бидат дадени на лицитација за изнајмување откако ќе биде извршена проценка на вредноста за давање под закуп по метар квадратен.

Управниот одбор ги разгледа и Информацијата за остварените права од двостолбниот пензиски систем и Информацијата за утврдување на стажот на осигурување – „докуп на стаж“ во 2025 година. Директорката на Секторот за остварување на права од ПИО, Билјана Стојанова информира дека во вториот столб има 410.602 активни осигуреници. Според евиденцијата на Фондот досега 130 осигуреници оствариле право на старосна пензија со исплата од двостолбниот пензиски систем. Од нив 57 корисници кои ги потрошиле средствата од индивидуалната сметка примаат минимална пензија од Фондот.

Во однос на докупот на стаж, Стојанова рече дека интересот не се намалува и во 2025 година се поднесени 840 барања. За 791 барање е донесено позитивно решение, за 21 негативно, а 11 предмети се во тек на решавање. Стојанова рече дека по овој основ до 31.12 2025 од Фондот се наплатени 4 милијарди 222 милиони 217 илјади и 2 денари.

Управниот одбор на Фондот на ПИОСМ го усвои Извештајот од извршениот попис на имотот на Фондот за 2025 годинаУправниот о...
06/02/2026

Управниот одбор на Фондот на ПИОСМ го усвои Извештајот од извршениот попис на имотот на Фондот за 2025 година

Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување ја одржа триесет и првата седница.
На седницата единствената точка на дневниот ред беше Предлог - Извештајот од извршениот попис на имотот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија со состојба на ден 31.12.2025 година.
Директорката на секторот за финансии во Фондот, Фатиме Неџипи образлагајќи го материјалот рече дека Извештајот е направен врз основа на сите законски прописи. Таа додаде дека во целиот процес на вршењето на пописот се применети и укажувањата на Државниот завод за ревизија од претходните години, а се со цел оневзможување на било какви грешки и прикажување на реалната слика со имотот на Фондот.
Членовите на Управниот одбор нагласија дека од приложеното се гледа оти е извршена обемна работа и Извештајот ја отсликува состојбата со имотот на Фондот.
Управниот одбор го усвои Извештајот од извршениот попис на имотот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија со состојба на ден 31.12.2025 година, како и Одлуките кои произлегуваат од него.

Address

23 Oktomvri 11
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 07:30 - 16:30
Tuesday 07:30 - 16:30
Wednesday 07:30 - 16:30
Thursday 07:30 - 16:30
Friday 07:30 - 16:30

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија-ФПИОСМ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија-ФПИОСМ:

Share