Левица - Кисела Вода

Левица - Кисела Вода Локален огранок на политичкaта партија Левица за општина Кисела Вода

01/06/2026

🌳 УКИНУВАЊЕ НА СУБВЕНЦИИТЕ ЗА ОГРЕВ НА ДРВО, БЕЗ ПОНУДА НА ДРУГА АЛТЕРНАТИВА

Во декември 2025, мнозинството предводено од ДПМНЕ ги бранеше субвенциите за дрва за огрев како добра мерка. Денес истата мерка се укинува со образложение дека треба да се намали загадувањето.

❓ Ако навистина целта е почиста животна средина, зошто не се прифатија нашите предлози за алтернативни и поеколошки решенија, односно наместо субвенции за огрев на дрво, да се воведат субвенции за инвертер клими?

📌 Дополнително, се намалуваат и средствата за субвенции за лифтови, промена на азбестни кровови и санација на покриви, со образложение дека немало доволно заинтересирани граѓани.

❗ Наместо да ги намалувате субвенциите, зошто не ги зголемите за да бидат подостапни и попривлечни за граѓаните?

👉 Кога нема интерес за некоја мерка, проблемот не е секогаш кај граѓаните. Понекогаш проблемот е во тоа што мерката не е доволно добра.

✊ Буџетот треба да ги следи реалните потреби на граѓаните, а не да се менува без јасна стратегија и логика.

27/05/2026

🚨 ДО КОГА ЌЕ МОЛЧАТ ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА ТРУЕЊАТА ВО КИСЕЛА ВОДА?

🔴 По серија пријави од граѓани за сомнителни труења на повеќе локации низ Кисела Вода - кај Дуња, Шопен, Расадник, Пушкинова и во паркови на последната седница поставивме директно прашање до градоначалничката:

❓ Што конкретно презема Општина Кисела Вода?
❓ Дали е извршен увид?
❓ Дали се известени МВР и АХВ?
❓ Кога конечно ќе има координирана акција за контрола и санкционирање на сторителите?

⚠️ На места каде секојдневно поминуваат деца, рекреативци и домашни миленици има потенцијално опасни материи, а институциите со недели молчат.

‼️ Ова повеќе не е само прашање за животните.
Ова е прашање за јавна безбедност.

📣 Нема да дозволиме труењето да стане „нормална појава“, а институциите да глумат дека ништо не се случува.

📌 ШЕСТ МЕСЕЦИ ГЛАСНО, ДОСЛЕДНО И НА СТРАНАТА НА ГРАЃАНИТЕ✊ Во изминатите шест месеци, советничката група на Левица во Со...
27/05/2026

📌 ШЕСТ МЕСЕЦИ ГЛАСНО, ДОСЛЕДНО И НА СТРАНАТА НА ГРАЃАНИТЕ

✊ Во изминатите шест месеци, советничката група на Левица во Советот на Општина Кисела Вода покажа дека политиката може да се води поинаку - чесно, принципиелно и директно во интерес на народот.

🔴 Отворавме теми што другите сакаа да ги премолчат како небезбедните градилишта, труење на животни, долговите на општината, состојбата во училиштата и градинките, партиските вработувања, урбаниот хаос и инфраструктурни проблеми, како и нетранспарентно работење и сомнителните тендери.

📣 Поднесовме над 40 иницијативи, поставивме над 100 советнички прашања, како и над 50 барања за увид до инспекторите во Општината.

🤝 Бевме на терен помеѓу граѓаните, ги слушавме нивните проблеми и заедно баравме решенија.

‼️ Иако сите наши предлози беа одбиени од власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ, покажавме дека постои глас кој нема да молчи пред неправдите и неспособноста.

📌 За нас, функцијата не е привилегија, туку обврска кон граѓаните.

🫵 Продолжуваме уште погласно, уште поодлучно и уште поблиску до народот.

26/05/2026

🚨 ЛЕВИЦА ПРЕДЛОЖИ КОНКРЕТНИ МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ГРАДИЛИШТАТА – ВМРО-ДПМНЕ ГИ ОДБИ СИТЕ

🔴 Како советничка група на Левица предложивме конкретни мерки за зголемување на безбедноста на градилиштата во Кисела Вода, со цел да се спречат нови трагедии и да се заштитат работниците и граѓаните.

📌 Предложивме:

👉🏼телефонска линија и онлајн алатка за пријавување небезбедни градилишта, со задолжително постапување во рок од 48 часа
👉🏼редовни месечни инспекциски контроли на сите активни градилишта
👉🏼координација помеѓу општината и Државниот инспекторат за труд преку заеднички контроли
👉🏼локален правилник за безбедност со задолжителни проверки и планови за управување со ризици

⚠️ Наместо поддршка за мерки што значат поголема безбедност и превенција, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите предлози.

‼️ Одбија повеќе контроли, повеќе безбедност и повеќе одговорност

📣 После трагедии, институциите не смеат да молчат и да глумат дека ништо не се случило.

✊ Левица ќе продолжи да бара системски мерки, затоа што човечкиот живот не смее да биде помалку важен од интересите на инвеститорите.

24/05/2026

СОВЕТНИЦИТЕ ОД ВМРО ДПМНЕ ГЛАСАА ПРОТИВ МЕРКИТЕ ЗА ЗГОЛЕМЕНА БЕЗБЕДНОСТ ПОДНЕСЕНИ ОД ЛЕВИЦА

По загубен човечки живот, нормални држави бараат одговорност и воведуваат мерки. Во Кисела Вода власта бега од одговорност.

Мнозинството во Советот ги одби сите предлози на Левица за поголема безбедност на градилиштата:
- зголемени контроли,
- проверки на безбедност при ископи,
- координација со Трудов инспекторат
,- механизам за пријавување опасни градилишта.

Одбија сè што може да спречи нова трагедија, прифатија само едноминутно молчење.Наместо одговорност и реакција, градоначалничката ја прогласи општината за ненадлежна за тоа што се случува на нејзина територија.

Ако општината не контролира и не реагира, тогаш за што постојат инспекторатите и службите?

Денес видовме две политики.
Политиката на Левица што спречува трагедии и политиката на власта која молчи и гласа против поголема безбедност на градилиштата.

#ЦрвенаКиселаВода

🚨 ВЛАСТА ГИ ОДБИ И МИНИМАЛНИТЕ МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПО ТРАГЕДИЈАТА НА УЛ. „КОЗЈАК“🔴 По трагедијата на градилиштето на ул....
24/05/2026

🚨 ВЛАСТА ГИ ОДБИ И МИНИМАЛНИТЕ МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПО ТРАГЕДИЈАТА НА УЛ. „КОЗЈАК“

🔴 По трагедијата на градилиштето на ул. „Козјак“, каде живот загуби работник, а инвеститор е Ивица Коневски, советничката група на Левица поднесе конкретни предлог-заклучоци за подобрување на безбедноста на градилиштата во Кисела Вода.

📌 Побаравме телефонска линија за пријавување небезбедни градилишта, редовни инспекциски контроли, исто така беше побарана подобра координација со Државниот инспекторат за труд, како и локален протокол за безбедност и задолжителни геотехнички проверки.

‼️ Сите предлог-заклучоци беа одбиени од власта и мнозинството предводено од ВМРО-ДПМНЕ.

⚠️ Наместо одговорност и превенција после загубен човечки живот добивме молк и одбивање.

📣 Колку трагедии треба да се случат за конечно безбедноста да стане приоритет?

✊ Левица ќе продолжи да бара одговорност и конкретни мерки за заштита на работниците и граѓаните.

22/05/2026

🚨 КИСЕЛА ВОДА ТОНЕ ВО ДОЛГОВИ, А ВЛАСТА ЗБОРУВА ЗА „УСПЕСИ“

🔴 Во 2021 година Општина Кисела Вода имала долг од 62 милиони денари. Денес, во 2026 година, долговите изнесуваат над 223 милиони денари.

➡️ За еден мандат на Орце Ѓорѓиевски, долгот е зголемен за над 160 милиони денари.

Над 200 милиони денари се долгови постари од 60 дена, што значи сметките не се плаќаат, обврските се трупаат и општината тоне финансиски.

Во меѓувреме улиците низ сите населби ни се распаѓаат, немаме доволно паркинг места, диви депонии никнуваат насекаде, а училиштата и градинките се во долгови

📌 Ова не е домаќинско работење.
📌 Ова е доказ за неспособно и расипничко управување.

🗣️Петар Здравевски, советник во Oпштина Кисела Вода

🚨 КИСЕЛА ВОДА Е ВТОРА НАЈЗАДОЛЖЕНА ОПШТИНА ВО СКОПЈЕ, А ГРАЃАНИТЕ ЈА ПЛАЌААТ ЦЕНАТА ЗА НЕОДГОВОРНОТО РАКОВОДЕЊЕ🔴 Според ...
21/05/2026

🚨 КИСЕЛА ВОДА Е ВТОРА НАЈЗАДОЛЖЕНА ОПШТИНА ВО СКОПЈЕ, А ГРАЃАНИТЕ ЈА ПЛАЌААТ ЦЕНАТА ЗА НЕОДГОВОРНОТО РАКОВОДЕЊЕ

🔴 Според официјалните податоци, вкупните неплатени обврски на Општина Кисела Вода, основните училишта и детските градинки на 31.03.2026 година изнесуваат неверојатни 223.275.266 денари.

‼️ Само Општина Кисела Вода должи 209.773.557 денари.

➡️ Од нив 5.644.995 денари се обврски до 30 дена, 675.857 денари до 60 дена и дури 203.452.705 денари се долгови над 60 дена

⚠️ Ова е јасен показател за сериозна финансиска неодговорност и нефункционално управување со општината.

‼️ Дополнителни 13.501.709 денари долгови имаат училиштата и детските градинки во Кисела Вода.

📌 Дел од тие долгови се за струја, вода, нафта и ѓубретарина

➡️ Додека институциите тонат во долгови, власта зборува за некаков си „развој“ .

⚠️ Наместо финансиска стабилност, имаме натрупани долгови, нефункционални институции, доцнења во плаќања, и најалармантно е што постои ризик за нормално функционирање на училиштата и градинките

📣 Граѓаните заслужуваат да знаат каде завршуваат нивните пари.
Не може општината да се задолжува, а истовремено да се глуми „успешно работење“.

✊ Кисела Вода не смее да биде жртва на партиско и неодговорно управување.

20/05/2026

❗️Кога ќе почнеме да добиваме вистински одговори?

Постојано се соочуваме со доцнење на одговорите на советничките прашања, а кога конечно ќе пристигнат – тие се нецелосни и без суштина.

👉 Одговор од типот „па еве добивте одговор“ не е одговор.

🛑 Не сум задоволна ниту од одговорите од пред два месеци, ниту од денешните.

📍 Пример: улица „Марко Орешковиќ“
Прашано: дали ќе стане еднонасочна?
Одговор: „потребно е да се направи сообраќаен проект“.

❓Каде е проектот? Дали е започнат? Кој е рокот? Во која фаза е?

📍 Пример: пешачки премин кај Винер казино
Одговор: „се врши согласно со проект“.

❗️Кој проект? Што точно предвидува? Каде е достапен?

🫵 Ова не се одговори, ова е избегнување на одговорност.

✊ Бараме јасни и конкретни одговори, рокови и фази на реализација, како и транспарентност во работата

20/05/2026

За спомениците во Кисела Вода...

Вистинската почит кон овие историски личности не завршува со поставување на споменикот, туку треба да продолжи со нивно континуирано одржување.
Само со системско одржување, овие споменици ќе ја исполнат својата мисија – да бидат вечен спомен а не заборавени објекти на времето.

Љубиша Петровски – советник во Општина Кисела Вода

Address

Skopje

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Левица - Кисела Вода posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share