Комисии на ВМРО-ДПМНЕ

Комисии на ВМРО-ДПМНЕ Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ се стручни тела во склоп на партиската организација.

ПО ПАТНИЧКИТЕ ВОЗОВИ, НА РЕД ЗА УНИШТУВАЊЕ ДОЈДОА И ТОВАРНИТЕ!СДСМ И ДУИ НАПРАВИЈА ПУСТОШ ВО МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ!Владат...
04/04/2024

ПО ПАТНИЧКИТЕ ВОЗОВИ, НА РЕД ЗА УНИШТУВАЊЕ ДОЈДОА И ТОВАРНИТЕ!
СДСМ И ДУИ НАПРАВИЈА ПУСТОШ ВО МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ!

Владата на ВМРО ДПМНЕ во 2015 година, како никогаш до сега, набави 150 нови товарни вагони за потребите на македонското стопанство. Вагоните веднаш по доаѓањето во Македонија, беа пуштени во редовен сообраќај и допринесуваа за обезбедување на приходи во корист на македонски железници. Всушност, МЖ Транспот АД, од 75 товарни вагони од серија “S“ само од закуп инкасираше месечен приход од околу 64.000 евра, притоа не сметајќи ги приходите од возарина.

Но, од 01.04.2024 година, овие 75 вагони се надвор од сообраќај поради откажување (прекинување) на договорот за закуп кој што го имаше МЖ Транспорт АД со гигантот COSCO. Истите овие вагони сега се гарирани по станици и оставени на милост и немилост на крадци, кои може да демонтираат делови од вагоните, наместо истите да сообраќаат и да носат приходи за претпријатието.
Ете тоа се СДСМ и ДУИ. Ништо не функционира! Но, добро е што на 8 мај доаѓа нивниот крај. Време е за длабоки реформи и промени! Време е повторно да го воспоставиме железничкиот сообраќај во Република Македонија!
Време е железницата да ја ставиме на колосек!

ТЕШКА ИЛИ НАМЕРНА ХАВАРИЈА ВО РЕК БИТОЛА!Повторно молк од РЕК Битола за тешката хаварија која се случила викендов во Руд...
25/03/2024

ТЕШКА ИЛИ НАМЕРНА ХАВАРИЈА ВО РЕК БИТОЛА!

Повторно молк од РЕК Битола за тешката хаварија која се случила викендов во Рудникот Суводол. Имено, во доцните часови минатиов викенд се случила тешка хаварија кога една од багерските единици СРС 630/2 удрила во претоварниот транспортер, наречен банваген 1200/2, при што како што се гледа од сликата, единицата е комплетно уништена и надвор од погон.
Дали ова е трета багерска единица која е уништена? Колку багерски единици од основната опрема од рудниците Суводол и Брод Гнеотино се надвор од функција? Дали менаџерскиот тим “смислено” ја уништува механизацијата на РЕК Битола со цел да можат да се реализираат криминалните тендери за ископ на јаглен и за увоз на јаглен од безмалку 140 милиони евра?
Дали Менаџерскиот тим знаел дека ќе се случи оваа хавариј,а па е во преговори за друг тендер за увоз на јаглен? Ова се прашањата на кои мора да се има одговор.
Комисијата за енергетика на ВМРО ДПМНЕ веќе подолго време предупредува дека состојбата во РЕК Битола е критична. Особено алармантно е во рудниците каде ископ речиси и да не постои. Нема планска документација, на хавариите, не им се знае бројот и се работи надвор од сите технички прописи. Годинава се потрошија речиси 300 милиони евра за ископ на јаглен, како и за увоз на јаглен, а залиха на јаглен нема ни за една недела. Ископ со сопствена механизација скоро и да нема. Дел од багерските единици се надвор од погон заради хаварија, особено во Рудникот Брод Гнеотино , а дел, дознаваме, намерно се тргнати од производниот процес на јаглен во корист на камионскиот транспорт на надворешни фирми.
Неодговорноста и неспособноста го доведува во прашање функционирањето на енергетскиот систем во земјава. Кој ќе понесе одговорност, за ваквата катастрофалната состојба во РЕК Битола?
Избори и нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има за помалку од два месеци. Потоа следи одговорност и судски постапки за сите криминални работи кои се направија изминатите седум години, кои неофицијално само во ЕСМ (поранешно Електрани на Македонија) се повеќе од милијарда евра.

Комисија за енееегтика на ВМРО-ДПМНЕ

11/03/2024
ПОСЛЕ СЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ЕНЕРЕГТИКАТА, УШТЕ САЈБЕР НАПАД МУ ФАЛЕШЕ НА МЕПСО!Серверите и сајтот на операторот за  прено...
07/03/2024

ПОСЛЕ СЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ЕНЕРЕГТИКАТА, УШТЕ САЈБЕР НАПАД МУ ФАЛЕШЕ НА МЕПСО!

Серверите и сајтот на операторот за пренос на електрична енергија МЕПСО се паднати веќе два дена. Од МЕПСО потврдуваат дека се цел на хакерски напад, но нагласуваат дека критичната инфраструктура не е загрозена.
„Иако АД МЕПСО ги има преземено сите мерки за заштита од сајбер напади од највисок степен, сепак, деновиве се соочивме со инциденти од тој вид. Имајќи предвид дека основната дејност на АД МЕПСО е пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, ја информираме јавноста дека критичната електроенергетска инфраструктура е безбедна, целосно функционална и не е предмет на овој сајбер напад. Тоа значи дека целосниот интегритет на електроенергетската мрежа и снабдувањето со електрична енергија не се загрозени“, велат од МЕПСО.
Известени биле сите надлежни институции и дека стручните служби во компанијата помогнати со надворешни експерти се обидуваат да ги ублажат ефектите и да ја нормализираат работата.
Прашуваме за што се потрошени 5 милиони евра за набавка на ИТ и ТК опрема со „највисоки“ безбедносни заштити токму од ваков вид? Се чини како на надлежните во МЕПСО и Владата како сопственик на МЕПСО не им е јасно за колку сериозен напад станува збор. Операторот на преносниот систем е жртва на сајбер напад, а Владата си тера кампања и стратешки проекти во Собранието. Но, се чини ова е нормална рекација на луѓе кои освен личен бенефит, за друго и не знаат во енергетиката. Веќе 3 дена МЕПСО не функционира, без комуникација е со потрошувачите, но и со преносните опреатори со сите земји од Европа преку Swissgrid. МЕПСО е „слеп“ во моментот, функционира стихијно и без план како ќе се надмине овој проблем. Веројатно сопственикот на МЕПСО - Владата на Македонија ќе го реши овој проблем исто како што ги реши дојавите за бомби во училиштата, со игнорирање.
Како сѐ што е уништено во земјава, така и енергетиката не остана заобиколена. После сите дефекти во РЕК Битола, несоодветно справување со енергетската криза, зголемувањето на цената на електричната енергија, недостасуваше уште сајбер напад врз МЕПСО за да бидеме комплетно втерани во енергетски ќорсокак.
Господ нека ни е на помош!

Комисија за енергетика на ВМРО ДПМНЕ!

СЕ ОДРЖА ТРИБИНА НА ТЕМА  „МЕСТОТО НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ВО НОВАТА ВЛАДА ПРЕДВОДЕНА ОД ВМРО-ДПМНЕ“  Во просториите на ...
01/03/2024

СЕ ОДРЖА ТРИБИНА НА ТЕМА „МЕСТОТО НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ВО НОВАТА ВЛАДА ПРЕДВОДЕНА ОД ВМРО-ДПМНЕ“



Во просториите на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во организација на Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ, денеска се одржа трибина на тема „Местото на локалната самоуправа во новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ“.

На трибината учество зедоа голем број на актуелни и поранешни носители на високи функции во локалната самоуправа и дебатираа за состојбите во локалната самоуправа, како и за идните чекори кои ќе се превземат од страна на идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на комисијата за локална самоуправа, Марјан Ристески потенцираше дека еден од главните носечки проекти во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ е проектот за поддршка на општините со 250 милиони евра годишно за капитални проекти од областа на сообраќајна, комунална и образовна инфраструктура. Поддршката од централниот буџет, која во текот на 4 години изнесува 1 милијарда години, за еден проект ќе биде во максимална сума до 30 милиони денари, со што секоја година ќе се поддржуваат најмалку 500 проекти.

Градоначалникот на Кисела Вода и Претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓоргиевски се осврна за состојбите во општините во Република Македонија и секојдневните блокади кои ги имаат од централната власт. Тој се осврна и на потребата од финансиска стабилност и независност на општините од останатите институции и централната власт, што е еден од главните постулати на која се темели новата изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ и за што се предвидени серија на активности и проекти.

Учесниците на трибината констатираа дека еден од главните приоритети на идната влада ќе биде да се трансформираат општините во модерни, транспарентни и финансиски стабилни институции, кои ќе бидат сервис за граѓаните кои испорачуваат квалитетни услуги во кратки рокови.

ШТО КАЖУВАЊЕ НА ИНТЕРВЈУ ДИРЕКТОРОТ НА РЕК БИТОЛА ВО  студио 10 наТВ 24На телевизија ТВ 24 во студио 10 на 28.02.2024 го...
01/03/2024

ШТО КАЖУВАЊЕ НА ИНТЕРВЈУ ДИРЕКТОРОТ НА РЕК БИТОЛА ВО студио 10 наТВ 24
На телевизија ТВ 24 во студио 10 на 28.02.2024 година имаше интервју директорот на РЕК Битола Пеце Матевски, за состојбите во РЕК Битола. Во самото интервју директорот на РЕК Битола изнесе многу невистини и паушални изјави со цел на замајување на јавноста и во функција на себеоправдување за лошата состојба во РЕК Битола.
Ќе ги наведеме само две за кои очекуваме дека ќе има извинување кон јавноста.

ПРВА НЕВИСТИНА – НАБАВКА НА ПОМОШНА МЕХАНИЗАЦИЈА ЗА ИСКОП
Изјавата на Директорот на РЕК Битола Пеце Матевски може да се сведе на следно:
“До 2017 година владата на ВМРО-ДПМНЕ не презеде ништо за набавка на рударска опрема за ископ на јаглен и јаловина туку тоа го направила власта на СДС и ДУИ откако дојдоа на власт после 2017 година“

ВИСТИНАТА Е СЛЕДНА:
АД ЕЛЕМ под раководство на ВМРО-ДПМНЕ до 2016 година имаше направено целосен проект и тендерска документација за набавка на комплетна рударска опрема и тоа:
- Бандваген-самооден транспортер,
- Опрема за дисконтинуиран транспорт,
- Опрема за континуиран транспорт,
- Помошна механизација за одржување на транспортни системи.

На 15 Јуни 2017 година АД ЕЛЕМ објави јавна набавка број 01-54/2016 со која требаше да се набави опрема за дискунтинуиран транспорт - помошна механизација која исклучиво се користи за дисконтинуиран ископ на јаглен и јаловина од рудници во РЕК Битола и со тоа да се елиминира потребата од ангажирање на надворешни компании. Краен рок за поднесување на понуди беше втората половина на Август 2017 година.
Меѓутоа, со промена на власта во 2017 година, кога СДСМ и ДУИ дојдоа на власт, го сменија највисокото раководство во АД ЕЛЕМ на 04 Август 2017 година и после само неколку дена пред финално поднесување на понудите, ја поништија јавната набавка.

Како образложение за оваа постапка беше објавено дека АД ЕЛЕМ имал финансиски проблеми и проектот за набавка на рударска опрема имал техничко-технолошки пропусти и дубиози и не одговарал за потребите на РЕК Битола. Поради тоа ќе се правела нова анализа и ќе се набрзо објавела нова набавка.
Припремените јавни набавки за нова рударска опрема воопшто не ги објавија.

Дури после три години во 2020 година раководството на АД ЕСМ од СДСМ и ДУИ објавија јавна набавка број 10057/2020 која се реализира за набавката на нова помошна механизација – опрема за дисконтинуиран ископ и транспорт на јаглен и јаловина.
Интересно е дека оваа набавка е речиси целосно идентична со онаа што беше објавена од ВМРО-ДПМНЕ со број 01-54/2016.

Разликата е во тоа што во набавката од СДСМ и ДУИ се намалија бројот на камиони за транспорт. Наместо потребните 28 камиони се купија само седум камиони и со тоа не се елиминира потребата од ангажирање на приватни компании и продолжи ангажирањето на приватни компании со камиони за транспорт.

Со набавката 10057/2020 целокупната предвидена опрема требало да бидат во РЕК Битола најкасно до 15 Февруари 2022 година но истите не се пристигнати на време според договорите.

Само како потсетување, кога СДСМ дојде на власт во 2017 година беше многу гласна дека ископите на јаглен се коруптивни и дека веднаш АД ЕЛЕМ сега АД ЕСМ ќе набави сопствена механизација и нема да се користат приватни компании.

Треба ли некој коментар на ова? Што не јасно за директорот на РЕК Битола?

По се изгледа, воопшто не се наивни констатациите на официјални странски институции дека корупцијата е во високите ешалони на власта.

ВТОРАТА НЕБУЛОЗА Е МОДЕРНИЗАЦИЈА НА КОТЛИТЕ ВО РЕК БИТОЛА
Изјавата на Директорот на РЕК Битола Пеце Матевски може да се сведе на следно:
“Модернизацијата на котлите во РЕК Битола е лошо изведена поради вина на тогашното раководство и затоа спорот со изведувачот Бабкок е изгубен пред судот во Парис и сега ЕСМ треба да плати оштета од 8 милиони евра затоа што е поништен договорот за модернизација на котел од блок 1“.

ВИСТИНАТА Е СЛЕДНА:
Договорот онаков каков што е со изведувачот, содржи неколку технички параметри за котлите кои мораат да се исполнат како подобрена ефикасност, намалување на NOx гасови, максимална потрошувачка на јаглен со дефиниран опсег на квалитет на јаглен, излезната пареа од котелот со дефинирана температура и притисок, параметри на безотказна работа во текот на година.
Сите договорени параметри изведувачот не ги постигна на модернизираните котли 2 и 3. Тоа е констатирано од стручната екипа на АД ЕЛЕМ, консултантите од машински факултет, консултантите од компанијата RWE-Power International, извештаите од производителот на котелот ЗИО Подолск, , Светски реномираниот Институт ЦКТИ од Санкт Петерсбург, ВТИ-Институт за термотехника од Москва, производители на котли како ЗИОМАР од Москва, Казан од Русија и Алстом (сега General Electric) од Франција. Дури самиот изведувач во свој извештај констатира дека не се постигнати сите договорени параметри за котлите.
Поради тоа раководството на АД ЕЛЕМ предводено од ВМРО-ДПМНЕ не му дозволи на изведувачот да го модернизира котел број 1 се додека не ги поправи грешките од котел 2 и 3.
Во текот на Август 2017 година беше предвиден состанок во Париз каде нашиот адвокатски тим заедно со изведувачот и негов адвокатски тим начелно беше најавено дека ќе се разрешат појавените проблеми со работењето на котлите.
За жал, на 4 Август 2017 година настана промена на раководството на АД ЕЛЕМ и состанокот во Париз не се одржа. Реализацијата на проектот ја презеде новиот менаџмент на АД ЕСМ под раководство на СДСМ и ДУИ. Новиот менаџмент веднаш го смени локалниот правен тим, го смени адвокатскиот тим од Париз и назначи нов адвокатски тим од Германија и постави нови вработени за водење на проектот. Сите овие немаа познавање за техничките проблеми за проектот и дури тогаш почнаа да се запознаваат со проблематиката.
Имајќи ги сите извештаи за неисполнување на договорените параметри за котлите од релевантни експертски тимови дури и од самиот изведувач на работите, новиот менаџерски тим на АД ЕСМ успеа да го изгуби спорот во Париз, да не го продолжи и модернизира котел 1 и да плаќа оштета од 8 милиони евра затоа што изведувачот признава дека не ги исполнил барањата од договорот.
Врз основа на вакви констатации се поставува прашањето: Дали има оправдано сомневање за висока корупција?
Треба ли некој коментар на ова? Што не е јасно за директорот на РЕК Битола?

По се изгледа, воопшто не се наивни констатациите на официјални странски институции дека корупцијата е во високите ешалони на власта.

Почитувани, Во петок (01.03.2024 година) во 18:00 часот, во просториите на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ (ул. Македони...
28/02/2024

Почитувани,

Во петок (01.03.2024 година) во 18:00 часот, во просториите на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ (ул. Македонија бр.30-2/13, Скопје), Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи дебата на тема „Концепт за модерна локална самоуправа“, на која ќе учествуваат:

- Марјан Ристески, Претседател на Комисијата за локална самоуправа

- Орце Ѓорѓиевски, Градоначалник на Кисела Вода и Претседател на ЗЕЛС

- Коце Трајановски, поранешен градоначалник на Град Скопје и Гази Баба

- Марјанчо Тодоровски, Член на Комисијата за локална самоуправа

26/02/2024
ЕВАКУАЦИЈА ПРЕД ПОТОП НА СДС И ДУИ Деновиве во продолжение се повеќе пленарни седници, на една од нив беа избрани двајца...
25/02/2024

ЕВАКУАЦИЈА ПРЕД ПОТОП НА СДС И ДУИ

Деновиве во продолжение се повеќе пленарни седници, на една од нив беа избрани двајца членови на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата иако пред неколку месеци беше избран целосниот состав на ова тело. Генерално, повеќето од членовите се избрани во 2019 година а додека со овој избор добиваат втор мандат во РСБСП.

Никола Чачо политиколог
Бурхан Исинов психолог
Дејан Трајковски историчар
Марјанчо Кочовски криминалист
Марко Богданоски економист
Гзим Беадин економист
Лејла Ставилеци одделенска настава

Има и такви предлози за кое не е наведено нивното образование, како Фиторе Зибери од Тетово. Веројатно блискоста со ДУИ е доволен критериум за ова тело.

Интересен случај е и Мерита Пајазити, за која е наведено дека има средно техничко образование а додека на веб страната на РСБСП е наведено дека има средно медицинско образование.

Вакви предизборни прераспределувања само го најавуваат дебаклот кои и самите СДС и ДУИ го очекуваат.

Арсовска цела година не се појавува на седниците за советнички прашање  Арсовска се крие од Советот на Град Скопје цела ...
17/02/2024

Арсовска цела година не се појавува на седниците за советнички прашање





Арсовска се крие од Советот на Град Скопје цела година, за жал Скопјани повторно немаат одговори на нивните прашања.

Како клучен дел од политичкиот систем во Република Македонија е системот на контрола и соработка, а советничките прашања е институцијата која е воспоставена за законодавниот орган (Советот) да има увид во работата на извршните тела (градоначалник и директори).

За жал, Данела Арсовска цела година не се појавува на седниците наменети за поставување на советнички прашања и не дава отчет за состојбите во Градот, јавните претпријатија и останатите институции во нејзина надлежност.

Членовите на советот на Град Скопје, поради криењето на Арсовска и нејзиниот кабинет, не се во можност целосно да ја извршуваат нивната функција.



А навистина има многу прашања за кои цела јавност и граѓаните сакаат да добијат одгорови, како:



- Каде се парите од субвенциите за ЈСП за плати за декември кои исчезнаа и Советот мораше да нови одлуки за субвенции?

- Како се трошат парите на ЈСП, која секоја година добива над 10 милиони евра субвенции за потешкотии во работата?

- Која е причината за секојдневниот пад во квалитетот на работа на ЈСП, прикажан преку нередовното возење на автобусите, непридржувањето до дневниот ред, доцнењето на автобусите со часови...?

- Која е причината за лошата работа на ЈП Комунална хигиена, поради која сме сведоци на преполните контејнери низ цело Скопје?

- До каде е реконструкцијата на мостот Беласица, поради која цел град е втурнат во сообраќаен хаос?

- До каде е проширувањето на бул. Борис Трајковски и изградбата на кружен тек во влезот пред Драчево, кој се гради веќе четврта година?

- До каде е решавањето на имотно-правните односи во Ќерамидница, со цел продолжување на мостот Михајло Апостолски до Ист Гејт Мол и поврзување со општина Аеродром, проект кој е сопрен веќе трета година?

- Каде е мега-паркот во Аеродром кој Арсовска тврди дека е изграден? На која локација е истиот и дали некој воопшто го видел?

- До каде е реализацијата на останатите капитални проекти кои ги вети Арсовска во програмата “За модерно Скопје”?

- Кои се тие 450 проекти за кои Арсовска тврди дека ги реализирала како градоначалник по разни емисии, бидејќи секако ниту се појавила на совет да ги образложи, ниту пак има организирано еден јавен настан со новинари бегајќи од новинарските прашања?



Ова се само мал дел од прашањата на граѓаните кои Арсовска цела година избегнува да ги даде.



ВМРО-ДПМНЕ апелира до надлежните институции, до инспекторатот за локална самоуправа да го санкционираат градоначалникот на Град Скопје и Секретарот на Град Скопје, поради повеќемесечното бојкотирање и блокирање на институцијата советнички прашања, каде не се дозволува нормална работа на Советот и не се даваат нужни информации поврзани со работата на Градот Скопје, неговите јавните претпријатија и културни институции.



Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ

Virus-free.www.avast.com

НОВИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КОНЗУЛОТВо АД ЕСМ продолжуваат милионските договори за јавни набавки со нвната омилена фирма  - М...
16/02/2024

НОВИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КОНЗУЛОТ

Во АД ЕСМ продолжуваат милионските договори за јавни набавки со нвната омилена фирма - МАРКОВСКИ КОМПАНИ Борче ДООЕЛ од Битола.
После оние 150 милиони евра кои ВМРО-ДПМНЕ ги објави пред два дена, следуваат нови 4 милиони евра. Власта во заминување со последни напори граби сѐ пред себе.
Но, после изборите на 8 мај одговорност ќе има сите кои се огрешиле пред правдата.

Address

VMRO Square Skopje
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Комисии на ВМРО-ДПМНЕ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share