10/07/2025
👉 2️⃣1️⃣ НОВ ПРОЕКТ ЗА ЃОРЧЕ
✍️Денес, со Министерството за транспорт, потпишав договори за реализација на вкупно 2️⃣1️⃣проект за изградба, реконструкција и уредување на улици, патишта и јавни површини на територијата на Општина Ѓорче Петров со вкупна вредност од над 2️⃣8️⃣0️⃣.0️⃣0️⃣0️⃣.0️⃣0️⃣0️⃣ денари.🚧
🔧 Ќе се реконструираат улици и краци во Хром, Волково, Орман, Кисела Јабука, Кучково, Стопански Двор и Ново Село.
🚜 Ќе се уредуваат пристапни патишта, ќе се поставува улично осветлување и ќе се гради нова јавна површина со плоштад и урбана опрема.
📌 Проектите ги опфаќаат следниве локации:
1️⃣ Улица „5“ со краци и улица „7“ (кон с. Орман) и крак 3 на ул. „7“ во Волково
2️⃣ Краци (десно) на ул. 100 во Волково
3️⃣ Ул. 31 во Волково
4️⃣ Краци на ул. 49 и ул. 95 во Волково
5️⃣ Краци на ул. 81 во Волково
6️⃣ Краци на ул. 33 во Волково и ул. 52 во Стопански Двор
7️⃣ Краци на ул. 35, 37, 39, 41, 102 и 103 во Волково
8️⃣ Ул. „20“, „84“ и „44“ со крак во Кисела Јабука
9️⃣ Патот од с. Орман до с. Никиштане
🔟 Крак на улица 1 во Ново Село
1️⃣1️⃣ Патишта и краци на улици во село Орман
1️⃣2️⃣ Краци на ул. 51 во Стопански Двор
1️⃣3️⃣ Улица кон Старо Буре – Кучково
1️⃣4️⃣ Улици во с. Кучково (кон црквите Св. Недела и Св. Петка)
1️⃣5️⃣ Краци на ул. 1 во Ново Село
1️⃣6️⃣ Локален пат Орман – Волково – Кучково – граничен премин Чашка (делница Волково – Кучково)
1️⃣7️⃣ Дел од ул. „95“ и краци на ул. „60“ во Волково
1️⃣8️⃣ Пат с. Орман – с. Никиштане (фаза: улично осветлување)
1️⃣9️⃣ Ул. Воин Драшкоци
2️⃣0️⃣ Ул. 1 во Ново Село – ДУП СЗ 03, фаза I
2️⃣1️⃣ Основен проект за јавна површина со плоштад, пешачка патека и урбана опрема
🏗️Проектите се одобрени во рамки на вториот јавен повик на Владата на Република Македонија за финансирање на инфраструктурни проекти на општините.
🙏 Искрена благодарност до Владата на Република Македонија, проф. др. Hristijan Mickoski за поддршката, за довербата и за препознавањето на приоритетите на нашите граѓани.
✅ Ова е досега најобемниот развоен пакет за Ѓорче.
Работиме за секој дел од општината – од улица до улица, од село до село.
Продолжуваме со дела, а не со зборови.💪
Ѓорче се гради – плански, посветено и со срце! ❤️