28/08/2026
ДЕМАНТ НА ПВМ: БРАЌАТА МАНАКИ БИЛЕ ВЛАСИ
Партијата на Власите од Македонија (ПВМ) реагира на текстот "„Браќата Манаки се дел од историите на Грција, Србија, Турција и Романија, но дом им е Битола“" (https://sdk.mk/index.php/magazin/brakata-manaki-se-del-od-istoriite-na-grtsija-srbija-turtsija-i-romanija-no-dom-im-e-bitola/), во кој се истакнуваат врските на Јанаки и Милтон Манаки со повеќе држави и народи, но никаде не се наведува нивната влашка етничка припадност.
Ова не е незначителен пропуст. Текстот го поставува прашањето „на кој народ му припаѓале“ браќата Манаки, а потоа ги споменува Грците, Албанците, Србите, Бугарите, Романците, Турците и Македонците. Единствениот народ што е целосно изоставен е народот од кој потекнувале самите браќа Манаки — Власите.
Фактите се недвосмислени. Кинотеката на Република Македонија наведува дека Јанаки и Милтон Манаки биле родени во „малото влашко село Авдела“, а во нивната филмографија се наоѓаат и делата „Власи номади“ и „Влашко оро“. Музејот на кинематографијата во Солун, пак, ги претставува како „двајца Власи од Авдела“.
Фактот дека Авдела денес се наоѓа во Грција претставува географска, а не етничка определба. Нивното османлиско поданство, поддршката од романската држава, работата како дворски фотографи и снимањето на настани поврзани со други балкански народи се историски и професионални врски. Ниту една од нив не го поништува нивното влашко потекло, а самите себе се потпишувале на своите дела како aromân/aromâni што во превод буквално значи влав/власи.
ПВМ не ја оспорува припадноста на делото на браќата Манаки кон македонската, балканската и светската културна историја. Не ја оспоруваме ниту Битола како нивен дом и како центар на нивното творештво. Но не може да се велича нивната локална и регионална припадност, да се набројуваат народите што ги сметаат за дел од својата историја, а истовремено да се премолчи народот на кој му припаѓале по потекло.
ПВМ бара текстот да биде дополнет со јасна и историски точна констатација:
„Јанаки и Милтон Манаки биле Власи (кои самите себе се потпишувале како aromân/aromâni), родени во влашкото село Авдела, а најголемиот и најплоден дел од својот живот и творештво го оствариле во Битола.“
Битола е нивниот дом, Македонија е централниот простор на нивното творештво, а нивното дело е балканско и светско наследство. Но браќата Манаки биле Власи (кои самите себе се потпишувале како aromân/aromâni) и тој факт не смее да биде изоставен.
На кој народ му припаѓале првите сниматели на Балканот, браќата Манаки, е едно од прашањата на кое одговор се обидува […]