28/04/2026
🏛️„ВЛАШКА КУЌА“ ВО СРЦЕТО НА СКОПЈЕ
Денес, претседателот на ПВМ, Стерјо Папули, одржа клучна средба со Градоначалникот на Град Скопје и Претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски. Главниот акцент на разговорот беше ставен на иницијативата за формирање на „Влашка куќа“ во рамките на КИЦ – Скопје.
📍 „Влашка куќа“ – Институционален дом за нашиот идентитет.
Оваа иницијатива, за која претседателот Папули веќе разговараше и со Министерот за транспорт и врски Николовски, има за цел создавање постојан простор во центарот на Скопје каде што влашката култура, јазик и уметност ќе бидат соодветно презентирани. „Влашката куќа“ треба да биде центар за средби, едукација на младите и негување на влашкиот дух, со поддршка од Градот и надлежните институции.
На средбата беа истакнати и следните клучни точки:
📜 Историскиот придонес на Власите во Скопје: На градоначалникот Ѓорѓиевски му беше детално презентирана историската територија на некогашното Влашко маало, кое го опфаќало денешниот најстрог центар на градот – од хотелот „Бристол“ по улица Македонија преку црквата „Св. Константин и Елена“ па се до брегот на Вардар, црквата Богородица како и Градскиот Трговски Центар и Собранието. Беше потенцирана улогата на големите влашки фамилии, како фамилијата Икономови (сопственици на ф-ката „Европа“), чии градби и денес се архитектонски бисери на Скопје.
🎭 Културна и логстичка поддршка: Се разговараше за можностите Градот финансиски да поддржи концерти, театарски претстави и фолклорни настапи во институции како МКЦ, како и тематски изложби во Музејот на град Скопје.
📚 Јазик и публикации: Поддршка за издавање на двојазични публикации и детски списанија, како и курсеви по влашки јазик за младите.
🤝 Комисија за односи меѓу заедниците: Поттикнување на работата на оваа Комисија во рамките на Советот на Град Скопје, каде претставниците на Власите директно ќе предлагаат проекти од интерес на заедницата.
„Влашката куќа“ како Културно Информативен Центар ќе биде симболот на нашето опстојување во Скопје и признание за сè што Власите вложиле во овој град низ вековите.
Изразуваме благодарност до градоначалникот Ѓорѓиевски за конструктивната средба и стратешкиот дијалог. Продолжуваме со конкретни чекори до реализација! 🇲🇰