Општина Центар - Скопје

Општина Центар - Скопје Официјална страница на Општина Центар - Скопје

Во понеделник Општина Центар повторно спроведува вонредна дератизација на критичните локации низ општината.Последната во...
18/09/2026

Во понеделник Општина Центар повторно спроведува вонредна дератизација на критичните локации низ општината.

Последната вонредна акција беше спроведена пред само еден месец, а од почетокот на годината Општината реализираше редовна пролетна и две вонредни дератизации. Во октомври следува и редовната есенска дератизација.

Општинските служби континуирано ја следат состојбата и реагираат секаде каде што има потреба. Но, дератизацијата сама по себе не е доволна. Нередовното чистење на контејнерите, натрупувањето и несоодветното оставање отпад создаваат услови за појава на глодари.

Општина Центар апелира до граѓаните редовно да ги одржуваат дворовите, подрумите и заедничките простории во станбените објекти.

За чист и безбеден Центар потребна е грижа од сите.

Центар е прва општина во државата со дигитален увид во мерењата на бучавата.Поставивме 30 мерни уреди на најкритичните л...
18/09/2026

Центар е прва општина во државата со дигитален увид во мерењата на бучавата.

Поставивме 30 мерни уреди на најкритичните локации, а од сега податоците се достапни за сите преку нашиот ГИС-портал. Секој граѓанин може да провери колкаво е нивото на бучава и дали се надминати дозволените граници.

Ветивме паметен систем за мерење на бучавата – го реализиравме. Сега мерењата се јавни, достапни и транспарентни.

Продолжуваме со нови локации и со дигитализација на услугите во Центар.

Во изминатата недела, инспекциските служби на Општина Центар изрекоа казни од 1.300 до 1.800 евра за четири градилишта п...
17/09/2026

Во изминатата недела, инспекциските служби на Општина Центар изрекоа казни од 1.300 до 1.800 евра за четири градилишта поради оставање градежен материјал и шут на јавни површини.

Тротоарите и улиците не се простор за складирање градежен материјал. Тие мора да бидат чисти, безбедни и слободни за движење на граѓаните.

Инспекторите се постојано на терен, а контролите продолжуваат. Секој што нема да ги почитува прописите и ќе го узурпира јавниот простор ќе биде санкциониран.

Апелирам до инвеститорите и градежните компании да ги почитуваат своите обврски и да се грижат за редот, чистотата и безбедноста околу градилиштата.

Знаењето, талентот и трудот на нашите ученици заслужуваат поддршка. Затоа и оваа учебна година доделуваме стипендии за у...
17/09/2026

Знаењето, талентот и трудот на нашите ученици заслужуваат поддршка. Затоа и оваа учебна година доделуваме стипендии за учениците од општинските основни училишта во областа на културата, науката, техниката и посебните вештини, како и спортот.

Стипендиите изнесуваат од 3.500 до 5.000 денари месечно и се исплаќаат во период од осум месеци. Дополнително, обезбедуваме стипендии и за осум талентирани ученици од семејства со висок социјален ризик.

Продолжуваме да вложуваме во младите и да создаваме услови во кои нивниот труд, успех и потенцијал ќе бидат препознаени и поддржани.

Пријавувањето трае до 23 септември 2026 година.

Сите услови, потребни документи и начинот на аплицирање се достапни на следниот линк: https://www.centar.gov.mk/informacii/odnosi-so-javnost/soopstenija

Street Food Picnic по вторпат во Центар!Лани си поминавме одлично, годинава продолжуваме уште подобро.На 18, 19 и 20 сеп...
16/09/2026

Street Food Picnic по вторпат во Центар!

Лани си поминавме одлично, годинава продолжуваме уште подобро.

На 18, 19 и 20 септември повторно се собираме во Паркот на Франкофонија. Ќе има добра храна, музика, детски работилници и доволно причини да останеме малку подолго во парк.

Дојдете со децата, со пријателите, со цело друштво. Да каснеме нешто убаво, да се дружиме и да уживаме во уште еден септемвриски викенд во Центар.

Парк на Франкофонија

Петок, 18 септември: 17:00 – 00:00
Сабота, 19 септември: 12:00 – 00:00
Недела, 20 септември: 12:00 – 00:00

Се гледаме!

10 години „Статуафест – Другото лице на улицата“! 🎭Од 17 до 19 септември, Плоштад Македонија и улица Македонија повторно...
16/09/2026

10 години „Статуафест – Другото лице на улицата“! 🎭

Од 17 до 19 септември, Плоштад Македонија и улица Македонија повторно ќе оживеат со 15 улични акти и над 20 артисти.

Центар отсекогаш бил место за култура, уметност и добри идеи, а „Статуафест“ веќе десет години е дел од таа приказна. Затоа и оваа година Општина Центар е поддржувач на фестивалот.

Честит јубилеј и уште многу години да ни го покажувате другото лице на улицата!

Паркот на новинарите исчистен, бездомните лица иселени – го враќаме редот и мирот во Центар!Општина Центар, во координац...
15/09/2026

Паркот на новинарите исчистен, бездомните лица иселени – го враќаме редот и мирот во Центар!

Општина Центар, во координација со надлежните служби го расчисти јавниот простор спроти објектот на „Нова Македонија“ по пријавите од граѓаните за отпад, импровизирани шатори и нарушување на јавниот ред и мир.

Паркот повторно им се враќа на граѓаните – чист и безбеден.

Дополнително, апелирараме до Министерството за труд и социјална политика итно да се вклучи во решавањето на статусот на овие лица, со цел да нема повторување на ваквите ситуации.

Нова водоводна и фекална мрежа за 200 жители на Маџир МаалоПродолжуваме со подобрување на комуналната инфраструктура и р...
14/09/2026

Нова водоводна и фекална мрежа за 200 жители на Маџир Маало

Продолжуваме со подобрување на комуналната инфраструктура и решавање на потребите на жителите во Центар.

На улиците „Анте Хаџи Митков“ и „Кеј 13 Ноември“ поставуваме целосно нова водоводна и фекална мрежа, во вкупна должина од 127 метри.

Со овој зафат, околу 200 жители на Маџир Маало ќе добијат посигурно и постабилно водоснабдување, како и подобро одведување на отпадните води.

Инвестираме во инфраструктура што значи подобри услови за живот и трајни решенија за граѓаните.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, целосно ги отфрла обвинувањата на ЗНАМ и советникот од Левица, Ку...
12/09/2026

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, целосно ги отфрла обвинувањата на ЗНАМ и советникот од Левица, Куцуловски, дека Општина Центар наводно цензурирала дел од преносот на седницата на Советот.

„Нема цензура таму каде што сè е јавно. За Барутана јавно се дебатираше на седници на Советот, на јавна презентација пред граѓаните, а ставовите на советниците повеќепати беа јавно изнесени. Ништо не е сокриено. Ништо не е избришано“, истакна Герасимовски.

Тој нагласи дека станува збор за технички прекин на интернет-врската за време на преносот и дека обидот тоа да се претстави како „цензура“ е политичка манипулација.

„Зошто би криеле нешто што граѓаните веќе го слушнале и виделе и за кое со недели јавно се дебатира? Очигледно е дека кога нема вистински скандал, ЗНАМ и Левица се обидуваат сами да го создадат. Од технички прекин прават ‘цензура’, а себеси се обидуваат да се претстават како жртви“, рече Герасимовски.

Градоначалникот порача дека ваквите обвинувања не претставуваат борба за транспарентност, туку политички театар за собирање евтини политички поени.

„Наместо манипулации и измислени афери, нека понудат аргументи. Граѓаните на Центар многу добро знаат да ја препознаат разликата“, порача Герасимовски.

Денес Плочник живее урбано во духот на хуманоста и креативноста.Градоначалникот Горан Герасимовски го посети еко-хуманит...
12/09/2026

Денес Плочник живее урбано во духот на хуманоста и креативноста.

Градоначалникот Горан Герасимовски го посети еко-хуманитарниот настан „Трифт на Плочник“, кој собра околу 90 изложувачи со облека и предмети од втора рака, локални занаетчии, како и содржини за најмладите и за возрасните.

Ваквите настани носат вистинска вредност во Центар – ги оживуваат јавните простори, ги поврзуваат луѓето и испраќаат важна порака дека со повторна употреба можеме да создадеме помалку отпад и почиста животна средина.

Герасимовски ја поздрави и поддржа иницијативата на Ирина Михајлова и SHF, како и сите кои денес се дел од „Трифт на Плочник“.

Општина Центар секогаш ќе биде отворена за добри идеи што го прават градот похуман, поодговорен и поубав за живеење.

Address

Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Општина Центар - Скопје posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share