Општина Бутел - Opstina Butel

Општина Бутел - Opstina Butel Официјална страна на Општина Бутел

18/09/2026

СЕ РЕКОНСТРУИРА МАРКО КРАЛЕ! 🚧

💧 ЗАПОЧНУВАМЕ СО ПРОЕКТИРАЊЕ НА СЕКУНДАРНАТА ВОДОВОДНА МРЕЖА ЗА ЉУБАНЦИ И ЉУБОТЕН ❗️Денес градоначалникот на општина Бут...
17/09/2026

💧 ЗАПОЧНУВАМЕ СО ПРОЕКТИРАЊЕ НА СЕКУНДАРНАТА ВОДОВОДНА МРЕЖА ЗА ЉУБАНЦИ И ЉУБОТЕН ❗️

Денес градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски заедно со одговорните лица од ЈП “Водовод и канализација” направија увид во Љубанци и Љуботен за почеток на проектирање на секундарната водоводна мрежа.

Продолжуваме со реализација на проекти кои значат подобри услови за живот за сите наши граѓани.

Заедно со Град Скопје, Министерството за транспорт и Владата овој проект ќе биде реалност и градска вода за пиење ќе стигне до секој дом.

Со започнувањето на проектната документација за секундарната водоводна мрежа во Љубанци и Љуботен, правиме важен чекор кон унапредување на водоснабдувањето и обезбедување современа и функционална инфраструктура.

Ова е уште една потврда дека работиме плански, домаќински и со визија. Првата фаза напредува одлично и во рекордно време ќе биде завршен овој проект.

🏗️ Продолжуваме да инвестираме во инфраструктура и подобар квалитет на живот!

🇪🇺🇫🇷🇪🇸🇮🇹 ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БУТЕЛ ДЕНЕС БЕА АМАБАСАДОРОТ НА ЕУ И АМБАСАДОРИТЕ НА ФРАНЦИЈА, ИТАЛИЈА, ШПАНИЈА❗️🏫 Денес с...
16/09/2026

🇪🇺🇫🇷🇪🇸🇮🇹 ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БУТЕЛ ДЕНЕС БЕА АМАБАСАДОРОТ НА ЕУ И АМБАСАДОРИТЕ НА ФРАНЦИЈА, ИТАЛИЈА, ШПАНИЈА❗️

🏫 Денес со особена чест и задоволство ја отвораме новата училишна спортска сала во ООУ „Панајот Гиновски“.

🇪🇺 Општина Бутел денес беше домаќин на министерката за образование и наука, Весна Јаневска како и делегацијата на ЕУ и амбасадорите на европските земји кои беа дел од овој значаен проект.

ООУ “Панајот Гиновски” беше избрано во рамки на проектот "Учи, играј, расти" (Learn, Play, Grow) кој е кофинансиран од Банка за развој при советот на Европа (CEB) и рамката за развој на западен Балкан (WBIF).

По 7️⃣0️⃣ години за прв пат се реконструира училишната сала. Ова е значајна инвестиција во нашите ученици и во создавањето современи, безбедни и квалитетни услови за спорт и развој.

Како Општина Бутел, продолжуваме посветено да реализираме проекти кои носат подобри услови за образование и спорт и создаваат подобра иднина за нашите најмлади.

Инвестираме во спортот. Инвестираме во образованието.
Инвестираме во иднината на Бутел! 🇲🇰

🇲🇰🤝🇽🇰 ПРОДОЛЖУВАМЕ СО ОДЛИЧНАТА СОРАБОТКА СО КОСОВО❗️Денес во посета на Општина Бутел, во општинското основно училиште „...
11/09/2026

🇲🇰🤝🇽🇰 ПРОДОЛЖУВАМЕ СО ОДЛИЧНАТА СОРАБОТКА СО КОСОВО❗️

Денес во посета на Општина Бутел, во општинското основно училиште „Лиман Каба“, беше амбасадорот на Република Косово, д-р Флориан Ќехаја.

Градиме мостови на соработка, пријателство и партнерство со нашите соседи.

Продолжуваме да развиваме добри односи и да отвораме нови можности за соработка во области од заеднички интерес, со посебен акцент на образованието, локалниот развој, економијата, инфраструктурата, културата и младите.

Веруваме дека преку отворен дијалог, взаемна почит и конкретни иницијативи можеме да создадеме нови можности и подобра иднина за нашите граѓани.

Општина Бутел и во изминатиот период оствари одлична соработка со општините од Косово, со што обезбедивме значајни проекти поддржани од Европската Унија.

Добивката од проектот е почиста и поздрава животна средина, современо управување со отпад и поголема еколошка свест кај граѓаните.

Продолжуваме заедно со нови идеи, нови партнерства и конкретни резултати!

🇲🇰 Честит 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија!
08/09/2026

🇲🇰 Честит 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија!

📵 БЕЗ МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ ЗА ВРЕМЕ НА НАСТАВА!Градоначалникот на општина Бутеч Дарко Костовски покрена лична иницијатива за...
07/09/2026

📵 БЕЗ МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ ЗА ВРЕМЕ НА НАСТАВА!

Градоначалникот на општина Бутеч Дарко Костовски покрена лична иницијатива за ограничување на употребата на мобилни телефони за време на наставата во сите 8 општински основни училишта во Општина Бутел.

Иницијативата официјално ќе биде предложена до Советот на Општина Бутел и до училишните одбори на сите осум основни училишта, каде што очекуваме да добие широка поддршка.

Училиштето е место за знаење, внимание, дружење и развој. За време на часот, фокусот треба да биде на наставникот и наставата, а не на екранот.

Ова не е борба против технологијата. Ова е одлука во корист на нашите деца.

Помалку екран. Повеќе внимание. Подобро образование. 📚

#ОпштинаБутел✔️

06/09/2026

ОПШТИНА БУТЕЛ ДОЖИВУВА РЕНЕСАНСА !

♻️ НОВИ СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ КАМИОНИ ЗА УШТЕ ПОГОЛЕМА ХИГИЕНА ВО ОПШТИНА БУТЕЛ❗️Одлична вест е што дел од новите возила кои д...
03/09/2026

♻️ НОВИ СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ КАМИОНИ ЗА УШТЕ ПОГОЛЕМА ХИГИЕНА ВО ОПШТИНА БУТЕЛ❗️

Одлична вест е што дел од новите возила кои денес се промовираа ќе бидат наменети за општина Бутел и тоа ќе значи уште поголема хигиена и редовно собирање на ѓубрето.

Нови 49 возила и специјализирана опрема за комунална хигиена добиваат Градот Скопје и повеќе општини во земјава, како дел од проектот реализиран со поддршка на Светската банка.

Новите возила денеска беа промовирани од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓеоргиевски.

Набавени се 19 мултифункционални камиони од различен тип, 9 специјализирани камиони, цистерни и 21 мултифункционално возило, кои што треба да помогнат во чистење на улиците.

Ова се вистински заложби за почиста и поздрава средина!

02/09/2026
👫ПРЕМИЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ НА ПРВИОТ УЧИЛИШЕН ДЕН ВО ОПШТИНА БУТЕЛ‼️🔔 Денес градоначалникот на општина Бутел Дарко Ко...
01/09/2026

👫ПРЕМИЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ НА ПРВИОТ УЧИЛИШЕН ДЕН ВО ОПШТИНА БУТЕЛ‼️

🔔 Денес градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука Весна Јаневска го означија почетокот на првиот училишен час од новата учебна година во ООУ “Ацо Шопов”.

😊 Многу насмевки, радост и нови другарувања за нашите првачиња.

ООУ “Ацо Шопов” е вистинско градилиште. За неколку дена од сега ќе биде готова новата надградба на училиштето, децениско барање на жителите на Радишани. А паралелно се гради и новиот затворен пливачки базен.

🎒И оваа година Општина Бутел за сите првачиња обезбеди ранец со потребниот училишен прибор и училишни униформи.

На сите ученици им посакуваме успешна учебна година. Многу нови знаења, другарување, взаемно почитување и радосни мигови!

#ОпштинаБутел ✅

Address

Улица Бутелска бр. 4
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Општина Бутел - Opstina Butel posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share