Македонски Концепт / Koncepti Maqedonas / Macedonian Concept

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Македонски Концепт / Koncepti Maqedonas / Macedonian Concept

Македонски Концепт / Koncepti Maqedonas / Macedonian Concept Политичка партија

СИ СНИМАМЕ во Струмица… за кратко добијат алтернатива… Биди Свој ќе гледате за 48 часа од сега. Благодарам на струмичкат...
14/09/2026

СИ СНИМАМЕ во Струмица… за кратко добијат алтернатива… Биди Свој ќе гледате за 48 часа од сега.

Благодарам на струмичката екипа🙏🏼

#чекоримесвеснонадесно #МакедонскиКонцепт

ОВА Е МАКЕДОНСКА ТРАГЕДИЈА!Земјата на сонцето, каде храната треба да ни биде Божји дар и наше богатство, стигнала до там...
13/09/2026

ОВА Е МАКЕДОНСКА ТРАГЕДИЈА!

Земјата на сонцето, каде храната треба да ни биде Божји дар и наше богатство, стигнала до таму храната да ни го јаде семејниот буџет!

Наместо да произведуваме квалитетна и евтина домашна храна, да ја јадеме и да ја извезуваме, па од неа да се богатиме, ние стануваме се позависни од увоз и осиромашуваме.

Според европската статистика, храната и безалкохолните пијалаци имаат тежина од 40,11% во македонската потрошувачка кошница, наспроти 16,28% во ЕУ. Тоа е околу 2,46 пати поголем удел!

Не значи дека ние Македонците јадеме два и пол пати повеќе од европејците. И не значи дека храната кај нас е најскапа во Европа. Значи нешто многу поболно. Основната потреба да се нахраниме ни зема огромен дел од семејниот буџет. А кога толкав дел оди за храна, помалку останува за образование, култура, патување, штедење, инвестиции и подобар живот.

Тоа е слика на низок животен стандард!
Најнизок во Европа!

А најтрагично е што зборуваме за Македонија, земја со сонце, вода, плодна почва и земјоделска традиција. Земја која треба храната да ја третира како своја НАФТА, да произведува, преработува, брендира и извезува. Наместо тоа, увезуваме се повеќе од она што можеме самите да го произведеме.

НЕ ЈАДЕМЕ ПОВЕЌЕ ОД ЕВРОПЈАНИТЕ.
САМО НИ ОСТАНУВА ПОМАЛКУ ЗА ЖИВОТ.

БЕДНИ СМЕ ОД УМОТ И МРЗАТА!

БОГ СЕ НИ ДАЛ.
САМО УМОТ И РАЦЕТЕ ТРЕБА ДА ГИ ВКЛУЧИМЕ.

#чекоримесвеснонадесно #МакедонскиКонцепт

ПАК ВЕ ЛАЖАТ ЛАЗОВИСТИТЕ! На 11 Септември 1943 година не е ослободено Кичево, туку социјалистичка (фашистичка) Италија к...
12/09/2026

ПАК ВЕ ЛАЖАТ ЛАЗОВИСТИТЕ!
На 11 Септември 1943 година не е ослободено Кичево, туку социјалистичка (фашистичка) Италија капитулирала и немало кој да го окупира градот😀

Имено, на 25 јули 1943 година е соборен и уапсен Бенито Мусолини. На 3 септември 1943, владата на маршал Пјетро Бадољо тајно го потпишува примирјето со Сојузниците во Касибиле, а на 8 септември 1943, примирјето е јавно објавено. Тоа е точно цела година пред објава на НДМ во Скопје. Овој датум најчесто се смета за капитулација на Италија.

Тука не завршува… на 13 октомври 1943 година, Кралството Италија (десните) официјално и објавува војна на наци социјалистичка Германија и преминува на страната на Сојузниците. И војната во Италија не завршува тогаш. Германците го ослободуваат Мусолини и на север создаваат марионетска Италијанска Социјална (социјалистичка) Република (Република Сало), која продолжува да војува на страната на Хитлер до април 1945.

Така во контекст на Македонија и повлекувањето на Италијанците од западна Македонија, по 8 септември 1943 год започнува “ослободувањето” на Дебар, Кичево, Струга и Тетово од окупацијата на социјалистите (фашистите) од борците на НОБ, за кои ве лажат дека биле комунисти.

КПМ - Комунистичката партија на Македонија е формирана на 19 март 1943 година во Тетово, имала едвај неколку членови. Партизаните биле национални борци за слобода, а не комунисти.

Војната во Македонија продолжува со судири со албанските балисти, измеќари на социјалистичка република Италија (Соло) на Мусолини (фашисти), помогнати од германските национал социјалисти.

ДАЛИ СЕГА Е ПОЈАСНО?
Кој ја ослободи Македонија?!?
Ја ослободи МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!

#чекоримесвеснонадесно #кауза #МакедонскиКонцепт

10/09/2026
МИЦКО ГО ИСМЕВААТ, точно е! Растот на БДП е меѓу највисоките, точно е! Тогаш зошто исмевање? Повеќе денови читам комента...
06/09/2026

МИЦКО ГО ИСМЕВААТ, точно е!
Растот на БДП е меѓу највисоките, точно е!
Тогаш зошто исмевање?

Повеќе денови читам коментари со саркастична содржина, па и навредливи, за изјавата на Мицкоски дека ние сме во четирите најдобри економии во Европа по раст на БДП (ако веруваме на статистиката).

Треба да истакнеме што е тоа реален раст на БДП, а што е “добра економија”? Економски е некоректно високата стапка на раст на БДП да се изедначува со „најдобра економија“.

Имено, растот на БДП покажува со која брзина се менува економската активност во одреден период, а не колку е развиена, продуктивна или богата една економија. Македонија навистина бележи солидна стапка на економски раст. Тоа треба да се поздрави.

Стапката на раст е промената, а не ниво на развиеност. Економија која е значително посиромашна може да расте 4%, додека многу побогата и попродуктивна економија расте 1%. Од тоа не следува дека првата е „подобра економија“.

Според куповната моќ, ние сме околу 42% од просекот на ЕУ. Во номинални износи, според актуелни податоци, Eurostat дава околу 8.590 евра БДП по жител за Македонија, наспроти 41.620 евра просек на ЕУ. Србија е на околу 13.540 евра, а Црна Гора на 13.110 евра.

Јас немам обрска да го бранам Мицкоски, ниту коалициска, ниту лична. Но професионалната етика не ми дозволува да останам нем на темата. Според мене, ние сме меѓу побрзорастечките економии во одреден период, но тоа не значи дека сме меѓу најдобрите економии. Стартот е клучен. Тоа што е кажано за БДП е точно. Колку и да е за неверување, може да се смееме колку сакаме, ЕУ Комисија ги потврдува тие податоци.

Во економијата има огромна разлика меѓу „брзо растам“ и „богат сум“. Ние растеме како мала економија, но не сме богати ако се анализираат продуктивноста, реалните доходи, инвестициите, извозот, јавниот долг, дефицитот, инфлацијата, вработеноста и долгорочната стапка на раст.

Ако еден човек има приход од 500 евра и тој му порасне 10%, а друг има 5.000 евра и приходот му порасне 2%, првиот расте петпати побрзо. Но се уште не е побогат од вториот.

Да сме сериозни. Ние имаме околу четврта највисока стапка на раст, за четврта најдобра економија треба уште многу вода да истече низ Вардар. Ако ме разбирате.

Значи исмевањето доаѓа поради неразбирање на термините, а не поради лажни факти. Помалку да се смееме, повеќе да учиме термини и да стекнуваме нови знаења.

АКО беа толку добари исламизмот и комунизмот, зошто муслиманите и пролетерите мигрираат во христијански и капиталистички...
06/09/2026

АКО беа толку добари исламизмот и комунизмот, зошто муслиманите и пролетерите мигрираат во христијански и капиталистички земји?

Глобализмот денес доби свое име ИСЛАМУНИЗАМ. Тоа е всушност сатанизам.
Глобалисти (соросовци) се исламунисти (димчиња) или заедно сатанисти. Ќе ги препознаете под истото знаме на палестина на протести за поддршка на миграцијата во Европа.

Тука во Македонија, исламотерористи како мерсихи персихи и слични, се заедно со комуно бандити како шеќерковци / димчиња / амарчиња. Заедно беа “шарени револуционери”, заедно се “хамас / антифа терористи”… заедно со палестински знамиња се шетаат по Скопје… заедно се против македонскиот национален интерес.

Левичарската коалиција на исламисти и комунисти, денес се најголемата закана за слободниот свет и за човечката цивилизација!

Задача на секој десничар од целиот свет е да се бори за СЛОБОДАТА на човекот! Тоа сака Бог!

П.с.
НЕ МЕШАЈТЕ ислам со исламизам.
Ниту Тито со комунизам.
Не паѓајте на левичарска пропаганда.

#чекоримесвеснонадесно #кауза #МакедонскиКонцепт

ХИТЛЕР БЕШЕ СОЦИЈАЛИСТ, Тито беше британски агент на капиталистите! Фактите се тие, колку и да сака официјалната историј...
05/09/2026

ХИТЛЕР БЕШЕ СОЦИЈАЛИСТ, Тито беше британски агент на капиталистите! Фактите се тие, колку и да сака официјалната историја да ги замачкува!

Хитлер ја изгради целата своја партија и државна контрола врз социјалистички методи, од името на партијата до тоталната државна регулација на економијата.

Од друга страна, Тито ги уживаше сите привилегии од британските служби уште пред Втората светска војна, за подоцна со западен капитал и кредити да ја одржува Југославија како пион на британско - американските интереси.

Време е работите да се наречат со вистинското име!

#чекоримесвеснонадесно

ЗОШТО УШТЕ КОМУНИСТИТЕ ВЕ ЛАЖАТ? Повеќе македонски медиуми објавија вест за почеток на ВСВ (Втора светска војна) и за на...
05/09/2026

ЗОШТО УШТЕ КОМУНИСТИТЕ ВЕ ЛАЖАТ?
Повеќе македонски медиуми објавија вест за почеток на ВСВ (Втора светска војна) и за нападот на Германија врз Полска… но што сокрија?

Комунистите со децении ја сокриваат ВИСТИНАТА за почеток на војната… поточно кој ја започна?
Тие ја започнаа, левите - социјалистите!

Имено, на 23 август 1939, само девет дена пред германскиот напад, левите - социјалистите од Германија (национал социјалисти) и од Русија / СССР (интернационал социјалисти) склучуваат воен пакт Рибентроп - Молотов, со таен протокол за поделба на Полска помеѓу Германија и Русија / СССР.

Веднаш после потписот на левите, на 1 септември 1939, нацистичка Германија ја напаѓа Полска од запад. На 3 септември, Велика Британија и Франција и објавуваат војна на Германија. На 17 септември 1939, Русија / СССР ја напаѓа Полска од исток.

Значи, поедноставено Хитлер влегува од запад на 1 септември, Сталин од исток на 17 септември, а поделбата била договорена претходно. Ете тие се левичарите / социјалистите. Банда.

Зошто сеуште македонските медиуми од вас ја сокриваат вистината?
Затоа што сеуште сме комунистичка држава во која никогаш не се симнаа левите / социјалистите КПЈ од власт! За жал.

#чекоримесвеснонадесно #кауза #МакедонскиКонцепт

Address

Boulevard Partizanski Odredi 17
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Македонски Концепт / Koncepti Maqedonas / Macedonian Concept posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share