Левица - Гази Баба

Левица - Гази Баба Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Левица - Гази Баба, Political Party, Улица Јани Лукровски бр. 10, Skopje.

18/09/2026

БОЛЕДУВАЊЕТО НЕ Е КУЌЕН ПРИТВОР - ЛЕВИЦА ЌЕ ПРЕДЛОЖИ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА

🚩Пратеничката група на #Левица ќе предложи законски измени со кои правото на боледување ќе се уреди на законско ниво, наместо суштинските права на работниците да зависат од подзаконски акти на Фондот. Предлогот доаѓа откако Фондот најави скратување на боледувањето и контроли на работниците во нивните домови.

👉„Несомнено е дека има злоупотреби во боледувањето и во механизмот на боледувањето, но не можеме поради тоа да воведуваме мерки со кои секој работник ќе биде третиран како потенцијален злоупотребувач. Во јавната администрација имаме луѓе од ДПМНЕ кои за време на работното време, без боледување, излегуваат и држат прес-конференции. Ете, тоа е едната екстрема за злоупотреба. Од друга страна, ги имаме работниците во големите индустриски капацитети, кои не само што не ги уживаат правата кои треба да ги уживаат, туку во овие фирми од време на време имаме и смртни случаи.“ - истакна пратеникот Амар МЕЦИНОВИЌ на денешната прес-конференција.

📌Наместо да се бараат причините за масовното користење на боледување во условите во кои работат луѓето, Фондот предлага работниците да се контролираат во нивните домови. За нас, злоупотребата треба да се санкционира преку контрола на процесот на одобрување на боледувањето, а не преку нарушување на достоинството и приватноста на работникот.

❗️Боледувањето не значи дека човекот е должен 24 часа да биде дома. Работникот може да биде кај лекар, во аптека, лабораторија, на терапија или рехабилитација, а кај определени здравствени состојби движењето може да биде дел од препорачаниот медицински режим. Самото незатекнување на работникот на адреса не може автоматски да се претвора во доказ за злоупотреба.

🗣️„Боледувањето не е куќен притвор. При времената спреченост за работа значи дека човекот во определен период медицински не е способен да ги извршува своите работни задачи. Тоа само по себе не значи дека човекот е должен 24 часа да биде во својот дом.“

‼️Правото на боледување не е привилегија ниту подарок од работодавачот, Фондот или Владата. Тоа е право кое работникот го стекнува преку својот труд и преку придонесите што ги издвојува. Затоа со закон мора прецизно да се утврдат правата и обврските на работникот, овластувањата на Фондот, товарот на докажување и правото на приговор и жалба.

🚨„Мораме негде да ја повлечеме цртата. Ова е моментот да го одземеме правото на Фондот подзаконски да ја уредува оваа материја и да ја издигнеме на ниво на Собрание, затоа што логиката на Собранието е дека не може да се собереме два милиони во една зграда, туку го делегираме нашиот заеднички суверенитет на 120 луѓе. И тие 120 луѓе имаат директна обврска да ја штитат социјалната држава, нашите работници и најслабите помеѓу нас.“

#ЛевицаОдПарламент

ЕВРО ЗА КВАДРАТ – ДОМ ЗА МЛАДИТЕ, А НЕ ПРОФИТ ОД ЈАВНИОТ РЕСУРС!Советничката група на Левица во Советот на Општина Гази ...
17/09/2026

ЕВРО ЗА КВАДРАТ – ДОМ ЗА МЛАДИТЕ, А НЕ ПРОФИТ ОД ЈАВНИОТ РЕСУРС!

Советничката група на Левица во Советот на Општина Гази Баба поднесе иницијатива општинските градежни парцели да се стават во функција на граѓаните, со симболична цена од 1 евро за м².

Приоритет да имаат млади брачни парови, повеќедетни семејства, самохрани родители и граѓани кои немаат сопствен дом.

📌 Доделувањето да се врши преку јавен повик, со јасни и транспарентни критериуми, како и механизми за спречување препродажба и злоупотреба.

Општинското земјиште е јавен ресурс. Не треба да служи само за полнење на општинскиот буџет, додека младите семејства немаат реална можност да дојдат до сопствен дом.

Левица предлага конкретно решение – општинското земјиште да им помогне на семејствата да создадат сопствен дом и иднина во Гази Баба.

ДОМУВАЊЕТО Е ПОТРЕБА, А НЕ ЛУКСУЗ!

16/09/2026

КОГО ПРАВИ БУДАЛА ЈАНЕВСКА? КАДЕ ВО ЛИСТИТЕ ЗА СТУДЕНТСКИ ДОМОВИ СЕ ОБЈАВЕНИ БОДОВИТЕ КАКО ШТО НАЛОЖУВА ПРАВИЛНИКОТ?!

🙈Весна Јаневска повторно лаже и повторно сама себе се побива. Денеска прогласи дека за приемот во студентските домови се ширеле лажни вести и дека постапката била регуларна. Проблемот е што нејзината изјава не ја побиваат опозицијата, студентите или нечии толкувања, туку Правилникот што самата Јаневска го донела и потпишала пред два месеци.

📌Новиот Правилник за начинот на прием на студентите во државните студентски домови исто како и старите, во член 13 не остава простор за неумесни толкувања: „Списокот на студентите СО ДОБИЕНИТЕ БОДОВИ се објавува на интернет страницата на Министерството за образование и наука и на интернет страницата на домовите.“ Веднаш потоа, член 14 наложува определените лица во МОН да го изготват списокот на примени студенти и да го објават согласно член 13. На истиот документ стои и потписот на министерката Весна Јаневска.

🤔А што објави Министерството? Само списоци на примени студенти по домови. Во јавно објавените листи се наведуваат лични и административни податоци за кандидатите, но нема колона со освоените бодови врз основа на кои е извршено рангирањето како што бара Правилникот. Затоа, го поедноставуваме прашањето кон Јаневска за да успее да нѐ сфати и да не бега при изјавите: Јаневска, каде се бодовите?

🚨Ова е особено сериозно и е далеку од небитна административна маана. Правилникот детално определува како се добиваат бодовите, зависно од категоријата, се пресметуваат успехот, семејно-материјалната положба и редовноста во студирањето, со точно утврдени формули и максимум од 100 бодови. Ако бодовите се основа за рангирање, а резултатите се објавуваат без нив, студентот нема како да провери зошто еден кандидат е примен, друг одбиен, каде е пресечена границата и дали критериумите се применети еднакво и согласно Законот за студентски стандард и Правилникот.

🔴Уште понесмасно е што Јаневска ваквите прашања да ги прогласува за „лажни вести“ и лаконски ги отфрла, кога Државниот завод за ревизија веќе предупреди токму на овој проблем во претходни постапки! За конкурсот 2022/2023 ревизорите не добиле поткрепувачка документација дека МОН извршило бодирање, односно утврдиле дека апликациите биле обработувани рачно и внесувани во Excel-табели без да се изврши бодување. Заклучокот на ДЗР е она на кое алудираме и ние, т.е. дека непостоењето на бодирање и такво објавување на ранг-листите овозможило субјективно постапување и фаворизирање на дел од студентите.

📣И ова не е првпат Јаневска брутално да лаже и нејзината јавна реторика да се судри со документите на нејзиното Министерство. Таа пред неколку недели тврдеше дека откако дошло ДПМНЕ на власт веднаш, и тоа двапати, го зголемиле износот за субвенциониран студентски оброк, а распиша повик со износ од 140 денари, односно ист износ како и во 2023 година пред да дојде ДПМНЕ на власт, и тоа, спротивно на Законот којшто бара усогласување со годишната инфлациска стапка.

🤯Затоа, веќе имаме многу сериозен проблем со кредибилитетот и воопшто, точноста на нејзините јавни тврдења.

#Левица

14/09/2026

💬 Постави прашање до било која државна институција преку пратениците на #Левица, преку мејл на [email protected], директна порака до Левица или преку овој линк:
https://shorturl.at/ojz0R

Тие се обврзани да одговорат на нашите прашања, а со тоа и на вашите!

11/09/2026
09/09/2026

ЕВГЕНИЈА СТАНКОСКА Е НОВИОТ РАКОВОДИТЕЛ НА АНТИФАШИСТИЧКИОТ ФРОНТ НА ЖЕНИТЕ ПРИ ЛЕВИЦА

📌Евгенија Станкоска е дипломиран политиколог, советник во Советот на Град Скопје и член на Централниот комитет на Левица. Со своето досегашно политичко дејствување, активно е ангажирана во борбата за социјална правда, работнички права и еманципација на жените.

🚩Антифашистичкиот фронт на жени при Левица се залага за лев феминизам кој женското ослободување го гледа како неразделен дел од борбата против класната експлоатација, капитализмот, патријархатот и сите форми на угнетување. За нас, борбата за женска еманципација не завршува со индивидуалниот успех на мал број жени во постојните структури на моќ.

🚨Во Македонија, жените и понатаму живеат со реалност во која фемицидите и родово базираното насилство се секојдневна закана, институциите често потфрлаат во заштитата на жртвите, а економската независност е отежната од дискриминацијата на работното место, неплатеното породилно отсуство, ниските плати и огромниот обем на неплатен труд за грижа за семејството. Овие проблеми не се одвоени едни од други, ниту пак лични неуспеси.

‼️Затоа, АФЖ во периодот што следува нема само да ги отвора прашањата кои ги засегаат жените, туку ќе презема конкретни мерки и ќе се организира за нивно решавање. Преку иницијативи, институционално и политичко дејствување, јавен притисок и организирање на жените, ќе се бориме фемицидите, сексуалното и родово базираното насилство, институционалното запоставување, дискриминацијата на работничките и економската несигурност на жените да не останат само предмет на јавна дебата.

✊Со изборот на Станкоска за раководител, АФЖ продолжува да го јакне левиот феминистички фронт во Македонија и да гради организирана политичка сила која ќе се бори за реални, материјални промени во животот на жените.

БРУТАЛНА ПАРТИЗАЦИЈА НА ДРЖАВНАТА ВТОРОСТЕПЕНА КОМИСИЈА – ДПМНЕ ЈА ПРЕТВОРИ НЕЗАВИСНАТА ИНСТИТУЦИЈА ВО ПАРТИСКИ ШТАБ🚨Држ...
09/09/2026

БРУТАЛНА ПАРТИЗАЦИЈА НА ДРЖАВНАТА ВТОРОСТЕПЕНА КОМИСИЈА – ДПМНЕ ЈА ПРЕТВОРИ НЕЗАВИСНАТА ИНСТИТУЦИЈА ВО ПАРТИСКИ ШТАБ

🚨Државната второстепена комисија, која треба да функционира како независно тело, ослободено од политички и партиски влијанија, е претворена во уште една партиска испостава на ДПМНЕ. До #Левица пристигнаа информации од свиркачи за сериозни незаконитости во работењето на Комисијата, силни партиски влијанија и ургенции при одлучувањето по значајни предмети од работните, управните и инспекциските спорови.

👉Претседател на оваа државна комисија е Илче Мушаревски, долгогодишен партиски активист на ДПМНЕ, кој, според информациите со кои располага Левица, е директно инсталиран од потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски. Мушаревски бил член на Правната комисија на ДПМНЕ, а во минатото работел и во Државниот завод за ревизија, повторно како награда за неговиот партиски ангажман.

👉Член на Комисијата е и Тања Дедејска, поранешен советник на ДПМНЕ во Советот на Општина Струмица. Особено е проблематично што Дедејска минатата година при изборот во Собранието доставила нотарски заверена изјава дека „не е член на политичка партија“, иако во истиот период била советник од редовите на ДПМНЕ во Советот на Општина Струмица.

👉Партизацијата се надополнува со Маја Бичиклиска, сопруга на поранешниот портпарол на ДПМНЕ, Александар Бичиклиски, кој денес настапува како “подкастер”, очигледно платен од Мицкоски. Бичиклиска во текот на својата кариера била ангажирана во повеќе министерства, а во периодот на владеењето на СДС и ДУИ била и државен советник во Министерството за образование. Симптоматично е што Бичиклиска била поставена за директор на Директоратот за општи работи во МНР токму кога Антонио Милошоски бил министер. Бидејќи и претседателот Илче Мушаревски важи за личен соработник на Антонио Милошоски, очигледна е дека Комисијата работи под директна контрола на Милошоски.

👉Во составот на Комисијата фигурира и Ирена Брзанова, која била претседател на ова тело во периодот на владеењето на Никола Груевски и истата била дел и од Правната комисија на ДПМНЕ.
👉Уште еден член од правната комисија на ДПМНЕ кој се инсталира во ова тело е и Сашко Груевски, партиски активист кој "зачудувачки", во време на СДС се вработил во Државниот завод за ревизија, за потоа ДПМНЕ да го награди како член во второстепената комисија.

👉Член на оваа заробена Комисија е и адвокатката Симона Лескароска, долгогодишен активист на ДПМНЕ и (повторно) член на партиската правна комисија на ДПМНЕ. Постојат индиции дека нејзината позиција во Државната комисија ја користи за застапување на интереси на странки поврзани со нејзината адвокатска дејност.

👉Во Комисијата фигурира и Вера Димитриева, која претходно работела директно во Кабинетот на премиерот за време на владеењето на Никола Груевски.

📣За Левица, составот на ова тело отвора сериозен сомнеж дека наместо независна второстепена институција - граѓаните добиле партиски конгломерат составен од кадри со директни врски со ДПМНЕ. Особено загрижуваат информациите од свиркачи за политички ургенции при одлучување по конкретни предмети, што е директен удар врз правната сигурност на граѓаните и довербата во институциите.

🐙Левица во наредните денови ќе објави сериозни наводи за бруталната партизација и незаконското работење во Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапки од работен однос и инспекциски надзор во втор степен. Државната второстепена комисија мора да функционира како независно тело, наместо како партиски штаб на ДПМНЕ со државен печат.

08/09/2026

Во пресрет на големата прослава за 35 години независност на Република Македонија, подготвивме потсетник на сè што не собра во славеничкото видео.

Минатото не можеме да го избришеме, но можеме да одлучиме дали ќе продолжиме да го повторуваме. Следните 35 години не се однапред напишани - тие зависат од изборите што ги правиме денес. Затоа, бирајте паметно.

Среќен празник Македонијо 🇲🇰

Address

Улица Јани Лукровски бр. 10
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Левица - Гази Баба posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Левица - Гази Баба:

Shortcuts

Share