20/05/2026
АКО МИТЕСКИ НЕ Е СПОСОБЕН ДА ПОСТАВИ ЕДНА КАНДЕЛАБРА, ШТО ДА ОЧЕКУВААТ АЕРОДРОМЦИ ОД НЕГО?!
⌛ Повеќе од шест месеци Општина Аеродром не поставува нова канделабра, на местото на старата на улица „Милан Зечар“, а каблите стојат разголени во пластично шише. Ова претставува сериозна опасност за граѓаните.
📌 За ваквата состојба, континуирано алармираат граѓаните од тој дел на општината, но и советничката група на Левица го има изложено проблемот на совет и постојано апелира до надлежните институции за поставување на нова канделабра.
🚩И покрај нашите реакции и укажувања, надлежните постојано тврдат дека каблите не се под напон и дека се „соодветно изолирани“, но состојбата на терен покажува нешто сосема друго, каблите се оставени несоодветно обезбедени и претставуваат сериозен безбедносен ризик.
‼️ Реконструкцијата на улицата „Милан Зечар“, започна пред изборите, а за време на изборниот период градоначалникот Митески ги купуваше гласовите на граѓаните со фалби за најсовремена реконструкција. Денес, по завршување на работите може да се види дека улицата е завршена без целосно и безбедно решавање на инфраструктурните проблеми.