Национална инфраструктура на просторните податоци на Северна Македонија

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Национална инфраструктура на просторните податоци на Северна Македонија

Национална инфраструктура на просторните податоци на Северна Македонија АКН ги координира активностите на НИПП во кои учествуваат 20 институции, членки во националната инфраструктура на просторни податоци.

Ова е официјалната ФБ страница на НИПП, раководена од Агенцијата за катастар на недвижности. Добредојдовте!

НИПП Ден 2024На 21 и 22 февруари се прослави јубилејниот, петти Ден на Националната инфраструктура на просторните подато...
22/02/2024

НИПП Ден 2024

На 21 и 22 февруари се прослави јубилејниот, петти Ден на Националната инфраструктура на просторните податоци во Република Северна Македонија. Денот на НИПП беше востановен пред точно пет години од страна на Агенцијата за катастар на недвижности и се одбележува секој 24 февруари. Сепак годинава, по тој повод, на 21 и 22 февруари се одржува дводневна меѓународна конференција. Повеќе гости од земјава и регионот, но и пошироко, ги презентираат и разговараат за актуелните трендови во областа на инфраструктурата на просторни податоци и европската зелена агенда во нивните земји, но и на пошироко, светско ниво.

Претседателот на Советот на НИПП, Фатмир Битиќи, во обраќањето истакна: „Имајќи во вид дека Националната инфраструктура на просторни податоци овозможува меѓусебно комбинирање на податоците од различни извори и создавање на нови информации, нивната моќ станува уште поголема. Овие информации се значајни како за економијата така и за општеството. Тие се клучен фактор за креирање политики, особено во борбата против климатските промени, намалувањето на загаденоста на воздухот во урбаните средини и подобрување на транспортната инфраструктура.

Трендот на земјите членки на Европската унија по однос на податоците е насочен кон нивно отворање. На нашата држава како земја кандидат за членка во Европската Унија ѝ претстојат обврски за транспонирање на директивата за отворени податоци во националното законодавство“.

Од формирањето на НИПП, до денес, АКН постојано се залага за примена на нови технологии, стандарди и услуги, што јасно го покажува и НИПП гео-порталот. Тој овозможува брз, автоматизиран и непречен пристап до просторните податоци, како и нивна интероперабилна размена. Ги интегрира просторните податоци од сите државни институции во едно централизирано место од каде тие се достапни за користење до сите корисници во и надвор од Република Северна Македонија.

Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова во своето излагање посочи дека: „Министерството за животна средина и просторно планирање од самиот почеток е активно вклучено во воспоставувањето на Националната инфраструктура за просторни податоци, засилено инвестира во развој на ВЕБ ГИС апликацијата за прибирање, обработка и презентирање на геопросторните податоци од делокругот на работењето на Министерството, а оваа година обезбеди средства за изработка на ВЕБ базиран информативен систем и интегрирање на геопросторните податоци во гео-дата база согласно INSPIRE директивата.

Целта и предизвикот на Министерството за животна средина и просторно планирање е да се овозможи побрза и поефикасна обработка на доспеаните барања што се однесуваат за просторна идентификација, издавање на мислења, одобренија, дозволи и и да се олесни јавниот пристапот до податоците поврзани со заштитата и следењето на животната средина.

Агенцијата за катастар на недвижности ги координира НИПП активностите во кои учествуваат државни институции, членки во националната инфраструктура на просторни податоци. На граѓаните, органите на државната управа и јавниот и приватниот сектор им се на располагање податоците објавени на НИПП геопорталот.

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Борис Тунџев сподели дека: „Благодарение на учесниците од регионот па и пошироко, годинешната конференцијата НИПП ден 2024, добива меѓународен предзнак. Оваа година, конференцијата е можност да се сретнат колегите кои посветено работат на развивање на националната инфраструктура на просторни податоци во своите земји и да ги разменат сопствените искуства.

Искуството пак, кое во оваа област го има АКН, се базира на улогата која ја има како национален координатор. Покрај добрата координација, успехот во НИПП зависи и од податоците објавени на геопорталот и од условите за нивно користење.

Отворените податоци ги зголемуваат перформансите и транспарентноста на институциите од јавниот сектор. Тие создаваат значителна вредност за општеството во целина, влијаат на нашиот секојдневен живот и се двигател на економскиот раст“.

Одржана VII седница на Советот на НИПП На 11 декември 2023 година се одржа седмата редовна седница на Советот на НИПП. С...
13/12/2023

Одржана VII седница на Советот на НИПП

На 11 декември 2023 година се одржа седмата редовна седница на Советот на НИПП. Со неа претседаваше претседателот Фатмир Битиќи, Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции.

Степенот на реализација на активностите од годишната програма на НИПП за 2023 година беша тема на седницата. Резултатите се содржани во Годишниот извештај за реализација, кој беше усвоен од Советот. На дневен ред беше и Предлог-годишната програма за НИПП за 2024 година. За неа, Советот се произнесе позитивно и ќе биде доставена до Владата на донесување.

Значаен дел предвиден во програмата за 2024 година е изработката и публикувањето веб-услуги за преглед и преземање податоци од националниот НИПП-геопортал. Објавувањето на поголем број веб-услуги од страна на НИПП-субјектите ќе придонесе за збогатување на содржината на националниот НИПП-геопортал.

Советот ја усвои и Предлог-уредбата за формата и содржината на Регистарот на збирки на просторни податоци, обврска произлезена од Измените и дополнувањата на Законот за НИПП на Република Северна Македонија.

Советот беше известен за одржувањето на веќе традиционалниот „Ден на НИПП“, во февруари. Следната, 2024 година, се планира регионален настан, кога претставници на НИПП на национално и на регионално ниво, ќе ги разменат новините, достигнувањата, искуствата и размислувањата за НИПП.

АКН учесник во билатреларниот скрининг за „Поглавје 27 - Животна средина и климатски промени“Агенцијата за катастар на н...
07/07/2023

АКН учесник во билатреларниот скрининг за „Поглавје 27 - Животна средина и климатски промени“

Агенцијата за катастар на недвижности како носител на ИНСПИРЕ директивата учествуваше на билатералниот скрининг на едно од најкомплексните поглавја, „Поглавје 27 - Животна средина и климатски промени“, дел од Кластер 4: „Зелена агенда и одржлива поврзаност“. Скринингот се реализираше во Брисел во прериодот од 3 до 7 јули 2023 година, на кој претставниците од Европската комисија беа информирани за состојбите во животната средина во нашата држава и предизвиците со кои се соочуваме.

АКН го презентираше Законот за националната инфраструктура на просторните податоци, неговата имплементација, степенот на усогласеност со ИНСПИРЕ директивата и идните планови за целосно усогласување. Од страна на претставникот на Европската комисија беа дадени позитивни коментари за разбирањето на ИНСПИРЕ директивата и постигнатите резултати, со нагласување на потребата од воведување на „отворени податоци“.

Агенцијата за катастар на недвижности доби покана да учествува во работата на ИНСПИРЕ работната група во својство на набљудувач, заради поблиска информираност со активностите кои се реализираат во Европската унија во оваа област.

Нови искуства за Националната инфраструктура на просторни податоциВо рамките на проектот „Соработка за дигитална демокра...
11/11/2022

Нови искуства за Националната инфраструктура на просторни податоци

Во рамките на проектот „Соработка за дигитална демократија“, кој содржи 5 компоненти, а кој го спроведува македонската Агенција за катастар на недвижности и Лантматериет од Шведска, делегација на НИПП компонентата ја оствари предвидената студиска посета на Шведска. Целта на оваа посета беше да се согледаат можностите за подобрување на координацијата на Националната инфраструктура на просторни податоци, да се споредат актуелните состојби во двете земји и да се планира натамошниот развој во нашата држава, како во врска со ИНСПИРЕ директивата, која е заснована на инфраструктурата на просторните податоци, така и кон целосно согледување на можностите и важноста на комуникациите во однос на соработката која ја остварува НИПП.

Во богатата агенда на средби, презентации и разговори, прва беше посетата на Геолошкиот завод во Упсала. Покрај презентацијата за состојбите и работата на Геолошкиот завод, посебен осврт беше направен на доставувањето на податоците до националната и меѓународната инфраструктура на просторни податоци, за сегашната нејзина состојба и планираната иднина.

Во Јавле, каде што е сместено седиштето на Лантматериет, покрај деталното запознавање со работата на шведскиот катастар, посебен осврт беше даден на искуството со ИНСПИРЕ имплементацијата во Шведска, моделот на дистрибуција на податоците во Шведска, бизнис моделот и развојот на Лантматериет, како и комуникациите во рамките на НСДИ. Беше презентирана шведската Стратегија за НИПП за 2021-2025 година, бизнис моделот за НИПП, имплементацијата на отворените податоци, секојдневната комуникација со НИПП субјектите, како и статусот со имплементацијата на ИНСПИРЕ директивата во Шведска и актуелното ажурирање на регулативите.

Центарот за грижа за корисниците беше посебно интересен како модел на интеракција помеѓу вработените во Лантматериет и корисниците. Добро развиената процедура дава одлични можности да се добие секој вид на потребна информација и насока за спроведување на потребните активности за остварување на секое барање на граѓаните кои имаат потреба од услугите и информациите на Лентматериет.

Последната средба беше организирана со претставниците на општината во рамките на Стокхолм, Упландс Васби, која исто така предизвика голем интерес, затоа што ја отсликуваше практичната имплементација на соработката помеѓу општините во однос на аерофотограметриските податоци како и улогата во дигитализацијата и инсфраструктурата на просторните податоци.

За претставниците на Националната инсфраструктура на просторни податоци од Република Северна Македонија, ова искуство е од непроценлива важност за понатамошното унапредување на сопствените капацитети, стратегии и воопшто во креирањето на просторните податоци кои се од корист за целокупното општество.

Претседателот на Советот на НИПП, г. Фатмир Битиќи, се обрати на денешната меѓународна конференција „95 години геодетски...
13/10/2022

Претседателот на Советот на НИПП, г. Фатмир Битиќи, се обрати на денешната меѓународна конференција „95 години геодетски премер и 75 години Геодетска управа“, во организација на Агенција за катастар на недвижности на Република Северна Македонија.

Скопје, 13 октомври.2022 година, хотел „Александар палас“

ИЗРАБОТКА НА НОВА СТРАТЕГИЈАКако дел од планираните активности во проектот „Соработка за дигитална демократија“, во орга...
14/03/2022

ИЗРАБОТКА НА НОВА СТРАТЕГИЈА

Како дел од планираните активности во проектот „Соработка за дигитална демократија“, во организација на Агенцијата за катастар на недвижности и шведскиот катастар Лантматериет на 8 март 2022 година се одржа работилница на тема „НИПП-стратегија 2023-2025“.

Првата сесија од работилницата беше посветена на дефинирање на новите НИПП-стратешки цели и приоритети. Во втората сесија од работилницата учесниците дискутираа и заеднички ги определија активностите преку кои ќе се реализираат дефинираните статешки цели.

Активното учество на претставниците од сите субјекти во НИПП за време на работилницата значајно придонесе за креирањето на правците при развојот на новата тригодишна Стратегија за НИПП.

НИПП ДЕН 2022Денеска, е Денот на Националната инфраструктура на просторните податоци во Република Северна Македонија. Ов...
24/02/2022

НИПП ДЕН 2022

Денеска, е Денот на Националната инфраструктура на просторните податоци во Република Северна Македонија. Ова е трета година како Агенцијата за катастар на недвижности, на 24 февруари го одбележува овој ден.

И годинава, во рамките на НИПП денот, се одржа онлајн конференција на која се говореше за актуелните состојби со Националната инфраструктура на просторните податоци во нашата држава, но беа споделени и меѓународни искуства.

Од формирањето на НИПП, до денес, АКН постојано се залага за примена на нови технологии, стандарди и услуги, што јасно го покажува и НИПП гео-порталот. Тој овозможува брз, автоматизиран и непречен пристап до просторните податоци, како и нивна интероперабилна размена. Ги интегрира просторните податоци од сите државни институции во едно централизирано место од каде тие се достапни за користење до сите корисници во и надвор од Република Северна Македонија. Геопорталот досега бележи 11285 корисници, 51759 кликови, 46 електронски нарачки од корисници преку е-комерц услугата и 22 нарачки од страна на министерствата.

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Борис Тунџев сподели дека: „Од март оваа година се планира изработката на новата стратегија за НИПП за периодот 2023-2025 година. Фокусот на стратегијата ќе биде насочен кон развивање на НИПП бизнис моделот кој треба да предложи начин на финансиска одржливост на податоците и услугите, како и нови механизми за зголемување на бројот на податоци и искористеност на веб сервиси“.

Агенцијата за катастар на недвижности ги координира НИПП активностите во кои учествуваат 20 институции, членки во националната инфраструктура на просторни податоци. На граѓаните, органите на државната управа и јавниот и приватниот сектор им се на располагање за користење податоците објавени на НИПП геопорталот.

Претседателот на Советот на НИПП, Фатмир Битиќи, со видео обраќање го поздрави собирот и истакна дека: „Фокусот на НИПП во 2022 година ќе биде насочен кон подигнување на јавната свест и разбирање на визијата, концептите и придобивките од НИПП, креирањето метаподатоци, изработката на веб-сервисите за преглед на податоците и нивно публикување на националниот геопортал, како и кон создавање на технички предуслови за непречено функционирање на геопорталот“.

ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА ЗА НИПП БИЗНИС МОДЕЛНа 25 јануари 2022 година беше одржана работилница насловена како „НИПП Бизнис м...
26/01/2022

ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА ЗА НИПП БИЗНИС МОДЕЛ

На 25 јануари 2022 година беше одржана работилница насловена како „НИПП Бизнис модел“. Работилницата беше организирана во рамките на Проектот „Соработка за дигитална демократија“ и на неа учествуваа претставници на Агенцијата за катастар на недвижности, Субјектите во НИПП и претставници на Лантматериет.

Во самиот вовед на отварањето на конференцијата беше даден осврт на досегашните активности. Дефинирињето на содржината на табелата со податоци на работилницата во мај минатата година, во декември пак на втората работилница, насловена како „Бизнис модел-почетни активности” беше презентирана нацрт верзијата на бизнис моделот, кој би требало во иднина да биде усвоен и да биде македонски НИПП бизнис модел.

На денешната работилница, од страна на АКН беше прикажан напредокот во потполнувањето на табелата со информации кои треба да претставуваат основа за изработка на бизнис модел за нашата Национална инфраструктура на просторни податоци. Креирани се повеќе теми кои треба да бидат потполнети од сите Субјекти во НИПП, како што е темата на збирката на просторни податоци, името на податокот, одговорен субјект, тип на корисник, дали е потребно официјално барање за да се добие податокот, дали за податокот и за неговото користење се плаќа надоместок согласно регулативата, понатаму типовите на лиценци, примена на ограничувања во однос на користењето на збирките на просторни податоци и на крај име на регулативата со која се ограничува користењето на конкретниот податок. До сега се внесени околу 1200 редови со податоци, или поточно околу 200-300 идентификувани збирки на просторни податоци, што е голем исчекор во потполнувањето на регистарот на збирки на просторни податоци. Сепак, беше констатирано дека иако поголем број од субјектите одговориле на предизвикот, некои од субјектите до сега немаат потполнето никакви податоци.

Претставниците на шведскиот катастар го изнесоа своето мислење за напредокот на бизнис моделот до сега и кои чекори понатаму е потребно да се преземат за да се креира еден успешен НИПП бизнис модел. Беше поздравен големиот напредок во прибирањето на податоците и беа анализирани до сега прибраните податоци и тоа посебно според секој Субјект, во однос на секоја категорија дали е потребно барање, паричен надоместок и кои се условите за користење, дали постојат ограничувачки лиценци како СС0 или СС-BY. Според нив, бизнис моделот ќе ги дефинира целните групи, односно кои ќе бидат корисниците, како корисниците ќе имаат пристап до информациите, кои правила за користење ќе бидат поставени за податоците и основата на ценовниот модел. Вистинскиот пат за градење на бизнис моделот се заснова на три столба: пристапниот модел, што е договор меѓу имателите на податоци кој го дава одговорот на тоа како ќе се ракува со податоците, потоа моделот на лиценцирање кој е договор за употреба на податоците и на крај моделот за надоместок кој што е договор кој ги покрива финансиските потреби на субјектите.

Понатаму, со активности ќе се продолжи веќе во март 2022 година, каде ќе се сумираат досегашните активности и ќе се проговори за иднината на овој НИПП бизнис модел, односно како тој ќе функционира во иднина.

31/12/2021
ОДРЖАНА ПЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА НИПППеттата седница на Советот на НИПП се одржа на 9.12.2021 година во Владата на ...
10/12/2021

ОДРЖАНА ПЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА НИПП

Петтата седница на Советот на НИПП се одржа на 9.12.2021 година во Владата на Република Северна Македонија. Работата на седницата со која претседаваше претседателот на Советот - Фатмир Битиќи, Заменик на Претседателот на владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, беше реализирана според предложениот дневен ред.

На седницата беше разгледан и усвоен Извештајот за реализација на Годишната програма за НИПП за 2021 година. Потоа, беше резгледана и се поведе дискусија за Предлог-Годишната програма за НИПП за 2022 година. Во нејзината реализација ќе партиципираат шест субјекти во НИПП (Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за внатрешни работи, Агенција за катастар на недвижности, Агенција за планирање на просторот, Државен завод за статистика и Геолошки завод на Република Северна Македонија).

Советот донесе позитивно мислење за програмата, таа ќе биде доставена до Владата на Република Северна Македонија, каде ќе треба да биде усвоена. На седницата беше разгледан и прифатен предлогот доставен од страна на Министерството за внатрешни работи за измена на неговиот член во Работната група за институционални и правни прашања и градење на капацитети.

Address

Трифун Хаџи Јанев 4
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:30 - 16:00
Tuesday 08:30 - 16:00
Wednesday 08:30 - 16:00
Thursday 08:30 - 16:00
Friday 00:30 - 16:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Национална инфраструктура на просторните податоци на Северна Македонија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share