Уставен суд на Република Северна Македонија

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Уставен суд на Република Северна Македонија

Уставен суд на Република Северна Македонија Уставниот суд е орган на Републиката. Врши контрола на уставноста и законитоста, ги штити човековите права и слободи

📢Проф. д-р Ана Павловска-Данева: Интерпретативните одлуки се важен чекор кон развојот на современата уставно-судска прак...
14/09/2026

📢Проф. д-р Ана Павловска-Данева: Интерпретативните одлуки се важен чекор кон развојот на современата уставно-судска практика

Судијката на Уставниот суд, проф. д-р Ана Павловска-Данева, денеска учествуваше на конференцијата посветана на „Основни принципи на правото врз примерот на Основниот закон на Сојузна Република Германија и Уставот на Република Северна Македонија“.

Во своето излагање истакна 👇

📍За значењето на интерпретативните одлуки на уставните судови во европските држави, особено на Сојузниот Уставен суд на Германија, Уставниот суд на Италија, но и оние во регионов како уставните судови на Хрватска и Србија и изрази уверување дека Уставниот суд на Република Северна Македонија почнува (иако срамежливо) да чекори по патот на уставно-судската пракса во поразвиените демократии.

📍Неколку одлуки на македонскиот Уставен суд со кои се прави толкување на законските одредби во насока на тоа како тие треба да се читаат и применуваат од страна на редовните судови, а особено од страна на Законодавецот и извршната власт.

Павловска-Данева ја потенцираше транспарентноста на Уставниот суд и одличната соработка со медиумите за кои кажа дека се најревносните (покрај професорите по уставно право) следачи и аналитичари на работата на Уставниот суд.
Присутните го поддржаа зголемениот активитет на македонскиот Уставен суд.

🔗Настанот е организиран по повод основањето на Центарот за германско право при Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

#уставенсуд #конференција

https://ustavensud.mk/2026/07/%d1%83-%d0%b1%d1%80-64-2025-2/

Oбјавена е Одлуката на  #судот со која е укинато Упатството за уредување на постапката при решавање на барање за одобрен...
14/09/2026

Oбјавена е Одлуката на #судот со која е укинато Упатството за уредување на постапката при решавање на барање за одобрение за сеча во приватна шума, број 02-958/1 од 23.10.2015 година, донесено од директорот на ЈП „Национални шуми“ – Скопје.

Дел од аргументите содржани во Одлуката 👇

📌Oд анализата на Законот за шумите произлегува дека законодавецот ги уредил прашањата поврзани со ознаката за сеча, субјектите овластени да ја вршат, условите под кои се врши, како и случаите во кои не може да се издаде одобрение за сеча. Во таа насока, Законот за шумите јасно ги определува и органите надлежни за донесување подзаконски акти, при што овластувањето за уредување на одредени прашања со подзаконски прописи изречно му е доверено на министерот надлежен за работите од областа на шумарството, а не на органите на ЈП „Македонски шуми“.

📌 Во Законот за шумите не постои норма со која се овластува директорот или друг орган на ЈП „Македонски шуми“ да донесува упатства со нормативен карактер, со кои се пропишуваат услови, ограничувања или последици што директно задираат во правата и обврските на субјектите во постапката за издавање одобрение за сеча.

📌Во таа смисла, Статутот на ЈП „Македонски шуми“ не е правен основ за донесување на оспореното упатство, бидејќи ваквиот вид акт не може да воспостави надлежност што претходно не е утврдена со закон.

📌Особено значајно е што содржината на Упатството фактички воспоставува дополнителни услови за неиздавање одобрение за сеча, што не се предвидени со член 68 од Законот за шумите. На овој начин, со подзаконски акт се интервенира во материја што е исклучиво предмет на законско уредување, при што се прошируваат законските ограничувања без соодветна правна основа.

https://ustavensud.mk/2026/07/%d1%83%d0%b7-%d0%b1%d1%80-38-2025-2/

#уставенсуд #одлука

УЗ.бр.38/2025

Објавена е Одлуката со која Судот го укина член 6 став 6 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти📌Оваа о...
14/09/2026

Објавена е Одлуката со која Судот го укина член 6 став 6 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти

📌Оваа одредба, суштински овозможува утврдување правен статус (легализација) на бесправно изградени објекти на земјиште што е во сопственост на друго лице, без негова согласност.

Со иницијативата се оспорува член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти со кој е изменета содржината на член 6 став 6 од основниот текст на Законот.

Дел од аргументите на Судот содржани во Одлуката👇

📌Во конкретниот случај, законодавецот дозволил ограничување на правото на сопственост во корист на трето лице кое бесправно изградило објект, без да постои јавен интерес и без да се предвиди надомест за сопственикот. Ова упатува на заклучок дека станува збор за несразмерно и неуставно ограничување на правото на сопственост.

📌Оспорената одредба не воспоставува правичен баланс помеѓу интересите на сопствениците на земјиштето и лицата кои бесправно изградиле објекти. Напротив, со истата се ставаат во повластена положба субјектите на бесправно изградени објекти, што е спротивно на темелната вредност владеење на правото, утврдена во член 8 став 1 алинеја 3 и член 9 од Уставот. Владеењето на правото подразбира еднаква примена на законите и заштита на легитимно стекнатите права.

📌Со можноста за ретроактивно утврдување на правен статус на објекти изградени во минатото, без согласност на актуелниот сопственик, се создава состојба на неизвесност во правниот промет и во имотноправните односи со што се доведува во прашање и начелото на правна сигурност, како составен дел на владеењето на правото. Сопствениците не можат со сигурност да предвидат дали и на кој начин ќе можат да го уживаат своето право, што е спротивно на уставните стандарди за предвидливост и стабилност на правниот поредок.

📌Оспорената одредба создава нееднаква положба помеѓу различни категории сопственици, што е спротивно на член 9 од Уставот. Имено, сопствениците на земјиште што претходно било во државна сопственост, се доведуваат во понеповолна положба во однос на сопствениците на земјиште што отсекогаш било приватно, бидејќи во првиот случај се дозволува легализација без нивна согласност.

Оваа разлика нема разумно и објективно оправдување.

https://ustavensud.mk/2026/07/%d1%83-%d0%b1%d1%80-167-2025-3/

#уставенсуд #одлука

У.бр.167/2025

Објавена е одлуката со која Судот го укина член 37 став 1 во делот „родено на територијата на Република Северна Македони...
14/09/2026

Објавена е одлуката со која Судот го укина член 37 став 1 во делот „родено на територијата на Република Северна Македонија“ од Законот за заштита на децата

Од анализата на уставни и законски одредби во овој предмет произлегува дека со одредбата во која е содржан оспорениот дел се предвидува право на еднократна парична помош само за новороденче родено на територијата на Републиката, доколку еден од родителите е државјанин на Републиката.

Дел од аргументите содржани во Одлуката👇

📌од ова право на еднократна парична помош е исклучен родителот државјанин на Република Северна Македонија со место на живеење на територијата на Републиката непрекинато 12 месеци до денот на раѓањето, во случаите кога новороденчето е родено надвор од територијата на Република Северна Македонија. Оттука, според Судот, на ваков начин одредени граѓани се ставаат во понеповолна положба без постоење легитимна цел, објективно и разумно оправдување, со што оспорениот дел не е во согласност со правото на еднаквост и правото да се напушти територијата на Републиката коишто се предвидени со Уставот.

📌Според Судот, различен третман е дозволен само доколку постои објективно и разумно оправдување и мерката е пропорционална на целта, но, во конкретниот случај не постои легитимна цел што би оправдала исклучување од правото на еднократна парична помош на родителите чии деца се родени надвор од територијата на Републиката, што претставува несразмерна мерка.

📌За децата родени надвор од територијата на Република Северна Македонија чии родители се државјани на Републиката, местото на раѓање не е релевантно за стекнување на државјанство, согласно со Законот за државјанство.

#уставенсуд #одлука

У.бр.112/2025

🇲🇰🇲🇰Претседателот д-р Дарко Костадиновски упатува честитка до сите граѓани по повод 8 Септември- Денот на независноста н...
08/09/2026

🇲🇰🇲🇰Претседателот д-р Дарко Костадиновски упатува честитка до сите граѓани по повод 8 Септември- Денот на независноста на Република Северна Македонија

Независноста е избор направен во еден историски момент, тоа е нашата колективна гордост. 8 Септември е симбол за истрајноста и потсетник за сите генерации, посветено да придонесуваме за иднината на Републиката.

Љубовта кон татковината не се изразува само со почит кон минатото, туку и со одговорност кон сегашноста, преку почитување на Уставот, силни институции и доследно владеење на правото.

Денес, највисок чин на патриотизам е бескомпромисната посветеност на правната држава и на принципот дека правото мора да важи подеднакво за сите.

Нека ни е честит 8 Септември – Денот на независноста!

#уставенсуд #Независност #честитка #претседател

🤝Продолжуваат средбите на претседателот Костадиновски со граѓанитеПретседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновск...
03/09/2026

🤝Продолжуваат средбите на претседателот Костадиновски со граѓаните

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, денеска повторно оствари средби со граѓани, како дел од иницијативата за отвореност и директна комуникација со јавноста.

Граѓаните се интересираа за надлежностите на Судот, текот на постапките, предмети од јавен интерес и можностите за уставно-судска заштита на нивните права.

Со продолжувањето на овие средби, Уставниот суд останува отворен за граѓаните и посветен на транспарентно и непосредно информирање за својата работа.

За средба со претседателот Костадиновски, заинтересираните граѓани може да се пријават на [email protected], на +389 2 322 3626 или 070 332 139.

#уставенсуд #ГРАЃАНИ #средби

Средба Костадиновски-Шасивари: Институционалниот дијалог е клучен за унапредување на владеењето на правото🤝Претседателот...
20/08/2026

Средба Костадиновски-Шасивари: Институционалниот дијалог е клучен за унапредување на владеењето на правото🤝

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски и судијата проф. д-р Ана Павловска-Данева остварија средба со министерот за правда проф. д-р Јетон Шасивари. Во фокусот на средбата беа повеќе актуелни прашања од областа на уставноста, законитоста и функционирањето на уставно- правниот систем.

Меѓу темите за кои се разговараше беа извршувањето на одлуките на Уставниот суд, законските механизми поврзани со нивното извршување, како и решенијата што се разгледуваат во рамки на подготовката на новиот Закон за судовите и Кривичен законик.

Повеќе информации прочитајте https://ustavensud.mk/2026/08/%d1%81%d1%80%d0%b5%d0%b4%d0%b1%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b4%d0%b8%d0%bd%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%88%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%b2%d0%b0%d1%80%d0%b8-%d0%b8%d0%bd%d1%81%d1%82%d0%b8/

#уставенсуд #средба #Соработка

Во врска со соопштението на Судскиот совет на Република Северна Македонија и Здружението на судии, Уставниот суд упатува...
12/08/2026

Во врска со соопштението на Судскиот совет на Република Северна Македонија и Здружението на судии, Уставниот суд упатува на член 112 став 3 од Уставот, според кој „Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни“, како и на член 89 став 2 од Актот на Уставниот суд, кој уредува дека „Одлуките со кои Судот утврдил повреда на слободите и правата утврдени со член 110 алинеја 3 од Уставот, ги извршува органот или субјектот што врши јавни овластувања што го донел поединечниот акт, односно го презел дејствието кое Уставниот суд со одлука го забранил“. Дополнително, согласно со член 85 став 2 од Актот на Судот, „Одлуките на Уставниот суд се извршуваат без никакво одлагање“.

Во оваа насока е и член 91 од Актот: „Врз основа на претходно добиени податоци и известувања, Уставниот суд може да донесе посебно решение со кое ќе утврди дека неговата одлука не е извршена и ќе го извести надлежното јавно обвинителство, како и органот што го именувал или избрал раководителот на органот или телото што не ја извршило одлуката на Судот“.

#уставенсуд #Устав

Појаснување во врска со извршувањето на одлуките на Уставниот суд

❗️Судот го извести Обвинителството и Судскиот совет дека судија oд Основниот граѓански суд не извршил одлука на Уставнио...
07/08/2026

❗️Судот го извести Обвинителството и Судскиот совет дека судија oд Основниот граѓански суд не извршил одлука на Уставниот суд за слободи и права-за прв пат применет механизмот за заштита на сопствените одлуки

Уставниот суд на 24 септември 2025 година утврди повреда на слободите и правата коишто се однесуваат слободата на јавно изразување на мислата на Наташа Стојановска сторени со две пресуди (едната од Основниот граѓански суд Скопје од 15.06.2022 и втората од Апелациониот суд Скопје од 19.12.2024 година) и го уважи барањето на подносителката.

На 22 мај 2026 година, полномошникот на подносителката, адвокатот Филип Медарски го извести Уставниот суд дека пресудата за предметот БЗСП.бр.8/2025 не е извршена(не е земена предвид), бидејќи предлогот на подносителката Стојановска за повторување на постапката во Основниот граѓански суд е отфрлен.

По ова известување, судиите на работен состанок одржан на 15 јули 2026 година, со мнозинство гласови, одлучија да се донесе посебно решение со кое ќе се утврди дека Одлуката на Уставниот не е извршена.

Потоа, на седницата која се одржа на 22 јули 2026 година, Судот го донесе Решението во кое констатира дека Одлуката БЗСП.бр.8/2025, не е извршена. Ова е констатирано по детален увид на Решението П4-240/22 од 4 мај 2026 година донесено од судијата кој постапувал во предметот, во Основниот граѓански суд Скопје.

Уставниот суд утврди дека првостепениот (Основниот граѓански) суд се повикал на одредбите од Законот за парничната постапка, навел дека Одлука на Уставниот суд не може да биде основ за повторување на постапката како нов факт или доказ, но пропуштил да ги земе предвид уставно утврдените правни карактеристики и правно дејство на одлуките на Уставниот суд, односно нивната конечност, извршност и општа задолжителност, со што во суштина не ја извршил Одлуката на Уставниот суд.

Уставниот суд смета дека ваквите случаи треба да се согледуваат низ призмата на целовитоста на Уставот, особено на непосредната уставно-судска заштита кои ги уживаат правата предвидени во член 110 алинеја 3 од Уставот.

Дополнително, во Основниот граѓански суд веќе имало воспоставено пракса да се земаат предвид одлуките на Уставниот суд кои се однесуваат на заштитата на слободите и правата. Имено, по донесувањето на Одлуката на Уставниот суд У.бр.146/2021 од 12 јули 2023 година, Основниот граѓански суд Скопје, одлучувал по предлог за повторување на постапката во правосилно завршениот предмет МАЛВП-705/20 од 14.04.2021 година, ја прифатил наведената одлука на Уставниот суд како нов факт и нов доказ и како основ за повторување на постапката согласно со член 392 став 1 точка 9 од Законот за парничната постапка.

Ваквиот пристап подоцна бил прифатен и од Апелациониот суд Скопје со Решението ГЖ-118/24 од 07.11.2024 година.

Оттука, Уставниот суд оцени Основниот граѓански суд за Наташа Стојановска, не овозможил остварување на уставните слободи и права на подносителката иако истите биле утврдени со Одлуката БЗСП.бр.8/2025 на Уставниот суд.

❗️ Конечноста и извршноста на одлуките на Уставниот суд се заштитени и со кривично-правни санкции во случај кога не се извршуваат.

Ова кривично дело, вклучувајќи го и прашањето дали постои одбивање за извршување и кривична одговорност на определено лице, спаѓа под ингеренции на надлежното јавно обвинителство и надлежниот суд.

🔗Уставниот суд за прв пат во овој случај го примени новиот механизам за извршување на одлуките предвиден со Актот на Судот кој стапи во сила од септември 2024 година.

Предметот по кој одлучуваше Уставниот суд и утврди повреда на слободите и правата на Наташа Стојановска се однесува на настаните во Собранието на Република Северна Македонија од 27 април 2017 година.

Подносителката, како акредитиран новинар на Телевизија „24 Вести“, била присутна во зградата на Собранието со задача да известува за изборот на нов претседател на Собранието, како прашање од изразен јавен интерес. По насилниот упад во собраниската зграда, таа била изложена на закани и заплашување и била спречена да ја врши новинарската задача, притоа не била обезбедена соодветна заштита од надлежните државни органи.

#уставенсуд #решение #ЈавноОбвинителство #судскисовет #извршување

🔎Дознај факти: Со кои институции соработува Уставниот суд?Преку овие партнерства  Судот ја зајакнува својата меѓународна...
04/08/2026

🔎Дознај факти: Со кои институции соработува Уставниот суд?

Преку овие партнерства Судот ја зајакнува својата меѓународна и институционална поврзаност, со постојана размена на знаења, искуства и добри практики во областа на уставното судство.

#дознај #факти од #уставенсуд

Address

Кеј „Димитар Влахов“ бр. 19
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Уставен суд на Република Северна Македонија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category