Движење за демократија, права и слободи

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Движење за демократија, права и слободи

Движење за демократија, права и слободи ДПС-движење за демократија права и слобода

25/12/2021

Христос се роди!
Честит Божиќ на сите припадници на Католичката црква, но и на сите христијани коишто прославуваат според Грегоријанскиот календар.
Посакувам многу здравје, успеси и убави моменти на Вас и на Вашите семејства.

09/08/2021

На овие високи температури ве молиме не заборавајте на животните кои се надвор по тропските горештини, малку повеќе вода и многу малку храна, ве молиме.
Со почит,
ДПС

Скопје се сеќава..Во спомен на жртвите од катастрофалниот земјотрес.26.07.1963.
26/07/2021

Скопје се сеќава..
Во спомен на жртвите од катастрофалниот земјотрес.
26.07.1963.

1.Поставување на тактилни патеки за лицата со нарушена визуелна перцепција, оптимизацијата на јавниот превоз, изработкат...
28/06/2021

1.
Поставување на тактилни патеки за лицата со нарушена визуелна перцепција, оптимизацијата на јавниот превоз, изработката на тактилни мапи од просторот на градот. инклузија во институциите на лицата кои на терен ќе работат односно изучуваат лица со нарушена визуелна перцепција како да користат бел стап.

2.
Пристапни рампи за лица со телесен инвалидитет, во сите институционални, угостителски, културни, спортски објекти или други намени.
2.1
Донесување правилник за непречено движење и пристап за хоризонтално и вертикално движење со помош на рапи, (електрични мотори) лифтови, држачи и слично.
2.2
Дел од посебна патека со ниски рабници за комплетно непречено движење на лицата со телесен инвалидитет или специјлни возила.
Со закон да се донесе уредба на градби со намена за лица со инвалидитет и одредба каде при градење станови во згради, објекти, кои имаат најмалку 10 станбени единици еден ќе биде проширен за да може да биде адаптиран за пристап на лица со инвалидност, односно ќе има три проценти паркинг-простор одбележан пред тие згради, сите рабници ќе бидат спуштени и приспособени за движење

3.
Целосна инклузивност и признавање на знаковниот јазик за официјален јазик во република Северна Македонија.
Знаковниот јазик е природен начин на комуникација и ги има истите јазични својства, иако е структурно различен од говорниот јазик, затоа заслужува да го добие истото законско признавање и да добие еднаков статус со говорниот јазик. Уредбата на законот за употреба на знаковниот јазик е првиот чекор за остварување на правата на глувите лица, на еднаква основа со сите останати во општеството. уредување на правото за употреба на знаковниот јазик, глувите лица имаат право на употреба на знаковниот јазик како странка или учесник во постапките пред и во државните органи, органите на локалната самоуправа, правосудните органи, јавните претпријатија и установи, агенции и други институции и организации.

4.
Поставување на јавни тоалети во сите општини во целата држава.

5.
Формирање на комунална полиција.
5.1 Формирање на единица во рамки на комуналната полиција за заштита на животните, Одговорност утврден со закон за лицата кои вршат агресија или друг вид на злосторства врз животни.

6.
Формирање на градски театар.

7.
Враќање на сјајот на Скопски фестивал и поголемо учество на локалната власт во поддршка на останати манифестации на пример: Макфест, Охридски трубадури, Валандово фест, Хид бах шен во село Чаликлија Валандово, фестивал на босанската заедница во Оризари Велес, Велешка питијада, Фестивал на Живи статуи Скопје, Рома фест- Куманово, Недела на хрватска, влашка, култура и мн други останати фестивали низ градовите....

8.
Викенд, со забрана за управување возила во централните делови на градовите ( освен за лица со специјална потреба и намена)

9.
Временски неограничена субвенција при купување на велосиспед, тротинет или други слични еколошки превозни средства.

10.
Временски неограничена субвенција на соларни панели и фото волтаични системи за домакинства.

11.
Поставување на посебни паркови за домашни миленици во сите општини и локални заедници.

12.
Со закон да се регулираат правата на авторите, соработка на агенција за заштита на авторски права и ЗАМП со пазарен инспекторат под надлежност на општините и локалните заедници за заштита на авторски права на уметниците, угостителски објекти.

Со почит,
Движење за демократија, права и слобода

13/06/2021

Честитки за борбената, тимска и храбра игра.
Пред нас се два нови натпревари, нови можности за победа, главата горе јунаци.
Вие сте наши херои!
Одиме заедно до нови победи и радости.
🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰

13/06/2021

Навиваме сплотени и силно, од срце за македонската репрезентација!
Горди сме на вас!
За радост!
За победа!
За заедништво!
🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰
#СегаЕНашеВреме
#ВиеСтеНашитеХерои

Address

Skopje
1000

Telephone

+38975434434

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Движење за демократија, права и слободи posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Движење за демократија, права и слободи:

Share